Баш бев пред некое време си изнакупив свашта има многу убави и евтини работи само треба да разгледаш убаво јас на пример си купив џемпер од 300 кошула 300 фармерки 700 и си најдов блузички п 200 за мерак си купив 6 од тие си купив и ташна од 400 и ранче од 350 ,сакав и патики да земам ама се мислев и на крај не земав и сега ми е многу криво а напорно ми е да одам пак затоа што не ми е баш блиску хаха.
Пред месец дена прв пат купував во Шутка. Навистина е поефтино, купив една ташна за 300 денари, што во останатите градови нема шанси да е подолу од 500..
каде и да купуваш ако внимаваш и ја чуваш облеката ке ја носиш подолго време инаку во шутка има многу убави работи кои може да се купат и по пола цена за разлика од бутиците низ град
На пазарот има многу неквалитетна облека и тоа 70% а останатите 30% не е лошо ама треба многу да бараш. Во бутиците околу што се има избор и не е баш за пола цена, но за едно 200 ден пониски од бутиците низ град. Една кошула беше 500 ден, а во ГТЦ 650 ден. Имам купено комплет тренерки за 1600 ден и првиот месец се извлекоа конци и меѓу нозете како прозирни. Чизми со крзно и внатре крзното како да се стопи и воопшто не ме топлат. Сега евтино купувам само маички и фармерки за да имам за менување, а комплет тренерки, јакни, патики, чизми, пижами гледам да е малку поскапо и со квалитет.
Одамна не сум била во Шутка. Има отворено многу продавници каде што има евтина гардероба, така што не ми исплати да одам до таму. Има еден бутик кај мене во близина. Гардеробата им е со цени како во Шутка. Блузи за 300-500 денари,пантолони за 400-600 денари, маички за 200-350 денари, фустанчиња за 350-600 денари.
Епа тогаш ќе те мачам да ни објасниш подетално каде се наоѓа примамливиот бутик, за да го најдеме полесно
После пазарчето во Ѓорче се врти десно. Се поминува мостот и се оди само право. Кога ќе се поминат семафорите, се оди право и позади паркингот е бутикот. Не. Пазарот во Ѓорче не е во близина на Сарај. Најдобро е да одиш со 22ка или 64ка. Те симнуваат одма пред бутикот. Пазарот е одма до црквата.
Да ама ме збуни со семафорите а Ѓорче со Партизанска 2 кружни тека. Станицата Ѓорче Петров од едната страна е кај јсп гаражата(карши пазарот), а од другата страна одма кај амбулантата. Да не мислиш бутикот дека е во American construction зградата? Кај што има и продавница за играчки за деца
Ne pazaram.No ne poradi toa sto e Sutka ,nemam problem so toa , moze da se najdat dosta evtini raboti , a kvalitetni i po vkus ,bilo kade ne samo tamu. Imam slusnato , a i uvereno deka golem del od istiti raboti gi ima i vo nekolku prodavnici vo GTC , kako i vo nekoi maalski prodavnicki. Jas ne pazaram ,bidejki ednas sum bila poodamna i se mi bese nekako rasfrlano , da kazam ne bese organizirano ubavo ,a i ne najdov nisto sto mi se dopadna licno mene.Posle toa isto taka ne skoro, bev uste ednas , drustvo da pravam i si rekov mozebi ke najdam i jas nesto interesno ovoj pat, no i toj pat bas nisto ne mi padna vo oko za da go kupam.Sega kako e so organiziranosta , cenite i sl. ne znam , no sigurno nema da otidam veke nikogas poveke.
Во бутикот кај што купувам јас, цените се исти. Не ми се исплати да купувам од Шутка. Од исто место земаат роба.