И во еко и е лите се истите од шутка...добро не сите ама повеќето....зимата си купив тегет ташна од шутка за 350 која истата ја видов во елит-за 700 ден и тоа на попуст ми рече била
да пазарувам сега пред да почне зимата бев си купив фармерки три пара и џемпери од по 500 денари и тиролка за 600. Искрено нема некој кој не ме прашал од каде ми се толку се симпатични и убаво стојат. особено за фармерките сите другарки ми се попалија. Јас не се срамам од каде ми е гардеробата ако знам да ја искомбинирам и прилагодам на себе. Едни како најлон фармерчиња си земав за 600 денари абе топ за на мотор лудо делуваат и девојкана на брат ми леле колку се убавиииии сакам такви и ми вика од каде ти се викам 600 ден. од ШУТКА уи реакција па јас не одам и не купувам од таму вакво е онакво е . е од такви кој купуваат од еко а незнаат или се прават дека незнаат дека е истата роба
Штрумфета кој како си начекал. ЈАс имам купено неколку ташни од Шутка за 250-300 денари и сум презадоволна од квалитетот. Сега нормално дека по некое време патентот ќе се расипе или слично али тоа се прави на мајстор за 50 денари А за во Елит ти гарантирам дека 70% од ташните ги има во Шутка. Што мислиш они од кај ги купуваат? Само што во Шутка се на тезга, а овде во ГТЦ
Дали некој што бил скоро знае колку се скаените палтенца?лани купив од еко елит 1500,а сега ги нашминкале 1700-1800
Малце е офф ама да ви кажам зимово што ми се случи. Видов преубаво џемперче во еуроазија, на страдивариус и чинеше околу 1600 денари. Џемперчето беше стварно преубаво, ама не го купив од X причини. После една недела од факултет бев со другарките низ бит-пазар, купуваа накит од тезга што се викала Боттони (таа жена што продава на тезгата, носела накит од Бугарија ист како тој во боттони само нормално многу поефтин). На една тезга на бит-пазар го видов истото, ама потполно истото џемперче, ист материјал, иста боја, за неверојатни 500 денари. Само не пишуваше на него страдивариус и дечкото ми рече дека од туција ги носат. Заклучок, тие што се во ГТЦ мораат да стават толкави цени на гардеробата, зошто плаќаат огромна кирија, а тие на бит-пазар или во шутка плаќаат мала кирија и нормално е да ја продаваат по ниска цена. До некаде и мислам дека, од исто место купуваат роба и едните и другите, само зависи кој каде ја продава.
Исто и мене ми се има случено во еуроазија,значи претходно си купив блузичка од обична продавница за 800ден,а во еуроазија 1300-скрозззззз истата
Јас имам неколку чевли од Шутка. 3-4 пара. Последниве се крш! Никаков квалитет. Ама претходните беа добри. А ташната од Шутка една за 500 денари мислам беше 4та година ја носам ништо не и фали Иначе си купив тиркизен прстен од Бит Пазар за 50 денари. Еден исто тиркизен (понеубав од мојот ) на истата тезга беше 50, а во ГТЦ во продавницата до Божиновски е 800 денари ама БАШ ИСТИОТ! 750 денари разлика. Кај и да е ќе одам да видам што има во Шутка, да најдам термин преку недела слободен Али за во Шутка треба среќа да имаш да погодиш термин кога ќе им донесат нова роба, а и плус да имаш очи соколови да најдеш интересни работи во тие купчиња
Можно е да сум баксуз за ташни, до сега што сум сретнала ич ништо не ми се допаднало, ама за таа сметка се друго можам да си најдам . Задоволна сум од се што сум си купила.
Пазарувам од Шутка и имам многу работи купено од таму. Не сум била одамна, сигурно една година и не знам како се цените, ми кажаа дека ги зголемиле ама не ми се верува, Шутка си е ШУтка. Сега баш си купив патики од ГТЦ 1500 денари, ама мислам дека во Шутка ќе ги најдев сигурно за 500-700. Ајде здравје.Имате информации дали цените се исти како порано?
во шутка одам и тоа премногу ...па 90% од мојата гардероба е маде ин шутка...лани си купив ташна за 150 ден,а после заминав за Америка и таму кога ми ја видоа сите се попалија по ташната и ми порачаа ако одам пак ОБАВЕЗНО да им однесам па и кога кажав колку пари е,во несвест паднаа..и не се срамам да си кажам дека си пазарувам од шутка,дури и понекогаш си се гордеам,кога ке слушнам некоја другарка си купила блуза од гтц за 800 а ја истата од шутка за 400-500..се гордеам со фактот дека сум заштедила некој денар(повеке)..па понекогаш знам и да се почастам со нешто плус од заштедените пари ..нема срам девојки..криза владее во светот па мораме рационално да ги користиме парите.поздравче. SHUTKA RULES!!!
Би требало од 600 денари да се до кај 1300 максимум. Зависи какви сакаш. Другарка ми купила пред некој ден, 1200 денари, ама ептен убави патичиња.
Не гледам ништо срамно во тоа да се пазари во Шутка,некој ако има вкус ќе знае да си одбере облека и во Шутка и обратно,некој без вкус и во најскапите бутици прати го и пак ќе изгледа смешно
Имате отидено во скоро време да испазарите нешто ,јас сакам сабота или недела да одам со мајка ми, сакаме да си купиме по 2/3 пара тренерки знаете која им е цената таму од прилика . Нзнам кога да одам , викаат дека во недела било поскапо оти одело повеќе народ, дека слободен ден е ? Што мислите вие , а и кај е поевтино во Шутка или на Бит Пазар?
Претераа и Шутка значи цените ги опнале исто ко во гтц,да знаете се разочарав од цените...купив скаено палто-трочетврт интересен модел,1600ден,а фармерките така подобри од 800-1000ден тие шо ги земав беа 1000 ама демек попуст ми ги дадоа за 800 оти од истото место и палтото го зедов....