Кога купувам од Шутка се ми се погаѓа неквалитетна роба зошто кога идам во Шутка купувам фармерки 700 или 800 денари кога поубави може да најдеш на попуст во Koton и Waikiki за тие пари затоа не ви препорачувам да купувате од Шутка само ќе се излажете со тоа дека е поефтино а исти се цените и на други места.
Нема есенска гардероба,сеуште имаат летна роба.Два дуќани имаа како дуксерчиња блузи и некои наметки од минатата сезона.Во Сабота јас бев.Сигурно следната недела би требало да имаат.
Страшно ме иритираат луѓе кога ќе речат дека никогаш не биле во Шутка. Па кога ќе речат "не носам јас циг*нска гардероба".. - Извини сестро за тебе, твојава гардероба е со злато, сребро, дукати. Да знаеш дека едни сироти дечиња во Индонезија/Виетнам/Индија ја прават за 2 долари на час.. Што е толку со тоа.. Јас сум била многу пати, сум носела гардероба, значи ја зимаш, ја переш, ја носиш. Плус, да бидеме реални, мнооооогу од бутициве, не само во Скопје (да не ги навредам Скопјани), купуваат од Шутка и ја препродаваат за многу повисока цена. Истата роба е.. Од каде зимате роба? Строго од Турција.. Мхм, да, ако Турција е во Скопје.
Па има и такви што сакаат, бидејќи кога некој ќе ги праша од каде им е, можат да го кажат името на продавницата, а вака ќе треба да викаат мајка ми ми го купи или подарок ми е..
Пазарувам од Шутка, само што не купувам единствено козметика. Гледам дека им се отворени, пробувани и само по однос на козметика ми е страв. Инаку си купувам многу работи од таму. Посебно накит и ташни. Многу ефтини. За зимно време имаат убави јакни и чизми. Во дуќаните низ Скопје се со +1000 разлика. Не патам од комплекс дали е од Шутка. Носиш переш, и спремно е за дотерувка.