^ Јас па прашувам дали секој ден пошто еднаш бев во работен ден а претходно во недела бев и ми викаат ај пошто нема луѓе земи за 100 ден поефтино или 50 поефтино за тие блузите по 600, за 400 ми ги даваа па не знаев дали секој ден работат тогаш мислам петок бев или четврток.
Дали може да се најде кожно/скај пално и цена отприлика? и како се движат цените на фармерките таму, маичките со кратки ракави, патики
Јас пред некој ден бев и си купив кожна јакна, мн убав модел баш како што сакав 1300 денари ја земав, а фармерки секогаш има убави и по 600 денари се
Многу сакам да одам, али не сум од Скопје. Помнам имам одено неколку пати како мала, и би одела пак нормално
Јас пазарувам и не се срамам, од таму си имам купено работи кои и по неколку години ги носам без да мрднат. А истите работи ги има и низ центар по тродупло поскапи цени. Не одам често но кога одам си пазарувам повеќе работи, претежно фармерки, маички и тенки џемперчиња. Но, многу е важно и да начекаш добра роба. Мене само еднаш ми се има случено да си дојдам со празни раце. Е сега сакам да прашам тие старките што се фалш, која цена се и дали се убаво изработени да не бидат КоМверс Планирам да одам да си купам, бидејќи оригиналот ми се скапи. Тенкју
Се извинувам за две мислења едно по друго, сакам да кажам дека денес бев и си изнакупував работи. Во Шутка дефинитивно се оди само во работен ден, цените се многу ниски. Си купив ниски старки за 1000 денари топ. Исто и некои маички, фармерки и тоа за смешни цени. Имаше голем избор на машка гардероба. Пролетни мантилчиња за 500- 600 денари, балетанки 500-600 и на едно место имаше 2 за 700 мислам пристојни балетанки. Друго не видов бидејќи не ми требаше. Дефинитивно вреди да се оди и си знам дека колку пари и да понесеш на крајот ќе ти остане нешто ситно само за автобус.
Не сум била ама видов кај братучедка ми беше купила преубави фармерки за 500 денари шо тука низ бутиците и трговскиот се сигурно од 800 денари од 1200. Нема врска тоа каде се продава и какви луге ја продаваат. Зошто да ја плаќате по бутиците дупло повеќе? Кога во шутка за 1200 денари ке си купите 2 пара фармерки, а во бутиците само еден. А плус откако ке го купите ке си го поминете низ вода, немора да го перете уште неносено и готово.
Знам дека е многу да прелистуваш 136 страни, ама погледни го барем мислењето над твоето, ти го дава одговорот. Од приватните оди и 20ка, тргнува од Транспортен центар.
јас бев вчера има нови работи и мн убави има кошули маички хеланки фустани сакоа ташни и мн други во моментов не ми текнува јас купив кошула од 200 денари во секакви бои има со коцки еднобојни цветни, исто така има и хеланки но личат како тренерки од адидас и тие се 200 денари и има маички на кои има панделки на предната страна од задната страна има чипка и е подолга од предната исто така купив мннн убави штикли за 300 денари мн се убави кога ке можам ке ги сликнам
јас прашав само на едно место и ми рекоа дека е 600 денари ама цените отприлика тука се до 1000 денари ке најдеш убаво сако
Скроз. Имам пишано во темава, само да се надополнам. Пред извесно време отидов, без особени очекувања дека ќе најдам тоа што барав. Си понесов микро сума пари, а се вратив со: - црно пролетно капутче - скај моторџиска јакничка - плик чанта (за смешни 100 денари) - хеланки - чорапи/гаќи тоа да не ни набројувам - марама за 40 денари - папучи за по дома за 80 денари Рај бе.