Има тексас кошули ама не прашав за цена. Инаку пред 2 недели бев, останата беше зимската роба и најмногу избор за тренерки имаше, друго ништо посебно.
Какви хеланки имаше? Колку ги зема? Ии пошто планирам да идам викендов ме интересира дали има избор на фустанчиња
Имаше многу избор на хеланки во сите бои од оние со џебови и копчиња, ме разбираш за какви зборам ги земав 400 ден, а за фустанчиња имаше ама не разгледував многу бидејќи не ми беше во план да купам
Можеби не ми е сеедно во сета таа пазарска атмосфера не сакам многу гужви но одам на секој 2 месец и си купувам доста работи од таму таму ќе го купам за 200 во сити мол во трговски или други елитни места за 800 епа 600 денари не се за фрлање ќе си купам уште нешто .. )
Девојки денес ја посетив шутка барав хеланки и некои блузи широки и пижами,најдов се тоа ама сепак немаше некој избор повеќе имаат зимска роба,сеуште не е пристигната баш пролетната ташни и кошулки и наметки има преубавии со убави цени за друго послабо...
Јас колата ја паркирам во еден двор има една жена си седи и си наплаќа 50 ден,си седи на столче си наплаќа и ги чува колите(значи приватен имот е)и да сака некој да краде или слично неможе бидејќи е заградено и жената е цело време тука. Спојлер Незнам како точно да ти објаснам....јавните вециња ако знаеш кај се? е одма после нив има една куќа голема и пред влезот има обавезно жена, така во средни години.А немој во никој случај покрај улица да ја оставиш ке ти ја крене пајак
Имаше женска тексасни еден куп секакви модели за цена не прашав,ама провери во бутик прчла од таму си имам јас земено преубава тексас 900 ден
Многу сакам да одам во Шутка да пазарувам. Има убави модели за ефтини пари. Така кога ќе дојдам до повеќе пари би отишла. Гајле ми е што ќе кажат другите. Мене ми одговара да носам нешто а не е битна марката. Штета што не сум од Скопје, ама еден ден мора да одам до шутка.
^Нема голем избор на балетанки, и тие што ги имаат се од 650 па нагоре. Другата недела ќе имаат роба, така ми рекоа.
ana-sweet напиша:Има избор на балетанки? И отприлика како се движат цените? Минатата недела имаше по 250 ден балетанки ама на едно место во пазарот иначе по 500 има некои и нагоре. Исто може да ја паркирате кај амбуланта или поликлиника што е тоа позади. Паркингот е бесплатен бидејќи е од амбулантата ама стојат Роми коишто наплаќаат по 50 денари, ама барем знаеш на паркинг ти е. Мене ме интересира работи ли пазарот во понеделник (дали сите денови работи? )
^ Сите денови работи. Јас сум одела различни денови во неделата и секогаш имало тезги. А искрено не сум забележала да е поевтино во деновите од неделата отколку преку викенд, баш напротив
Колку што знам јас, работи секој ден. Впрочем, подобро е да одиш работен ден, дека цените се пониски. За викенди, за нијанса се покачени.