Викендов бев Шутка и.. Си купив само кондури за 700 денари и едно ланче од пуста мака за патот што го направив до таму. Од облека ни о. Џемперите што беа по 250-300 денари беа целите некакви светкави да не речам баш како од Шутка. Јакните исто така скапички од 1000 па нагоре све беше. Единствено имаше убави памучни маички на долги ракави за 150-200 денари,ама демек универзален број,а го гледаш во ракавчињата малечко. Е, чорапи и гаќи имате 6 за 100 Прслучињата од 150 до 250, иста цена како повеќето продавници. All in all овој пат од Шутка се вратив со празни ќеси и разочарана фаца.
Јас сум од друг град па утре одам Скопје и успат сакав да поминам шутка.. дали има нешто и дали вреди да се оди?
Јас бев во Шутка со моите пред една недела. Обично одиме за да купиме чорапи, маички, хулахопки, фармерки, тренерки, па и по некоја маичка овојпат многу се зачудив со тренерките, обично се наоѓало комплет тренерки (онака за по дома) до 1000 денари, но сега слични модели беа мин 1500, па дури и до 2500 денари. Од друга страна, само долни тренерки се наоѓаат и за 250 денари....illogical :/ иначе фармерките беа од 500 до 800 денари, за маички и џемперчиња треба да се испотите за да најдете некоја што не изгледа како да е од Шутка палта и јакни како за ова време има, ама за многу малку може да се најдат поубави и низ град. Ме изненадија со накитот - слични ланчиња како оние на Дуки Дасо (па дури и поубави) беа од 100-300. 6 пара чорапи за 100-че, женски бодиња од 80 до 100, хулахопки од 80 до 150 Се надевам дека помогнав на оние кои сакаат да појдат во Шутка...have a nice shopping
со една другарка баш разговаравме за шопинг во Шутка-здравје да присоберам парички инаку одамна не сме биле-година ако не и повеке
Не! Во животот можеби само2-3 пати сум била. Сум купила едно нешто само како болеро и тоа нез со кој памет Работите ми изгледаат толку ефтино и боите и све.Повеќето работи им се накинџурени.А и од др луѓе што сум слушала и неквалитетни. Ако гледате на цената за тие пари може да се најде и во продавниците во центар и сл.Невелам све ,но на попусти кога има може и тоа како.Точно е дека во шутка имало доста работи исти а поефтини од тие што ги има во гтц ,но тоа се исто некој забутани и накинџурени продавници во кои не ни влегувам. Не ги омаловажувам таквите продавници а ни купувањето во шутка! Секој си има свој стил и вкус а мојот воопшто не се сложува со работите од таму. И пак кажувам за цените во шутка што се милион пати поубави работи можат да се најдат и на др места А и исто да се надоврзам на фалсификатите што ги имаат како адидас,најк ,конверс. Колку и да викаат луѓето дека се ефтини а "исти " со оригиналите.НЕ СЕ. Нив векот им е по неколку месеци а оригинал кога ќе се земе се знае се носи многу подолго,а и по изгледот одма се гледа дека е оригинал. Јачината на Бојата,Ѓонот ,не смрдат по 2 носења и слично.Но во се има исклучоци секако.
Во последно време често одам да купувам од Шутка. Има убави, квалитетни и ефтини работи. Утрово бев и си купив два пара панталони-хеланки од 300 и блуза за 250 и џемперче за 300. Живо џабе. Единствено од Шутка не купувам гаќи бидејки стварно не се квалитетни иако се ефтини и градници бидејки никогаш од таму не ми се погодиле.
Дали бил некој скоро ? Планираме со мм да одиме околе ноември имат ли убави чизми палта и сл ? и кко се цените
Јас бев пред некоја недела уште топло кога беше. И тогаш беше се катастрофа ништо посебно не ми фати око..само две џемперчиња по 250 зедов да не си одам со празни раце. Ама немаше ништо од зимска облека сега можда имаат донесено
Девојки, некоја ако била скоро да каже дали има чизми и како им се движат цените? И ако некој бил во продавничките за обувки на Бит пазар, да ми каже како се движат цените на чизмите?
Можам да одговорам за чизмите во продавничките на Бит Пазар - оние до колено и над колено, се движат од 1400 до 1800
Кој автобус да го чекам на Нова железничка за до Шутка? И од која страна да го чекам, од кај Зегин или од спротива?
81, 71 од државните, а 20 од приватните. Сите стојат од онаа страна кај што е билетарата, кај бензиската. 81, и 20ка одат директно до пазарот, додека 71 пак застанува на почетната станица во Шутка, па ако се симнеш тука ќе имаш за одење пешки околу 10 мин можеби и помалку додека да стигнеш до пазарот
Дали некој знае кој автобус треба да фатам од кај хотел карпош до шутка и од која страна да го чекам ?? )
Сестра ми беше и минатата недела и оваа и се изнакупи блузички и џемперчиња по многу мала цена.Се движеле од 150 до 600 да речеме.земала од поефтините еден куп во сите бои.Има сега за менување,башка интересни се убави.Имало и новчаниви и ташнички нови донесено и интересни.Имало фармерки панталони околу 600.Јакни до кај 1600.И така...