Јас бев вчера исрено фустанчиња и сукњи не гледав баш а секако има по нешто излзожео... од страа а сукња видов само долги по 250 беа. Ниски сандали ако мислиш на оние римјанките (кај ас така ги викаме) имаше по 700 ден некаде беа, секаден различно ама поскапи од 700 сигурно не.
Сум пазарел порано како мал,со мојте родители но одамна немам отидено да видам што има,едноставно времето не ми дозволува :/
Јас сум била 2-3 пати и повеќе никогаш нема да одам. Толкави гужви, викотици, крадења, ценкања...не можам да ги поднесам. Плус воопшто не се исплатува да одиш за една ташна или фустанче...кога истите тие работи можеш да ги најдеш и по бутици скоро за иста цена. Повеќе им одговара таму да одат на оние што купуваат на големо за по бутици. Им даваат попусти. А вака се малтретираш, треба 10 очи да имаш отврено наоколу од луѓето и се тоа за фармерки, фустанче или не знам што истото можеш да го најдеш по трговски.
Не сум од Скопје ама сум била во Шутка два-три пати. Си купив преубави фармерки за некои 700-800 денари.
Купувам од шутка и не се срамам од тоа има доста избор и многу ми е глупаво кога на некој ќе кажеш дека си купил од шутка пошто одма ауу како од шутка како можеш од таму да купуваш
Не купувам од таму. Прво мрцварење е, од сите страни смрдеа и гужва. Јас пазари у принцип не поднесуем. Друго, никогаш не купувам многу ствари наеднаш па да ми се исплати трошокот за патот.
Порано почесто, а и сега не е шутка ко што беше, поскапо е доста, а низ градов ефтини партали има еден куп. Једино кога сакам да купувам тренерки само таму одам, истите што ги има во адидас, најк, конверс, со сите етикети оригинални и се ги има и во шутка, 100 посто се истите. Пред 3 год со мм си купивме од шутка тренерки, моите 1.500, неговите 2.200 ден и ги видовме истите баш истите во адидас, само што моите беа 4.700, а неговите 6.400
Има ли зимско\есенска гарероба? Конкретно ме интересира за блузички со долги ракави,џемперчиња и одприлика како се движат со цените?
Сум била и пак ке одам некогаш...Многу е поефтино за разлика од бутиците,а иста гардероба.За 100€ преполни кеси гардероба,неможам дома да влезам
До сега само еднаш имам отидено и си изнакупив многу работи за малку пари.Сакам да отидам деновиве,била некоја од вас сега брзо? Како се движат цените на патиките,фармерките,има ли блузи на долги ракавчиња и есенски палтенца ?