Јас знам, дури и наведов што има во шутка последниот пат кога бев, nevermet18 не знае. Незнам ни јас како.
Јас имам многу пазарувано во шутка, од џемперчиња со крзно внатре 400 денари во ск 600, јакна со крзно внатреа 1500 во ск 3500 денари. Блузони по 200 денари во ск 500. Овдека сите купуваат на големо, а во градот препродаваат по астрономски цени. Кој е од ск,знае. Едино не може да се спореди со робата од Турција и Грција. Јас порано купував фармерки но често ми пукаа, па престанав да купувам од таму. Мене фармерки сега по мерка ми носат од Грција и Турција.
Јап. Не одам по пазарите јас, или што и да е тоа За ова Шутка, знам само дека се продава облека, а каде се наоѓа, ова она, ноуп. Искрено, не ме ни интересира.
Nikogas od Sutka. Kupuvam samo kvalitetni proizvodi od provereni brendovi. Nema potreba da se kupi nesto eftino so kratok rok na traenje koe treba brzo da se zameni so nov proizvod bidejki ne gi zadovoluva standardite na kvalitet.
работи ли Шутка во понеделниците? Ми кажаа имало доста убави работи па мислев да тркнам пред нова година
raboti i vo ponedelnik no ne se site tezgi otvoreni podobro e vtornik do nedela ama ako nemas drug den slobodno modze i ponedelnik
Јас мислам дека ќе работат,затоа што Бадник е не работен само за христијаните,додека пак Божик е државен празник
да пазарам од шутка и морам да кажам дека сум задоволна од тоа што го нудат. имаат добар избор баш за мој вкус и мн. ми се допаѓа.
А дали овие автобуси застануваат на постојката кај Државната болница,а ако не тогаш кој автобус од Државната болница оди до Шутка?
Не и нема таков што оди од државна. Од државна можеш да фатиш 50 или 9, па на Битпазар да чекаш некој од овие два. 20ка оди на релација Транспортен центар (железничка) до Шутка, а 19ка од Карпош 3 (кај Сити Мол) до Шутка.