Едно време приметив истата роба што ја имаше во Шутка ја имаа и Body line во Гтц, но изгледа "ги прочитаа" па ми делува дека почнале да набавуваат роба од друго место Инаку има едно дуќанче една станица пред пазарот што продава роба на големо, јас си имам купено доста фини парчиња од таму и редовно начекувам газди на дуќанчиња од Скопјево кои си купуваат од тука роба, а кузнај колку ја препродаваат
Jaс само што бев денес и има многу убави фустанчиња во мега фешн и не се нешто скапи има и од 500 и од 1000
Eпа како што ќе одиш на битпазар има нели уличка и таму има аптека зегин и продавница знам јани јани шус и ке продужиш по таа уличка и пишува таму мега фешн ,не би требало да утнеш,а исто така има и спроти рамстор мега фешн
А каква врска има Мега фешн со Шутка? Плус Мега фешн не е во некоја "уличка" туку е апла на главниот булевар пред Битпазар.
Планирам да одам Викендот во Шутка ..работат ли во недела и до колку и дали има исто како порано се ефтинко и чанти и фармерки .. Позз
Работат , тезгаџиите се до 16,00 .Јас земав фармерки по 350 денари , и ташна 200 денари . Овие беа цените миантиот викенд