simoncelicius има многу луѓе што мислат и го сметаат за понижување пазарењето од Шутка .. божем по бутициве има незнам какви работи, се е исто само со повисока цена , или пак мислам дека купуваат од некои “елитни“ бутици дека се нешто над другите ..јас си кажувам дека си купувам од Шутка и не ми е срам ниту понижување, сум купила многу убави парчиња облека и квалитетни , и познаници што ке ме видат ми викаат “еј и јас имам вакво 2000ден. го зема од таму и таму ? “..
имам купувано работи од шутка и сум многу задоволна ем поефтино а истите по бутицине се дупло поскапи
Денес бев и си купив пребаво џемперче, онака ни многу дебело ни тенко, крем боја 500ден, памучна обична сина блуза со В израз-100ден , памучни чорапи 3-пара 100ден, марами преубави имаше 2 за 150. е сеа немаше којзнае колку екстра интересни ствари, ама ако се прошушкаш малце низ тегзите ке се најде нешто убаво...Инаку сеа ги исправ и ништо не пушта боја. И дечко ми си купи некои работи. Имаше некако многу весела атмосфера, беа многу фини овај продавачите, се згазив од смеење имаше натпис адидас-100денари, Пупуст 5 %, денес ТОТАЛНА ЛИКВИДАЦИЈА зашто да се акам цел ден низ град да лупнам незнам колку пари за кинеска роба? Колку се арогантни и во некои бутици, бог да чува. Јас сум задоволна од Шутекс.
Дали некој скоро бил на пазарување и видел дали имаат донесено убави зимски капути и какви бои преовладуваат, кафеави и тегет посебно ме интересира
Колку пари се џемперчињата,кратки,долги ? И какви марами има,дали има еднобојни,ама убави и колку се ? Ви благодарам однапред девојки
Си пазарам зошто да не, последно си земав убав паричник се исценкав малку и од 350 денари ми го даде на 250 и си земав убава марама за 100 денари,секаде се по 400
Додека да се стемни Најсериозно, ги имам прашано. И тоа зависи од времето, ама денес е убаво сигурно ќе работат до кај 5.
^Да навистина и јас планирам во Шутка да одам по некое џемперче, да не знае некој по колу пари се? И дали за празници и преку викенд ги покачуваат цените или не?
Па лично не сум приметила некоја голем разлика во цени,ама викаат дека преку недела дека било поефтино, а за викенд поскапо ..
Дечки дали има во шутка работи кои не изгледаат, пазарски и кинески, сакам да кажам нешто налик нa зара и сл. изгледаат. Би сакала да ја посетам па да не одам за џабе
Дали некој што бил брзо во шутка има видено хеланки шаренки за девојчиња (9год) и по која цена ? (ми треба итно одговор)