Денес бев пак... Тие што бараа палтенца есенски се движат од 1200 до 1500 денари.Исто и јакните кожни. Чизми имате од 500 до кај 800-900 ама не се крзнени. Крзнените и поновите модели се од 1100 до 1500. Има и туники и џемпери зимни 500-600 денари.
Јас денес за прв пат во животот бев во Шутка. Да бидам искрена, секогаш купувам поквалитетни и поскапи алишта, ама тоа е така бидејќи не купувам толку често. Барем така беше до пред некое време. И се уште е така кога одам со моите на шопинг и само одбирам, а тие плаќаат. Најмногу 2 пати годишно, и повремено некој пар фермерки ако сум на зорт. Кога веќе почнав да трошам мои пари, некако не ми се даваат 1000 денари за блуза и 2000 за фармерки, па си барам поквалитетни ствари на поефтини места како Певекс, Пренди.. и сега Шутка. Шутка е супер, стварно. Ако ја занемариме ептен непријатната миризба која се шири од секаде и таа неподоносливата музика што ечи од сите страни. Можат да се најдат квалитетни и убави работи за дупло пониски цени од оние во бутиците. На пример имаше фармерки од 100 денари, кои не беа квалитетни, но затоа пак најквалитетни, оние истите што ги има во повеќето бутици беа најмногу 700 ден. што е доста пристапна цена. Плетени џемперчиња и блузи не видов поскапи од 600, а јас си купив од оние oversized sweaters за 200 ден. Имаше најразлични, прекрасни. Ако купев повеќе од едно, ќе требаше сите да ги купам од што беа толку убави. Гледав тенки марами од 100 денари, и тоа што друг пат ќе го имам в предвид е цената на обувките. Имаше најразлични убави модели, а најскапите беа 900. А, јас пред некој ден слични такви ги платив 2000 во ГТЦ. Имаше буквално се, за секакви вкусови. Останува уште Бит пазар да го посетам, а на Шутка дефинитивно ќе се вратам понатаму кога ќе има по зимска гардероба. Инаку имаше од бутици луѓе што земаа роба на големо, така да кој се разбира може да си заштеди добра сума пари.
Прибидејки сум стален гостин низ продавничињава низ градов и затоа од она вчера што го видов во Шутка ќе кажам дека ама никогаш нема да купам од Џордан, Фиори т.е. Принчипе, Шантел и останати 70% од продавници во ГТЦ (тука не ги кажувам брендовските продавници тие си имаат свои колекции), а да не зборам за Еко и Елит бидејки сите овие имаат ИСТА роба со Шутка. Само одењето во Шутка е најубаво во работен ден преку неделата, на раат барем ќе е шеткањето. Иначе има СЕ!!! Моментално имаат и сеуште набавуваат зимски колекции, така да топ период е за шопинг. Сеуште нема преголем избор на високи чизми, ама од ниски има какви ти душа сака. Тие што се гадат слободна нека плаќаат во "луксуз" продавници кои претходно си ја купиле робата на големо од Шутка пром. Најмногу се исплати за чевли, чанти, плетени работи и јакни кожни. Да речам кошули, фармерки, блузи ова она повеќе би купила од Пренди и Певекс, поефтини се, Шутка си држи цена на овие работи многу повеќе него на чевли и чанти. Ако се срамите да одите ставете големи наочари, мож нема да ве познаат, бидејки сте фацки Да речеме како што шетаат Мелита, Хелена Роза, Лила ... поголеми што поголеми и поцрни очила
^ Претпоставувам си била скоро, па да те прашам како стојат со цените на високите чизми? Ми требаат некои ефтини есенски високи чизми, да бидат до 1000. Во лептокарија начекав за 800 денари, ама моделите .... урда .
Епа види има чизми и чизми. Поточно едни се до 800, ама во едно продавниче имаше преубави и се гледа самата изработка на чизми која е многу многу подобра и беа 1500, ама ем модели топ ем квалитет. Сеа видете тој квалитет не е на рамниште на Биана и Баргала чии чизми зе 4000-5000, ама навистина се чизми кои би ви изджале и повеќе сезони. Иначе има од лани модели по 400-500-600-700 денари ама тоа се малку модели и бројчиња кое како останало. И нема некој избор, ама не дека неможе да откриеш некој добар модел за џабе Новите се од 900 па нагоре. Ама кажав ако сакаш нова колекција само во таа продавница од 1500 денари беше полна со високи чизми, другиве 80% од чизмите се до глужд или малку повисоки, ептен малку се многу високи до под или над колено.
Бев Септемврито и имаше донесено и тогаш есенско-зимска облека. Се изнакупував џемпери и блузи со долги ракави за сега. Мислам истите работи ги има и по поскапиве продавници. Не ни памтам колку работи изнакупив, знам дека беа баѓи, си купив и две ташни по 200 денари една. Се на се, добар есенски шопинг си направив тогаш.
Да ве прашам кој/а била во скоро време, дали се наоѓаат оние тренерките, имитација на Адидас, и по која цена се продаваат? Зашто имав прилика да пробам таков фејк пар, и многу ми беа удобни и убавки, а ми рекоа дека се наоѓале во шутка околу 1000 ден... тоВа - точно ли е?
^ Не знам за Шутка ама јас такви тренерки си земав од Зелен Пазар пред година дена и супер ми се погодија. Цената мислам им беше околу 1200 денари комплет и имаше бајаги избор. Од тогаш редовно ги носам и перам, нит боја им избледела, нит се скратиле, нит скинале... за парите сум презадоволна.
Имаш од 1000-1500 зависи кои, инаку има преубави модели, посебно во една продавничка после онаа големата продавница за кондури, што се качуваш по скали.. од лева страна е, или пак на првите тезги кај влезот на пазарот.. има разлика и во тие фејкот, не сите се ист квалитет ако изгледаат исто... јас лани си купив, преубав материјал, со ликра, ни коленици се прават ни ништо а иначе истите се и на зелено пазарче и разгледај си убаво пред да купиш, бидејќи има доста тезги..
Имаше пред некое време за 200 ден (не знам дали уште можат да се најдат) а девојкава маржа мавање 100% у плус...
Има, кога и да сум била, лето-зима, вриело од вакви тренерки. Имаш имитација на адидас, пума, најк... Во секакви бои, ама последниот пат претежно беа долните црни/сиви, а горните на розево или лилаво. Јас си купив за 1200 ден., а секаде по тезгите ги даваа околу 1300ден. Сега зависи и дали те бива да се ценкаш. Горе-долу по сите тезги, продавници се истите модели... И исти такви тренерки имам купено во бутик за 2000 ден. !!! Иначе убави се, комотни, не прават топчиња или коленици. Само внимавај дали патентот е исправен, дали имаат грешка нешто...