Да, имам одено. Оваа година не, се или немав време, или бев шворц. Не ми требаат многу работи, али кога ќе се разгледа мора нешто да ми фати окце, така да, нареден пат кога ќе одам во Ск, ја посетувам и Шутка.
Планирам да тркнам пред одмор, по некои ситници па ме интересира дали некој што бил скоро видел да се продаваат тексас кошули. Да знам дали да се надевам или да си завршам шопинг на друго место Во овој стил, потенок/ полесен џинс. И цена од прилика ако знаете данкешен
До сега не сум била во Шутка од причина што и Скопје ми е далеку а не пак Шутка. Сама со другарки да тргнам сигурно ќе испозагинеме Да бев поблиску сигурно ќе висев таму. Во мојот град има штикли што ги продаваат по 3600 а во Шутка брачеда ми истите ги имаше купено за 800. Скоро сите се облекуваме од Шутка само што некој паметен си ги зема дирекно работите од таму по помалку од половина цена а некој ги зема индирекно од други продавници по енормно набиени цени.
Бев вчера. Нема такви кошули ^. Си купив пешкир од Chelsea , најбитното за 200, пар прслуци за 300, пар боди за 150, корсет на риги црно бел 350, праска пантолони 500, црна и бела рамбовка по 100 ден, сина со чипка 150, ташна 200, каиш 100, целосен корсет по кратки пантолончиња капучино боја, мислам 350 беше не се сеќавам, шноли за 20 и такаа
Бев во вторникот и си изнакупив мн работи кои што ги глеав низ центаров и се дупло поскапи за 2-3000 се облеков од глава до пети
Девојки дали имате видено вакви фустанчиња на Шутка. Значи слично на ова , само без џебови и петлици, со v израз? И која цена се?
Нее, не пазарувам од Шутка,,Незнам зошто ама не се осмелувам,ЈАс си идам по бутици и ги трошам мама и тато хехех..
Имам одамна земено едни штикли, Аванти џанам, за упола цена од Аванти во К.Вода. Одамна не сум била, а и не ми се оди некако до таму, не ми е воопшто блиску, многу повеќе ми се исплати двапати во годината да отидам до Солун и да изнакупам за ич пари се што ми треба. Не памтам општо ни во Скопје кога последен пат сум купила нешто, едноставно не ми се даваат толку пари, исклучок е само ако нешто многу ми се свиѓа или итно ми треба. Како и да пресметувам многу поекономичен ми е Солун.
Би требало да има,знам минатиот месец имаш и тоа во други бои, цена зависи како ке начекаш околу 600 ден