има тимберланд не оргинал и се 1500(кај што прашав јас) па нагоре, а имаше и едни мн слишни на тимберланд скоро како нив тие се 1000 ден и ги видов имаа волна и мн беа топли па следен пат кога ке одам ке си купам ти препорачувам и тебе за зима се ок.позз
Девојки некоја ако оди од вас викендов Шутка би ве замолила да пише дали случајно има палтенца од овој модел и колку пари се. фала многу и поздрав
абе сите што сакате да купите у шутка еве ви...........јакни-капути-1000-2000........чизми-тимберланд-800-1500.....дуксери-250-350-500.......фармерки-500-800........за други работи не знам а и шаловите подебели се 100-200.
Денес бев и си купив многу убави работи, само се зафкрнав со бодињата, зедов М ама премногу е мало така не дај боже па да го исперам ке стане ХЅ, боди за бебиња.
Дали во Шутка има големи убави ташни ? И отприлика како се движат цените ? И дали има високи рамни чизми, без потпетица, кожни (не вистинска кожа нормално хаха) ? Се исплати ли патот
Има има има Јас си купив преубвава ташна за 500 денари , од тврд скај со малце крзно. Е сега имаш ташни и за 200 денари ама зависи каква сакаш
Девојки, а дали Шутка работи на сабота? Знам дека еден ден не работеа во неделата, ама не ми текнува кој
пред некоја година купив 2-3 блузички и после 2 перења станаа ко за бебе а фармерките ми се погодија ...
луѓе денеска бев во шутка и видов доста ефтини работи...чизми над колена рамни имаше по 450-500,нешто како бундички по 600,фармерки на распродажба по 300-400(другарка ми минатата недела ги купила по 200) боди 3 за 200....баш се зачудив одамна не сум начекала толку ефтини работи
Ќе можеш ли да ми кажеш дали има некои интересни зимски палтенца во кремаста или зеленкаста боја? за да знам дали да одам до шутекс фала и поздрав
Јас досега не сум била, од причина што ми треба поголем капитал оти иначе не ми се исплати да одам. Една моја другарка неодамна беше, и си изнакупила многу убави работи за евтини пари
Слушнав гласини дека Шуткачине си ја кренале цената, демек се било поскапено Скопјанки кажувајте, да знам да не се закренувам од Прилеп за џабе
devojcinja jas sakam da odam utre ima nekoj so bil brzo da mi kaze dali vredi da odam,mi trebaat bodi 2,3 nesto tuniki helanki kako pantaloni i nekoja tasna kafe ili kamel sakam vredi da odam ili da ne se macam pozdrav
Морам да ви раскажам една случка од неодамна, непријатна се разбира. Јас и цимерката задоволни од првиот шопинг, се кренавме по втор пат на Шутка, менувавме два автобуси и се тоа за да стигнеме до таму, радосни дека можеби ќе најдеме нешто интересно и ефтино, и ќе се прошетаме ... конечно пристигнуваме. И се шетаме, се шетаме... И гледаме на една тезга убави плетени блузи и ни вели таа по 400-500 денари, ама убави беа и ај ние да пробаме. Пробува прво цимерката јас и жената ја чекаме да излезе, а во меѓувреме поминуваат две девојчиња и ги гледаат фармерките, па ја прашуваат жената за цена. Оваа им вика 700 ден, и девојчињата ги извадија да ги разгледаат и си заминаа, нели како што прават сите ако нешто не им се допадне откако ќе го видат. И си заминуваат девојчињата, а жената онака нервозно ми вели мене Види ги, само ги растурија и си замина, туу. И јас и велам Па, добро, може сакале да ги видат само, а оваа продолжува Како не им е срам, барем да кажеа ќе се вратиме покасно или да разгледаме и на друго место. Се чепка ли вака, се растура ли? И јас кога видов дека женава не е баш токму си ги зачував останатите мисли за себе и ја чекам цимерката да излезе по пробување на втората блуза. И излегува, се гледа, ама блузиве да те оцртвуваат ептен, едно кило да имаш вишок ќе ти го покажат. Па така си се пресоблече таа, а влегов јас да пробам една. Ми ја симнува жената од кукла блузата влегувам во „соблекувалната“ и кога ќе излезам што да видам. Иста песна. И јас нормално ја гледам цимеркава и и викам Многу е залепена блузава. Женава сега уште повидно изнервирана Е каква сакаш ти да биде? Широка? Занесена во разгледување на блузата од сите агли, мислев дека всушност ми поставува нормално прашање и и велам Па, да, малку поширока. На женава изгледа и пукна филмот, па почна и да се дере нешто, ама јас побрзав да се скријам во „соблекувалната“ да се пресоблечам. И сега најјакиот дел доаѓа. Излегувам јас, и ја подавам блузата на жената, фино, нормално и оваа ми вика Не ја земаш? Јас Па не, не ми стои убаво. И готово, толку и требаше. Ми ја грабна со сета сила блузата како што и ја подавав, мислиш држам нешто што и е нејзе најмило на свет и ми упатува еден убиствен поглед и почнува пак да се дере Па што пробувате кога не мислите да купувате? И цимерката се обидува да ја намали тензијата Ај да разгледаме, може ќе се вратиме. Ама не попушта вештерката Одете каде сакате и не се враќате, марш ајде.... Е сега ептен ме изнервира ама кога ми текна каде сум и што може да ми се случи си кажав едно љубезно и прилично гласно Пријатно и ја оставивме да се дере... Боже, боже. Уште неколку муштерии како нас и нервен слом ќе доживее женава. ilent: