Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали пазарувате во Шутка?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Strumfeta93, 30 октомври 2010.

  1. fashion.girl.13

    fashion.girl.13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    359
    Пол:
    Женски
  2. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.502
    Пол:
    Женски
    Фешнке, ме збуни ма.. да не си ја утнала темата мор?! :lol: .. или ова шо си го пишала важи за пазарчето :^)
     
    На erica, MermaidKiky и Elennaa им се допаѓа ова.
  3. fashion.girl.13

    fashion.girl.13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    359
    Пол:
    Женски
    хахахаха дебилка гледам во темата кај што треба да биде го нема мислењево и викам сигурно сум го избришала оно грешна тема сум отворила леле :tmi: :tmi: :tmi: :tmi: заљубена што ќе правиш :D
     
    На luci22 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.642
    Допаѓања:
    8.503
    Пол:
    Женски
    ^^ Истово ќе го кажев.
    на попусти можеш да начекаш нормални и убави фармерки за 400 денари од теранова, за 600 од бершка или 800 од Страдивариус, 1000 од Зара.
    Отиди во Шутка, убавите фармерки секогаш ама секогаш се од 800 до 1200 денари. И тоа ако имаш среќа да начекаш норамални едноставни фармерки. Повеќето се со спреј избелени, со монистра, дречливи нашиени матријали или грд дошиен висок струк...

    Маички, кошуки, блузички од 300 па дури и до 700-800 денари се во Шутка. А летово од Њу јоркер се изнакупував кошулки по 200 денари. И тоа убав матријал кој не се тутка, не е премногу свечен ама не е ни обичен. Таман да можам да ги носам и до факултет со фармерки и за излегување навечер во комбинација со сукњи, шорцеви...

    Ташните се можеби ефтини не викам не, ама па и така изгледаат. Плус цел град се шета со исти ташни, без разлика дали се вработени жени, студентки или ученички.

    Платнените патичиња можеби се исплати да се купат единствено од Шутка, затоа што се наоѓаат по продавнициве во трговскиве по 600-700 денари ама само за патики не ми се оди до таму. Е сеа истите патики за 300 денари, платнени се и на Пит пазар, па таман уз пат се и бугарките за накит :D

    Чизми и штикли можеби има, ама искрено чизми ниски не се исплати да ги купуваш од причина што по две носења се искривуваат. Чизми секогаш начекувам на попуст, пред крај на зима, и тогаш купувам, па имам скоро нови за следната зима. Секако треба и да знаеш да избереш класичен модел. А не да ги купиш на попуст на крај на зимата, и следната зима кога ќе треба да ги носиш да излезат од мода.

    Е сеа, за јакни не знам како е изборот. Сакам убава парка, уште од лани барам, било тегетна било војничко зелена ама по градов знам дека се изгор скапи од 4000 па нагоре. Единствено тоа сакам да проверам зимава :)

    Ама па кога подобро ќе размислам, за ташна чевли и јакна се дваат поголеми пари, затоа што тоа се носи подолг период:)

    Се на се, не ми се исплати одењето натака, буткањето по автобуси ( да не се разбереме погрешно, секој ден се возам по автобуси, ама 19 ката е секогаш пре-преполна) а да не зборувам за катастрофата по улицитее. Кој каде стигне таму запира, паркира, претрчува, се дере, вика. На секои два метри ечи различна музика. Доволни ми се 30 минути за да почнам да станувам нервозна и да ме фати главоболка, и да се искарам со сите, ама најсериозно.

    Порано се исплатеше повеќе, или па можеби сум била јас помала, па не сум знаела каде и кога што да барам.
     
    На ivancekitty му/ѝ се допаѓа ова.
  5. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.502
    Пол:
    Женски
    Е ако де, се случува ај.. ништо страшно ;)
     
  6. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.792
    Допаѓања:
    100.377
    Пол:
    Женски
    Дали некоја знае колку чинат јакничките од тексас и од скај?
     
  7. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Тексас јакни по 1300 ден,а од скај не приметив која цена се.
    Има попуст на летни работи,маички по 100 ден,хеланки по 100 живо џабе :)
     
    На lunicka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.792
    Допаѓања:
    100.377
    Пол:
    Женски
    Па и нема никаква разлика во цени од продавнициве. :?: Ни Шутка ни пазариве не се она што биле. :^)
     
    На Elena69221 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Едно време одев, ама тоа гужвата не можам ич да ја поднесам.
    Убаво вели Луничка, цените и во градов се исти по оние дуќанине налик на Шутка, а и на пазарите па нема потреба да се гужвам и да немам кај да пробам. Овде на пазар ако земам и да не е добро ќе го сменам, ама да се подигнам пак до Шутка!! Мало морген.
     
  10. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.856
    Допаѓања:
    5.200
    Пол:
    Женски
    Одам еднаш-два пати годишно, минатиот пат кога бев си купив 3-4 маички по 150-200 ден, а истите буквално ги имаше по продавниците по 350 и потоа ги снижија на 300. Исто и за фармерки се исплати, по 700-800 се, а во некои продавници уште ми ги продаваат тие со широките каиши по 1200. Фустани свечени и блузи што ги гледав во бутиците тука беа и по 500 денари поевтини. Не гледам зашто да се плаќа толку поскапо. Само што не вреди да се оди до таму за 2-3 работи, а и ќе ти отиде цел ден во гужвите.
     
  11. Tori1

    Tori1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    95
    Да не била некоја сега викендов во шутка да каже дали имаат донесено тенки кожни јакни и џемпери :)
     
    На tanjusskat му/ѝ се допаѓа ова.
  12. missmk

    missmk Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    16
    Имаат ли донесенп гумени чизми во шутка? Црни по можност, едноставни ?
     
  13. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    974
    Допаѓања:
    9.167
    Пол:
    Женски
    Јас бев викендов - џемпери има, од 250 ден.па нагоре, но не ги загледував искрено. Кожни јакни има и нови кои се 1200-1400, а на едно место, на една тезга/продавничка - на самата улица (не можеш да ја промашиш) има за 600 ден.но претежно се големина S, а скоро ич големина М.

    Не видов гумени чизми, на ниедно место :( И јас барам, па ако одиш и начекаш, извести ме :)
     
  14. Tori1

    Tori1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    95
    Фала тии :) :*
     
  15. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.253
    Допаѓања:
    72.709
    А дали случајно виде фармерки и панталони во боја и цена? :)
     
  16. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    974
    Допаѓања:
    9.167
    Пол:
    Женски
    ^ Цените на фармерките се движат од 500-800 ден. Фармерки со висок струк, исто така се 800 ден.
    Панталони во боја, не загледав и не забележав, затоа не можам со сигурност да одговорам за нив :(
     
    На simonka93 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. len4e

    len4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    60
    Дали има изнесено капути и зимски јакни некој да бил?
     
  18. Fatalnata

    Fatalnata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2014
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    Капути сеуште нема, додека пак тенки кожни јакни има колку да сакаш. Има и мн убави модели и цените се од 1000- 1400 ден.
     
  19. Twinkles

    Twinkles Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    980
    Имам купено неколку парчиња облека од Шутка.
    Истите маички низ центар се дупло поскапи , а таму ке ги најдеш за 100-150 денари.
    Живо џабе :)
     
    На Elence93 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mia993

    mia993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2014
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    140
    да,зошто да не