Поскапени фармерки? нема врска. Викендот бев во Шутка, фармерките се движат како и секогаш од 300 до 1500 ден. а плус голем избор на плетени работи, фустанчиња за нова година, чизми, евтинија голема. Јас си купив топло и убаво класично капутче за 1500 ден. и каиш на ластик 100 ден. а имаше и марами убави по 150 ден. Друго не гледав многу затоа што сакав побрзо да се вратам дома. Многу ладно беше.
Да и тоа во последно време често. За ефтини пари ќе се изнакупиш. Па и 3 пати да го облечеш парчето вреди за парите. Фармеки за 600 денари, дуксерчиња за по дома по 400 денари, па само во Шутка го има тоа ))
кој ќе каже дека не бил во Шутка ке излаже сум била во Шутка сеа брзо и си купив чизмички и да ви кажам искрено маста им ја истаив од носење многу ми се убавки и многу си ги сакам
Здраво јас сум од Велес и на почетокот на Фебруари планирам да одам во Шутка ... може да ми кажете со кој автобус се стигнуе до таму?
19ка државна ил приватна сеедно и 20ка таа е само приватна. Само немој правецот да го згрешиш Ќе се качиш на бит пазар од страната на факултетите и треба да застанеш близу до влезот на факултетите, зашто ако отидеш блиску до пазарот таму застануваат други автобуси дека таа автобуска е долга. Или чекај автобус на автобуската кај поштата и Т Мобиле главното во правец накај мостот Гоце Делчев.
скоро бев со една другарка во Шутка и така додека таа бараше за неа чизми, прошетавме насекаде и има убави и евтини работи, ама не носев пари, па здравје друг пат ке се договориме да одиме пак и да си купам тоа што ми е најпотребно
Значи јас пустата умрена сум од желба да се изнакупувам од Шутка, ама никако да ме послужи среќата....јас и сум поспецифична за гардероба ама желба и обиди имам постојано....секогаш кога ќе ја видам старосватицата моја од глава до пети е солидно облечена, мислам, убаво, на нас стиловите ни се разликуваат но работите се повеќе од солидни, и секогаш ми кажува некои смешни цени....најинтересно е тоа што јас, секогаш после муабетот со неа залетано трчам во Шутка и си велам овојпат ќе изнакупам, ќе го молам муж ми, да одиме (он има малку отпор ради атмосферата и паркирањето и гужвата), и секогаш ми вика, пак ништо нема да си купиш, јас упорно тврдам овој пат ќе купам, и ниту еднаш до сега си немам нешто купено....се нема, или цените ми се горе доле ко у центар, или го има оној еден глуп гаќи матерјал, со амблеми како со пегла лепени....крш...немам среќа значи....си имам купено само едни убави хеланки пред 4-5 години, со старосватицата тогаш бев и ги изнаносев, и уште ги носам, и никаде неможам да најдам поубави....јас мислам дека пред 4-5 години можеби вредеше шутка,беше стварно ефтино ама сега, со овие попусти во град...па не баш....мада не сум најкомпетентна да кажувам, како што кажа некоја од феминкиве, дека знае како да купува таму, така вика и старосватицата моја, така јас уште ја немам откриено цаката...тешко и да ја откријам...
На Шутка исклучиво со старосватицата да си одиш, ноу адр веј! Исто и тетка ми, кога таа оди, се наоѓа, јас никогаш ништо... затоа сега со неа бев
Да пазарувам,за мали пари можеш да си изнакупиш се и сешто,се исплати,па голема работа дали било или не било марка.
Супер е „патоказов„. и мене ова ме интересираше. наскоро ќе одам, па ќе ви кажам како сум задоволна од шопингот во шутка.
Не сум била којзнае од кога а и за што да одам глупсти ништо нема единствено тренерки можат да се најдат убави а ефтини.
И јас не сум била одамна, а впечатокот од минатиот пат и не е нешто воодушевувачки. Ниту цените ниту изборот на гардероба не е како некогаш! Цените ни во најмала врака не се разликуваат од оние во Елит и Еко, па ако не ве води патот натаму специјално за шопинг во Шутка немате потреба да одите.
Одамна не сум била.Кога и да отидам неможам ништо да си најдам,така да не го практикувам нешто многу често патот натака. Спојлер Последниот пат кога бев на сред улица видов опаш од некое животинче
Шутка и Топанааа имаат една маана... И пак бев во Шутка пред едно месец дена И ПАК ништо не си најдов! Официјално еве и писмено, јавно се откажувам од Шутка! Некои луѓе едноставно немаат среќа за шопинг. Ах Боки, Бокииии! Ништо, не те бива. Плаќај сто пати поскапо!
Може да се деси еднаш-двапати во годината да отидам,а некогаш и ниеднаш,за на крај да се вратам со еден каиш или слична таква глупост. Така да нема потреба од Шутка,ако не истите,слични работи има и низ градов.
Секогаш кога имам можност да одам во ск одам некогаш си купувам нешто убаво и доста ефтино но и со неколку пара чорапи сум се вракала така да неми смета да купувам од таму како на повекето девојки што ги знам нешто ако ми се бендиса и на пазар и од таму купувам кај мене не важи тоа правило бутик и само од таму
Девојки што има ново во Шутка, има ли попуст , шала на страна сакам од за 10 дена па кажете ми дали некој е бил и дали има убави фустани ( бидејки сме на свадба на другар на маж ми) и штикли високи, а и некоја кошулка не е на одмет? И да не бидам офф топик , одам на шутка поретко бидејќи не сум од Ск, одам еднаш до два пати во годината ама си доагам со полна кеса алишта