Луѓе, значи немате поима како сум се изнервирала. Пред месец-два си купив една убава цветна кошулка, памучна од некое бутиче во ГТЦ и беше мислам 650 и тоа на намаление, претходно била 900 и нешто. И добро. После месец дена бев во Кисела Вода да си купам прслуче и кога се враќав накај Центар, има како едно сокаче, уличка се врти и еден Ром продаваше кошулки, рамбовки, шорцеви, ова она.. баш на пакување беше. И кога, си ја здогледав мојата кошула! И викам на мајка ми, не јас морам да видам колку пари е, ќе видиш колку е поефтина ти што не сакаш да купуваш од Шутка, Бит Пазар.. Викаш вакво е такво е. И човеков ни вика 350 денари, ќе ви ја дадам за 300. Абре, мука ме фати да ви кажам право. Дури греота ми беше човеков, буквално не молеше да му купиме. А сите луѓе си мислат ако купат од ГТЦ, или од Рамстор дупло поскапо истата работа се како фаци нешто, а ако отидат во Шутка тоа е срамота? Се ми се чини дека некој да види како Ром продава некоја фина кошулка, ќе рече аа како да не, види каква е грда, па одозгора од Шутка, а да ја види ИСТАТА таа во некој 'поелитен' бутик за 1500, одма ќе се залета да ја купи, леле-леле, какво парче, морам да го имам! Ахх бе, до кога вака..
Бил ли некој деновиве до Шутка да ми каже дали има убави штикли...не можам да најдам некои убави, за матура ми требаат
Има доста голем избор барем според мене,можеш да отидеш да видиш,ништо нема да изгубиш напротив може и нешто плус ќе си купиш.
Така е, бев и си купив преубави штикли за 1200 денари. Истите ги видов низ град 1600, се заљубив во нив на прв поглед хахах ама немаше бројче. Ете во Шутка ги најдов и многу сум си среќна
На првата автобуска во шутка кога ќе се симнеш само продолжи право после десет метри ќе видиш многу ташни, а карши неа има уште 2 за ташни и каиши ама тие се малце поскапи
Јас вчера бев на Шутка ништо посебно не водов,ништо не си купив. Мезалуна вакви фармерки не видов се повеке беа во боја,жолти,црвени,и тесни цигаре се едно исто на сите тезги.
Вакви шорцеви во Шутка има ли? И цена по можност Или пак слични на овие, само некоја нежна боја ми треба.
Елегантни кремави панталони уз тело, онакви со копчиња кај колковите што се, знаете за кои зборам, која цена се? Се наоѓаат за 600?
Знам за кои збориш,да има и се негде 600 или 700 ден.! Ама не видов кремави туку кафеави,плави,црвени..! (можеби има и кремави)
Вчера во Шутка во една продавница имаше и денеска можеби има се по 300 денари фустачињата што беа 800 маиците што на друго место во Шутка се 800 таму се 300 денари.
очигледно е истата за која ви зборев дека претходно беше се по 400. лелеее сега ли најдоа такви попусти, па немам пари моментално