^ До под задник 1000 денари. Има во црна, крем и црвена боја. Би требало да ги има, т.е за сега не можам да тврдам, ама сезона е, така да може да си најдеш сигурно
Која бројка автобус оди до Шутка, и доколку отидам со автобус ќе се снајдам ли? И за враќање назад исто?
Од Стара железничка за Шутка оди 19ка. И секако дека ќе се снајдеш, ќе видеш многу тезги, и таму ќе се симнеш
Се извинувам, дека не сум од Скопје и не ги знам релациите баш. Имам одено во Шутка неколку пати, и знам дека со 19ка беше, а точната локација не ја паметам баш очигледно.
19 ,20 иде за Шутка а Може да се чека на битпазар ...на постројките кај влезот за факултетите малку погоре , има и државна и приватна 19 а 20 е само приватна .Кога се стигнува за шутка се забележуваат тезгите и знак е дека сте стигнале Инаку за цените има и поевтини и поскапи се зависи од кој квалитет и каков модел али сепак е поевтино од бутиците зашто има исти работи што по бутици чинат 2-3 пати поскапо а мислам дека не треба да се срамиме дека била Шутка пак некако ова она ...Има исти производи кои ги има и во некои познати бутици така да ...нема за што да се срамите... Секој според џебот...
Последен пат кога бев пред некоја недела ташна огромна, хеланки кожни, кошула со нитни и тракатанци и сако црно тоа се за 2000.
Денес утрово бев до Шутка. Панталони темно сини,,тегет''ги гледав во бутик во Штип цената им беше 1200денари ке се залетав да ги купам но немаше величина Во Шутка во дукан не на тезгите ги гледам истите панталони 700денари пријатно се изненадив ги пробав и утре планирам да ги купам.Фустанче морнарски стил за 600денари супер ке стои на балетанки.Има мајчки фармерки ,фустанчиња за лето убави да се најдат и се уверив дека дел од гардеробата ја има по бутиците но со повисоки цени.
Еднаш само имам пазаρувано пошто мноогу ми е далеκу и ќе тρеба 200 ден. само за автобуси да изнадавам инаκу има навистина убави ρаботи, евтини и е одлично место за пазаρење за оние κои саκаат да заштедат.
20ка тргнува од Транспортен центар, од другата страна на подвожњакот ( бреј ама објаснив). А 19ка, по Партизанска минува.
Утре одам во Ск, ќе наминам и во Шутка, само нема да имам многу време да се влечам и да разгледувам Затоа сакав да прашам некој што бил во изминатиов период. Има ли тексас палта(со ракваи, без ракави) и како им се движат цените, исто и за балетанки и сандали. Тука, во Велес, гледав панталони во пастелни бои не беа повеќе од 1000, вреди ли да губам време да барам таму или од тука да си земам? И има ли евтини летни суќнички, фустанчиња, кошули за секој ден?
Јас вчера бев, кошули имаш секакви по 200-300, фустанчиња по 400-600, маички 100-300, балетанки по 600-800. Мн убави работи има, а тексас јакни не видов. фармерки по 500-600.