Ако сакаш од оние матријал баш сако, се до 1000че или највеќе 1200. а од оние никаквине, што матријалот и не делува дека е сако се до кај 700. Инаку фармерки, нормални, еднобојни, значи не со спреј осветлени се наоѓаат? Јас сити мол 3 пати го завртов, трговски, рамстор, веро и не најдов нормални фармерки. Или има побелени однапред ама така грдо побелени што делуваат како со спреј да се прскани или се boyfriend џинс, или се грди со ластик горе-џегинс. Сакам нормални фармерки, било темни било светли само да се еднобојни.
Сум била неколку пати и пак ке идам... Ефтино е , а истата гардероба ја има и во некои бутици што имам видело со двојно поголема цена , значи само го плаќаш бутикот , квалитет , материјал се е исто . Никогаш не гледам дали е ефитно и скапо гледам да ми се допаѓа и да ми стои добро , инаку како што спомна некој погоре се по фини за разлика од оние по бутиците, не се воопшто арогантни , ти намалт цена , ти дозволуваат да порбуваш се многу се фини.. Инаку може да се најде се што сакате. Јас купив едни тренерки од таму ги платив 1600 ден , знам дека звучи скапо за шутка но толку ги платив , нема да верувате ни се изупчија , ни колена направија ни сменија боја апсолутно ништо две години прекрасно носење- адидас. отидов некна во едедн бутик купив тренерки 1600 ден исто ми вика имаш гаранција две години , кои две години бе две недели поминаа ги исправ 2 пати и тоа на раце ги перев со оние прашоци ампулите за да не белеат и верувајте од црни сиви станаа
За фармерки ако ве интересира , пред 3 дена кога бев, значи во Шутка вриеше од фармерки , по 600 денари беа , имаше премногу избор , со висок со низок струк, темни светли избелени, ама баш секакви, баш ми е криво што не си купив но не ми беа планирано. До сега скоро сите фармерки ми се од Шутка и су многу задоволна, не мрднаа, не се отпиштаат , значи чиста 10ка од мене
Почетокот на Септември бев во шутка да си купам патики фармерки итн. и каде што е продавницата за патики паркирано едно комбе кое пишува НИКЕ. двајца влегоа во продавницата и купија над 50 пара патики Нике од различни видови, исто беше и со фармерките други земаа исто многу фармерки, и кога го прашав продавачот ми кажа дека купуваат од овде на големо и ги продаваат по бутиците како Елит и слично. Па сега видете истата роба што ја има во шутка ја има во елит и сличните бутици....
Ме интересира има ли избор на блузи? и како им идат цените? и дали има чизмички такви ниски? и кој ден да отидам кога има најмногу избор?
Да има избор на блузи кошули и све таму можеш све да најдеш , што ако го купиш парчето облека 3 4 илјади денари кога како и дае еден ден ке се скине квалитетот е секаде ист има и чизмички јас ниските си ги земав 500 денари а високите 700 денари, ако не работиш оди од понеделник до четврток може и поевтино да најдеш а ако имаш обврски оди за викенд ама порано затоа што верувај ми има многу гужва најдобро време е накај 9ипол да бидеш таму )
Да не бил некој во скоро време , чизмички дали има и зимска гардероба ааа, да и од оние елечињата како бундички ама без ракави како елечиња ???
Бев денес. Има фармерки по 600 денари со низок струк, висок нема нормален освен оние со 300 копчиња и наддавани со се и свашта на нив. Панталони нема, освен оние што се ко хеланка материјал. Ролки од 70 денари па нагоре. Чизмите се над 800 денари и нема многу избор. Кожните јакни се над 1000 ден, мантилите се од 1000 до 1300 ден. Избор на чанти никаков, прв пат се враќам без ниедна. Џемпери слабо,зимски фустани нема. Па не е луѓе рано за таква работа...
Не баш. Имаше неколку во неон бои, имаше гужвани, некои мантилчиња кожни и дали еден за мене нормален модел се моткаше меѓу сите нив. Барав и јас ама не најдов ништо што ми фати око, некако се имаше премногу детали.
срцка во аванти бутикот за облека и гардероба до офис шуз одма на втор кат,имаш какви сакаш кожни јакни од 1200 до 1500,една моја колешка денес си земала 1500 ден. преубава јакна камел боја кожна се надевам ти помогнав
Денес бев и си купив многу работи за малку пари.Си купив ролки за 99 ден. розева и црна,каиш за 50 ден.ташна за 150 ден.,панталони-хелнки за 350 ден.-црни и една црна наметка за 200 ден.