И јас бев во неделата во Шутка и освен едни исти џемперчиња друго ништо не видов. Едни исти џемпери на секоја тезга. Имаше од 300,500,600. Единствено најдов две дуксерчиња и тоа ми ги даде за 350 ден. 2та. Не се жалам, убави ми се. Тезгата е збутана и тоа е во тој да го кажам помалиот пазар. Кога ќе одите од почеток во првиот тој помалиот. И да боди си купив. 2 за 150. Имаше и едни маички никакви, а имаше нешто и од старата колекција на џемпери.
Имам некои работи... Ефтини пар фармерки, долна облека (боди) и летни маици. Ценам квалитет, а тоа Шутка не го дава..
Ретко. Сега последен пат што бев... Пред 6-7 месеци,може и повеќе. Купувам фармерки, некоја блузичка, и штикли од таму. За тоа ми е само шутка. Штикли исти во град ќе ги најдеш тродупло поскапо.
Купувам гаки ,боди и понекогаш ташни ако најдам убави ,зашто истите работи ги има во центар а се 3 пати поскапи. Овој период има некои работи што и не се толку ефтини така да не се исплаќа да се оди зашто може да се вратите со празни раце.Инаку јас често одам натака зашто преку работа одам на терен да речеме 2 ,3 пати неделно така да ги знам цените и може слободно да ви кажам отприлика даЛИ може да најдете нешто интересно и по која цена
Сум купувала, и тоа многу..и веќе долго време ги носам истите тие работи. Не знам кога се случило во град, секоја маичка да е спакувана во посебен целофан, значи специјално за блузата. Робата, е иста и во бутиците. Знам, ние држевме бутик, па затоа знам како идат тие работи, и како се шверцува . Но дека самото место е гнасно, тоа е факт, затоа после пазарување, се купено го перам и по 2 пати пред да го облечам. А сега, некако ги набиле цените, иако имало и денови, пример 2 последователни дена а разлика во цените огромна. Убаво е за шопинг доколку не ти се даваат многу пари, незнам, можеби вака мислам зошто знам како иде тој бизнис.
До сега сум била двапати. Првиот пат ништо не купив, ми беше грозно, гужва, прлјаво... Вториот пат си купив летни папучи на штикла и се заеб... Скај еден, на изглед ОК, на нога во лето и тоа за 800 ден. (демек ми попушти од 1000). А после две недели си купив кожни (баш кожни, не еко кожа) летни папучи на штикла, гром, за неверојатни 500 ден!! Од продавница, мак. производство (Биана), трето намалување (од 1600 на 1000 па на 500). И веќе не ми паѓа на памет да одам во Шутка. Па во Калиопе маички на прерамки беа 190 ден! Во Шутка 250?? А бе ај... да има голема разлика, па да тепа човек пат до таму. Вака, нека им седи робата, претераа со цените.
СД ве П сте виделе ли во Шутка да продаваат од чевлите/чизмите што ги има во Трафик оние со шаренки кутии и зелена торбичка МИА? Бендисав едни чизми па викам да не се таму двојно поефтини
Јас до сега не сум била во Шутка, наредна прилика идење во Скопје сакам да видам како се движат цените таму
Јас сум била повеќе пати, ама не секогаш сум купила нешто. Многу често ми се случува некоја моја познаничка да си дојде од шутка со полни ќеси со преубава гардероба и кога ќе ја прашам за цените паѓам во несвест од чудење колку е ефтино. Арно ама, ќе се решам јас да одам, фаќам 19, стигнувам во Шутка, ќе шетам три саати и нема ништо да најдам, па се враќам дома едвај со некоја ташничка или каиш. Се чудам како може скоро секогаш ништо убаво да не најдам, ај да речеш нема убава облека, ама сум видела толку многу познанички што се вратиле од таму со преубави алишта. Значи не е до тоа. До мене ќе да е. Изгледа голем малер сум
Ме интересира како се движат цените за викенд..Дали за викендот ги покачуваат бидејќи доста гужва има тогаш. Ќе одам во Ск во четврток ама ќе нема време да поминам и таму, па евентуално ќе треба петок или сабота..ќе ме фати викенд
До сега имам идено 3 пати во Шутка и искрено да ви кажам пак би отишла.Гардеробата што ја има таму ја има и по бутициве,само со повисока цена е во бутиците,така да исто ми се фака од каде ке купам.Само после купување од Шутка мајка ми не знам колку пари даде за прашок и омекшивач хахах најмалку 3 ги пери алиштата гад ме е да ги носам,ми имаат некој чуден мирис...(а тоа може само така ми се причинува,оти знам од каде се мош и до тоа да е..)
За цените 100% се сложувам чист пример : една моја другарка си купи блуза од бутик од Прилеп со цена 700 денари а јас истата ја видов во Шутка со цена 450 денари . Епа сега не е мала разлика да си додадеш уште 150 денари две блузи ќе си купиш и ќе си ги менуваш. И да продолжиш да си купуваш ќе си ги периш неколку пати пред да ги носиш и немаш гајле
Феминки и јас сакам да одам во Шутка. Каде да се качам во 19? Каде ги пробувате фармерките, блузите... ако е тоа пазар и има тезги или има и продавници?
Да има и продавнички од десна страна.А за автобусот мислам дека е 19-ка ама има уште еден што оди.Дали 20-ка беше,несум сигурна.Да не те излажам не ме држи за збор...
Никогаш не сум била во Шутка бидејќи не сум од Скопје не сум имала прилика да одам. Се надевам дека ќе појдам и ќе си купам нешто. Имам слушнато дека многу било поевтино и имало убави работи.
Сум била 2 пати во животот , првиот пат кога правев полуматура си купив чанта од 150 денари а последен пред 1 месец , кога ме фати еден дожд со другарка ми а и плус трудна па трчај криј се под тезгите ама убаво се изнакупував чизми - 500 денари , 1 плетена блуза - 350 денари , пантолони - 400 денари , две други блузи - по 400 денари , хеланки црни - 200 денари , боди - 2 за 150 , јакна 700 денари..одвај се однесов до дома бев со 19 а се вратив со 20 така мислам беше и беше сабота имав слушнато тогаш има највеке тезги отворени..
Јас не сум била, но баш би сакала да отидам. Сестра ми оде одвреме навреме и ми има купено многу убави работи, кои буквално не се разликуваат од бутиците, освен што имааат пониска цена. И не гледам ништо лошо во тоа да се пазарува од овде . За 2000-3000 ден. невиден шопинг си направеш
Искрено сум била во шутка еднаш само и не би отишла повторно барем во денешно време има продавници баш за сечиј вкус и џеб така да нема потреба,а и далеку ми е шутка и плус слушнав дека фармерките ги поскапеле и со тие пари можеш да си купиш фармерки и во бутикче некое имам другарки што често идат па ме известуваат.