^Маца тебе тоа ти беше скапо? . Зависи и периодот како го погодиш, некогаш е скапо а некогаш е смешно ефтино
Па и не знам баш дали во центар ќе најдеш палто за 1600 освен во еко или елит. Тие навистина ти се шутка. А да има фармерчиња евтинки во таа продавницата што е на влезот на гтц само за фармерки си е, не знам како се вика
Па да ама јас не барав кожно за тие пари нели туку скај,а 1500 биле во еко и елит...не е битно муабетот ми беше дека шутка е евтина за некои ствари ама у секој случај да заштедиш -нема шанса пошто исто ти е скоро све
Што сте се запнале за Еко и Елит? Нема само таму евтина облека. Мене толку малограѓански и евтино ми делува тоа што ќе го видам. И да се надоврзам, со патот што ќе го платите до Шутка ќе си купите низ маалскиве бутичиња нешто и пофино и поевтино.
За 1600 денари палто да идам до Шутка не би ми паднало на памет.Ќе додадам уште 1000 па ќе си купам од Центар, барем може поубаво ќе ми мириса и нема да се влечам по автобуси.Многу се занеле. Јас за Шутка имам еднаш кажано, дека сум видела штикли буквално истите од Центар, особено оние Аванти и се дупло поевтини. Па уште фармерки 1000 денари.Ако не знаат, во Евроазија на Бершка се 900, а и во Манго на попуст сум наоѓала ако ништо друго з 1200
Па стварно 1000ка има во ГТЦ фармерки низ елит, во таа првата во ГТЦ, имаше во Евроазија таа цена. Па и јакна од скај имаше во Џордан за 1000ка. Не е финтата за патот, за одењето, туку што се искурназија последнава година дена. Беа далеку поефтини, многу многу поефтини. Не беше разликата меѓу нив и еко да речеме 100 денари, беше мноооогу повеќе.
50 денари е такси во два правца? Јас уште од мала повраќав по автобуси од што не можам да ги поднесам, не ја трпам таа гужва внатре. Поентата ми беше, во Теранова, Калиопе, Њу Јоркер, ВИП, Мотиви...на попуст се купува поевтино и од тоа во Шутка.
Во шутка фармерки обавезно ќе си купам, секогаш си наоѓам за 700 денари посебно во една голема продавница на почетокот што е. Исто така и во продавницата што погоре ја спомнав, скоро истите моделчиња ги има како во шутка а цените им се тука некаде исти, дури малку повисоки. Во еко и елит сум си купувала некои блузички, џемперчиња а за фустанчиња што сум гледала искрено не ми се допаѓаат. Ептен некој исклучок ама тешко.
A била некоја во брзо време? да ми кажете што се може да се најде? дали има пролетни фустанчиња и по која цена? кошулки некои интересни? и цена ај плс
Aj овие другиве ок имаат јаки попусти. Ама ВИП не се за у групава и за споредба со Шутка. Дај боже да беа Фустани во ВИП 2500 цветни, на пазар 1000ка, а и во Шутка тука некаде. Во ВИП фармерки и панталони над 1500/2000, у шутка имаш и за 600. ВИП е продавничка која си носи постојано, секоја недела роба, многу модерна, ама и не е ефтина, ич не е ефтина. Споредба со Шутка мало морген
Јас не купувам во ВИП. Ама ми изгледаше од надвор на таква продавничка, имам едно капутче само и не го платив скапо. Инакууууу, робата цела од Солун им е како што сум заприметила, што значи таа што ја има таму ја има и по маалскиве продавници за облека, верувам по помали цени.
Не сум отишла ниеднаш до сега , ама ќе одам.Татко ми беше неколку пати и ми донесе ептен квалитетни сандалки за бадијала. Истите тие се продаваат по овдешните бутици за 2000 ден , а таму ги зеде за 500
Најубаво е преку недела, затоа што нема гужва. Но, во понеделник не, затоа што многу од тезгите не се наместени. Најверојатно сакаш и пазарот да го прошеташ. Ако можеш да трпиш гужва тогаш преку викенд, ако не четврток , петок.
Сум била неколку пати, ама пред две-три години беше тоа. Си купив неколку блузички, фармерки и едни шорцеви кои сеуште си ги носам. Може и пак би отишла, зошто да не.
Бев минатата недела,сеуште нема многу пролетни работи..тренерки има убави, кошулчиња(ама не се толку ефтини, ги има и по продавничкиве,за скоро иста цена), фармерки има ефтини од 500-1000 , хеланки има убави (микрофибер) , балетанки интересни, патичиња..али у глобала не е толку ефтино ко порано