Одамна не сум била во Шутка. Сестра ми беше таму пред неколку дена и си купи маички и градник. Рече дека имало убава, а ефтина облека.
Само еден фустан имам од таму и многу е убав ..Никој не ми верува кога им кажувам дека таму сум го купила ..Па после сум идела и неколку пати ама не сум можела ад најдам ништо по мој вкус.
Не повеке преферирам марки а во Шутка мислам дека не е за мене повеке уживам кога носам марка на мене
да сум купувала во шутка има буквално се,ама у последно време претераа со цените ги напумпаа како да продаваат бренд а не фалсификат,еве на пр.маж ми сакасе да си купи фармерки и продавацот му вели 1.600 ден,отидовме друг ден во гтц истите ги купи за 1.200 ден.има и ефтини работи ама мислам дека у град е подобро на секој цекор распродазба а овие ни данок ни фискални а сакаат да продаваат скапо
Шутка е најпопуларниот шопинг центар во Mк само повеќето се срамат да кажат не знам зошто имам сретнувано попознати фацки баш таму. Jас имам купувано доста работи и се покажале доста добрo, знаци зависи кога ке отидеш,ми се слуцило да одам и ништо да не купам ама и да купам по 4 работи за 1000 ден Jас препорацувам да се оди во работен ден,за викед е гужва и поскапо е
Имам отидено три-четири пати ама тоа многу одамна беше. Пред 4-5 години. Ама веќе не одам. Плус далеку ми е, плус и низ центар можам да најдам евтина облека.
Дали во последно сте биле Шутка? и ако можи да ми кажете дали има нешто блузиња ова она поевтини да знам дали да одам? оти не е баш блиску..:/
Кога одам во Скопје, најчесто два - три пати годишно, редовно одам во Шутка. Пазарам се што ми се допаѓа. Најчесто од таму земам фармерки, џемпери, ташни и по некое фустанче ако ми се допаѓа
Здраво, Прочитав во минатите одговри дека Шутка работи и во недела.. само дали знаете до колку часот отприлика? И дали има случајно и свечени фустани? Секогаш сум пазарувала во работен ден или во сабота, но во недела нема никогаш одено , а исто така никогаш и не сум разгледувала свечени фустани таму .. најчесто кежуал облека... Благодарам однапред за одговорот
Свечени има во 3-4бутика, од 600-800ден и во еден 1500ден, ама баш свечено и со циркончиња, долги, елегантни.
Ovoj mi e fenomenalen , no ne veruvam deka slicni bi nasla vo Sutka... a i vo Skopje, ili se premmnogu ednostavni ili se premnogu kic so se sto e mozno na niv..cirkoni, monista, cipki
Во Шутка не одете за свечени фустани. Шутка се знае за чевли и ташни пред се, за облека искрено последниве години не се исплати специјално да се оди кога веќе ги имаш Певекс, Пренди, Мана и други продавнички со натпис се за 200 ден. Али за фустани одете на женски пазар ако сакате поефтино. Во делот со продавничиња со материјали има и продавничиња со рачно изработени свечени фустани, Made In Turkey. Може да се најде добар фустан иако е се ствар на вкус, повеќето фустани се со циркони и светки, таков е едноставно стилот на свечени прилики во муслиманските земји, ама може да се најде и добар фустан. Јас лично во чаршија бев изненадена од изработката на фустаните од Турција, совршен крој. А фустанов поставен погоре да го видите на закачалка ќе изгледа како кичесто парче преполно со монистри. Вака на девојкава е просечен.