Сум слушнала неколку пати од луѓе муабет дека не пазареле од Шутка, Пренди или Певекс затоа што одма „сите“ ќе виделе дека е „дотерана од Шутка“. И не ми се допаѓаат вакви предрасуди кај луѓето. Далеку ми е Шутка и до сега 2-3 пати сум била и секогаш сум се враќала задоволна од шопингот.
Поздрав. Јас сум од Шутка. Член сум на форумов ме интересираше една Друга тема. Чепнав и наидов на оваа тема. Тезгаџија сум од шутка и работам само со текстил. Фер и искрено, да, некому му е срам да признава дека пазарува од шутка, сфаќам како е тоа, но, било кој да дојде и да пазари од шутка, како пиперки и патлиџани да купуваат, по 3 саата пробуваат, и на крај се ценкаат за 20 ден. ( Само без навреда ве молам). Сакам да кажам ако некому, шутка му е, "ќе одам ќе купам од таму, и ќе ми остане во шкаф од срам" па да си соберат уште 150-200 денари, и да одат на шопинг каде што нема да се срамат. Драги пријатели, прво робата во Шутка, е увезена од Турција Не е Made in Shutka без гајле . Нормално дека не се оригинали марките Nike, Adidas, Puma, Zara итн. Мое мислење, како велат колку плаќаш, толку добиваш. Поевтино е и со помал квалитет. Кој сака нека повели.
Никогаш не сум пазарувала и немам намера бидејќи Еуро Азија и Певекс се 100 пати поевтини од Шутка а квалитетот е каде каде поголем
Не грешам бидејќи братучетка ми си купи хеланки за 150 денари и ги носеше два три пати и и се скинаа.
Епа не сум пазарувала ама братучетка ми кажа.А и имам слушано дека многу лошо мирисало.Јас никогаш не би пазарувала на такви места
Imalo ubavi i evtini raboti nemam otideno no slusam od moite bliski,bez navredi ama nesto da kupis za 300den a toa vo butik e 600,pa za 300den i 2 3meseci da go nosis dosta e,a toa sto mirisalo normalno kako i dr nova garderoba ke se ispere i nema da mirisa.A za kratko vreme da se skine toa zavisi i parceto kako ke se pogodi,imam drugarki sto kupile maicki po 150 den pa ene 2god gi nosat i ne se skinati nitu pak boja da im izliti,zato vikam kako ke se pogodi,ima mn butici od tamu sto zimaat roba a ovde ne kazuvaat deka e od sutka mn normalno.Ne se pravam nekoja golemcika deka ne bi kupila od sutka,ako mi se pruzi sansa cela sutka ke ja dignam
А немам право да си го искажам ставот? Иако немам одено има слушано а кој сака нека оди никој не го допира.
Не пазарувам, а искрено немам ни намера. Ќе дадам уште + 200-300 денари али барем знам дека ќе биде марка и убаво и во тренд.
Не мора да начи дека ако нешто е купено од пазар и е ефтино дека нема да го носиш подолг период исто како што не е гаранција дека ако купиш нешто скапо дека е квалитетно.Кај нас овде има продавница кај што продаваат оригинал патики и спортска опрема,па еве јас знам блиски пријатели а и самиот мој сопруг секогаш купуваше патики и тренерки од таму што се над 6000-7000 дури и поскапи па џабе му беше,еднаш дури 4 пати му се врати на газдата за рекламација на патиките што му се скинаа по 1 недела носење,така да се е индивидуално
Јас сум била неколку пати во Шутка, а она што сум го купила, сѐ било шкарт. Набавуваат по фабриките фелерична роба (обично им се со фалинки ) кои кога ќе ги испереш, тогаш ќе ги забелешиш каде се, а и два броја помали ќе ти станат. Немаш саглам каде да пробаш, треба да купиш, па да се враќаш ако не ти е добра гардеробата. Робата им се влечкала секаде,дури делува ко носена, а тезгине им се на прометна улица. Добрите работи се поскапи, небаре у продавница купуваш ( а не плаќаат ништо ) . Закључок мој : Не купувам повеќе таму, колку пари - толку музика.
Девојче, 100% сум сигурен дека ниту си влегла да пробаш барем а ниту си купила од поскапите поквалитетните ствари. Шкарт носени и фелерични сигурно нема да најдеше на мојата тезга, и тезгите кај што јас продавам. Ете, јас продавам фармерки машки, женски кожни јакни, хеланки тренерки машки женски. Кај мене цените се од 600 до 2500-3000. .Abrakadabra поканета си на пониска цена, ако најдеш на фелерично, шкарт и не знам што. Гратис ќе имаш што сакаш од тезгата. Се наоѓам во шутка, карши БЕТ продавницата за кондури. Барај ме по името Марче и ќе мЕ пронајдеш.