леле јас се одам одам, никако да отидам со времево Cноу пошти ти си секој ден таму на шопинг , дај жити се кажи дали паднаа цените на обични салонки, ниски не оние на плута, немам 1 пар за преку ден A не ми се дава 1200-1500 за обична дневна салонка
Јас во четвртокот цела шутка сум ја поминала Којзнае од кога не сум била па се решив да видам што има. Лудо за салонка зависи каква и каде бараш. Има триста продавници за чевли и некои си се занесуваат со цени а кај некои за многу поволна цена можеш да најдеш. Така да нека се затопли па најубаво помини си ги продавниците за чевли, сигурно ќе најдеш Инаку во една продавница си најдов римјанки за 450 ден, и тоа беа поскапите во истата поефтините од 350 ми беа точни во должина ама за поширока нога се, а јас тесно ноџе си носам Лесна летна чевла е и оддамна сакав, ама каде и да сум видела во град околу 1000че биле, а толку пари за римјанки не ми се даваат. Е многу убави работи сум си купила, мераци. Кога ќе можам ќе ви ги сликнам
Денес каде не прошетав.Си викам ајде да видам што има и во шутка.Леле луѓе што не си искупив сите пари си ги потрошив,сеа ќе си свирам на мандолина ... Еве како се движеа цените денес -фармерки 600-700 ден. -сакоа кратките 400 долгите 600 ден. -корсети 400 ден. -суќни 400 ден. -памучни топови 100/150 ден. -фустанчиња по 600-700 ден. -ташните 200-300 ден. -штикли до 1000 ден. -танки каивчиња 50 ден. -подебелите каиши 100-150 ден. -боди 50 ден, прслуци 3 за 150, чорапи 5 за 100 ...
Јас бев во неделата еден модел на чипкани фустанчиња им беа 600 ден, ама ми фалеа пари не земав, и бев вчера во истата продавница за истото фустанче ми рекоа дека е 900 На сите места беше 900 ден, на друго место за корсет се мислеше колку да ми каже дека е пеее - шесто ден де!!! Не пазарам повеќе во шутка за инает! А да, и ташните им беа катастрофа, никакви!
^ па тоа е кога немаат етикети ни цени нит ништо. Jас ќе одам, ќе видам што ќе се дешава повеќе за панталони ташна и салонки ќе одам, ама ако се најде некој фустанче, е тогаш ќе си земам
Во недела планирам да поминам до шутка па сакав да ве прашам дали ги има оние цветните шалвари и колку пари се?
250-300 ден се шалварите фустани какви сакаш, од 450 па нагоре, 550. 650 се поубавите има и ефтини ама не толку убави. сандали такви работи не гледав, на брзинка поминав
Дали сте виделе во Шутка ваква чантичка, само бојата да биде како оваа??/ да знам за да не одам за џабе
Пазарувам ама многу ретко....одам 1 во 2год....може затоа што ми е подалеку...инаку добро малце поефтино е ама проблем ми е тоа што на повеќе тезги нема кај да пробаш гардароба и така....досега иам купено некои парчиња облека инаку се чудев ко купив јакна за 400ден
Утре идам у Штука с’с татее xP Ко шо сме си и двајцата изгубени кој знае дали ќе се снајдеме Негоо да ве прашав јас вас дали има корална боја на панталони,блузички и ташнички,ептен ми требаат пошо некако ептен ми е фина бојава
дали некој знае во шутка дали има долги сакоа ( плаво) со потвиткани ракави и штикли кремови лаковани