WoW Благодариме што дојде и не просветли дека пазарењето во Шутка е глупост а сите кои пазарат таму се невидени глупачки.Ајде кажи ни за да не бидеме глупи што треба да купуваме?? Louis Vuitton,TRN,New Yorker?? Aјде повели,просветли не те молам Како се облекуваш ти,од каде купуваш,за да знаат луѓето да не им се смеат ако купуваат од Шутка. Образложи го твојот одговор да му се сневиди,не само вакви да пишуваш ->
Што и фали бре на Шутка Пред година дена си купив панталончиња за 300 денари и уште си ги носам душата а им ја извадив ги утепувам од носење,перење убавини кој ти ги дава за 300 ден. Мразам само што ми е малку далеку па не можам почесто да идам
Имаш право , зошто имаме големи марки овде , како Манго , ТРН , Калиопе .. јес да се шие и прави се овде ама нема везе , марки се Ако не се шие овде тогаш се носи од Турција на кило и овде само етики . Знам за Орка дека е така со сигурност . Ама марки се , тоа е
Абе како не, сите сме купиле барем едно нешто од таму.. нема ништо срамно во тоа Јас имм купено маички од таму и едни панталони и си ги изнаносев. А и да ви кажам пример дека чизми што таму ги видов, после истите ги имаше и во една продавница во лептокарија.. што мислите нешто посебно е по бутициве, не, само што е 3 пати поскапо зашто плаќаат кирија. Ок, не викам за марките како Кара, Трн, Манго.. ама има и такви бутици кај што има иста роба
ме интересира дали случајно се наогаат некој убави фустанчиња за матура,не многу свечени и одприлика по колку се движат цените?
Зашто па да не? Секогаш си наоѓам фармерки за 500-600 денари Е сега лошо е што треба да го погодиш моментот, не секогаш има избор, а и далеку е сега присобрав пари па планирам да одам некој ден
Имам неколку пати појдено таму и не се срамам да кажам дека облеката сум ја купила во Шутка.Колку пати имам видено иста роба во бутиците во Прилеп(оттаму сум),само дупло поскапо.Зошто да фрлам пари,кога можам да искористам да заштедам.
Бев еднаш и Никогаш Повеќе не мислам на од Шутка ма неее .... туку навистина имав многу непријатности кои секако не ми вредеа за да заштедам некако шубе ми е и тоа што тогаш си го купив или беше фалично или се распадна по 1 месец така да НЕ .
Минатата недела на пат кон викендица поминував од Шутка, гледам народ полно, едвај го натерав дечко ми да застанеме, ме интересираше да видам. Само да ве информирам, штикли Аванти, ги гледав низ гтц по 1000 и нешто, беа по 750денари.Е сега не знам точно да ви објаснам каде, не ја владеам баш, ама беа со истата кутија и ист модел. Инаку од тука еве вака штикли радо би си земала кога ги има истите и низ град, ама фармерки или палто/јакна не.Тие две работи ми се многу битни, а кога видов како ги чуваат во Шутка и на дожд и на ветер на улица оставени жал ми падна дури
Досега немам отидено, но не значи дека нема и да отидам една моја другарка беше, и за едно 4000-5000 ден си ја обнови цела гардероба,... од тренерки адидас кои беа исти со оригиналот, до чизми и палта... планирам дел од заработениот буџет од матурската да го потрошам таму, и така 99% од продавниците во мојот град носат роба од таму....
Со оглед на мојот стаж во Скопје,сум била во Шутка само неколку пати.. Си имам купено некои џемперчиња,блузки за секој ден..Па ќе се најдат... Незнам што очекуваат некои,за тие пари којзнае каква роба Па работите им се супер,може да се најдат истите работи од некои бутичиња низ Центар... Па и кога ќе ги видам продавачите.. Еден ми вика ајде СРЦЕ купи му нешто на љубавникот,изненади го... И таа една до него му вика..на кого бе ти срце? Ќотек ќе извртеше кутриот...
Имам отидено неколку пати, ама се разочарав кога видов дека истите работи ги има во скапите бутици кај нас со цени 3 пати повисоки. Само што кога некоја облека ќе ја видиш таму некако не ти се допаѓа, но доколку тоа исто парче го видиш во излог на некој бутик ќе паднеш на гз. Психа.
Имам 2 пати одено и двата пати си купив по нешто. Последниот пат и немаше којзнае што таму, се исти работи на секоја тезга и само блузи со светки имаше, а и цените не беа баш ниски - едни кошули имаше по 600ден., фармерките што ги купи сестра ми беа 700, ама после некое време дечко ми си купи супер тренерки само за 1000ден. од таму. Изгледа треба да се погоди времето за одење таму. Инаку, не ми пречи да купувам од Шутка, може да се најдат фини и ефтини работи и може да се подзаштеди некој денар, а алиштата, пери-носи, ќе се износат
дадада секое мое идење во ск обавезно во автобус и шутка, зато шо е многу евтино за разлика од мојот град, а дури некогаш идаме со другарки само за на шутка
jaaaaa, извини ти си македонската PARIS .... поголема глупост од тебе и твојот коментар има ли? жено, ај иди шетај ти се молам, не летај многу високо... ми се праиш овде кој знае која и што, а сигурна сум дека си никоја и ништо!!!! значи премногу ме иритираат вакви коментари
И таму не е како што беше...пак малку се поевтини цените,ама ги качија и они бе Свратувам така на сезони по еднаш натаму,зошто треба да мењам 2 автобуси....и имам пазарувано да...си купив зимата 2 пара чизми на штикла за 600ден ,чизмите се тегет и крем,кратки ,со средна штикла си ги носам за н а работа,секојдневно и ги обожавам плус и ташните се џабе-300,350ден,истата тегет ташна што ја купив од шутка во елит беше 700,ми рече типката за 650 ќе ти ја дадам фала сестро на попустот Е за фармерки не сум задоволна,есента купив црни и тегет беа по 700ден,по второто перење катастрофа-бојата им излезе ама одма е боди си купувам често зашто е евтино а и убави се,по 80ден можеш да најдеш боди....ама капути јакни немам купено пошто ич не ми се квалитетни... ај за женски се наоѓа евтино,ама за машки-не....дечко ми ништо не може да си купи од таму,зашо истите цени се како во град,ама буквално истите,еве палтата ,капутите беа изгор,исто и фармерките,кошулите-по 1000 У секој случај се наоѓа нешто,само не ми се оди кога е сабота-недела -превише гужва е...инаку на баба ми пред 3-4 год во шутка и ја исекоа со ноже торбичката и и го зедоа новчаникот а таа ништо не осетила,и веќе таму не стапнува....исто на една комшивка едно циганче и скинало златно ланче од врат , беше целата изгребана исто и на други слушам им се дешавало вакво нешто...а мене лично не до сега...
Сум била неколку пати, и во однос на гардероба не сум нешто воодушевена од цените, за разлика од продавниците низ центар таму е поефтино за некои 200-300 денари. Но кога ќе го искалкулираш патот до таму, дали автобус или автомобил, потоа целиот хаос од гужви и турканици како џабе да даваат облека, можноста да останеш без паричник и т.н. не ми е исплатливо. Што се однесува на обувки, таму се доста поефтини тоа морам да признаам, и сум купила неколку модели зашто се поефтини. Не гледам понизно за пазарењето во Шутка или било каде, може да изгледаш добро а да не мора да потрошиш мало богатство на скапи парталчиња, се е прашање на вкус. И воопшто не ми е срам да кажам дека нешто сум купила од таму, зашто ако ми допаѓа не ми е битно од каде е туку како изгледа и како стои.