1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали патувањето на подалечни дестинации ви е пасија

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од kva, 6 септември 2013.

  1. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Сакам малку да продискутираме за патувања на подалечни дестинации, колку често патувате,
    каде сте патувале до сега(освен во соседството), колку пари трошите, дали систематки штедите во тек на годината за патување, во смисла нема да трошам толку на гардероба и излегување на кафиња,
    но ке отпатувм некаде далеку?
    Дали редовно однапред цела година знаете каде ке патувате следната година?
    Значи зборувам за патувања од задоволство, не за годишни одмори.
     
    На Gocaa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Интересни прашања :)
    За да се одговори сепак требаат неколку работи да се разјаснат, посебно што е подалечно, бидејќи има голема разлика меѓу одење во САД, Бразил, на Малдиви и сл. каде се потребни многу пари, а некаде и многу документи, од одење во Шпанија или Франција на пример.
    Кога се работи за овие вторите (во првите признавам не сум била), полесно достапни дестинации, два момента се битни - парите и друштвото. Сум била на патувања и сама, и со партнер, и со другарки, и сите повлекуваат различна организација.
    Сама кога одев беше поскапо секако, пред се бидејки многу повеќе треба да се внимава на сместувањето - во кој дел од градот е, колку е оддалечено, да е безбедно - и изборот станува поскап.
    Од друга страна тогаш точно знаев кога ќе одам, кај ќе одам и што ќе правам, кога се оди со друг е поинтересно, но потребни се компромиси. За солидна организација мислам дека 2-3 месеца се оптимални.
     
    На Tanjamm и kva им се допаѓа ова.
  3. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Се согласувам, има прв појас :D на далечни дестинации овие во Европа и втор, преку барата.

    Да така е , кога патуваш сам поелсно се организираш, додека со друштво мора компромиси.

    На пример јас сама имам патуван во Италија. До таму со авион, а таму зо воз.
    Смештај си букирав преку и-нет и тоа оние младинските поефитни, не ми е битно комодитет, само да имам каде да преспијам.
    Потоа цел ден по град лутам.
    Обично сакам да пробам од локална храна, во Италија се знае пица и сладолед, и кафе се разбира :) .
    Сладоледот им е прекрасен, кај нас во Џино што го прават ни оддалеку не е како во Италија.
    Кај Фонтана ди треви најубав сладолед сум јадела, а за кафе, кога се симнувам од воз на железничка во Рим, прво кафе пијам во едно барче.Незаменлив е вкусот и мирисот на тоа кафе.

    Во Фиренца сум спиела на периферија, во шатор. Има камп на едно брдо, се вика Микеланџело.
    Го одбрав дека бече најефтина понуда за спиење ;) , и спиев на полско креветче.
    Кога човек е помлад и разлика од 5 еур за ноќевање е значајна, 3 дена по 5 еур се 15 еур, ќе јадеш 3 дена. Храната таму е ефтина. Не зборам за седнување во ресторани и чаталење, т уку да се задоволи потреба на организмот.
    Всушност западњаците додека се помлади така патуваат, со ранец на грб, едни апостолки и не бараат многу луксузи, најбитно е да се прошета светот, да се прошират видиците, дда се видат знаменитостите.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Е да, годините се многу битен фактор :) И јас во Берлин сама спиев во младински хостел, во соба што ја делев со 6 други, ама тоа кога имав 21... Затоа пак на 30 и кусур кога отидов во Мадрид загледував детали од типот кај е, што хотел е и не знам што... На крај најдов многу пристојна цена, ама за хотел со 4* :D
     
  5. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.788
    Допаѓања:
    131.404
    Не знам дали се декларира како пасија, ама сакам да патувам. Обично практикувам еднаш годишно да отидам на неколку дена во некоја од европските земји. Кафиња не можам да си ускратам, затоа што тие ми се пасија :D , ама можам да скратам купување гардероба и други трошоци што не се многу потребни.

    Најмногу сакам да одам во април/мај. Тогаш времето е најубаво за шетање. Во лето не ми се шета, не можам да го искористам цел ден за шетање, напорно е.

    На подалечни дестинации не сум била. Мислам на прекуокеанските. Сепак, за таму требаат многу повеќе пари. Во Европа обично одам на неколку дена, и без деца. Aко се потераш преку океан нема поента да останеш кратко, а за подолго да одиш без деца нема смисла. И кога ќе видиш, за четворица отишла една кола :D Баш би сакала да одам, можеби за година или две. Да му отидам на брат ми на гости, никогаш не сум била. Куќа, деца... не дошло на ред. Не се само авионските карти трошок - ако веќе одам преку океан, сакам убаво да се прошетам, не само кај него да седам.

    Се надевам дека ќе имам можност да отидам барем во една земја на секој континент. Колку да ги осетам различните култури. Европа веќе ми е монотона, спремна сум за нешто повеќе :D . Не сум била во скандинавските земји, можеби ќе понудат нешто различно, ама другото ми е исто.
     
  6. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Јас морам некој ден да одам во Шведска, не знам зошто уште од мала таа земја многу ја засакав. Сега со WizzAir стана подостапно, па секако ќе стасам и до таму.
    И Њујорк ептен сакам да го посетам, ама засега тоа не е во картите...
    И да, испаѓа многу повеќе патував надвор од Балканов пред да се омажам... Сега често одиме на викенди, зимување, летување, ама се сведува на Грција и Бугарија (освен Венеција за годишница).
    Апсолутно се согласувам дека април и посебно мај се најубави за шетање :)
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Од подалечни дестинации сакам да одам во Перу, на Мачу Пичу, но никако да почнам да штедам пари :D. За таму се потрбни троа повеќе отколку овде во Европа.

    Првиот ЕУ град во кој бев беше Виена. Кој културен шок |-) ! Во градските автобуси имаше илустрирани магазини, си ги читаа луѓето , им доаѓа станица ги оставаат и си излегуваат.
    Хартивче по улици никаде.
     
  8. borkalinka7

    borkalinka7 Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Значи многу сакам да патувам,најмногу од се...желба ми е да го прошетам цел свет.....
    Имам одено во Шпанија,Германија,Франција,Италија,Швајцарија,во Австрија во Виена,а сеуште не сум била во Турција,а имам желба да ја видам Прага....А одгодина здравје планирам во Америка на прошетка еден месец
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    1.822
    Уф каква желба имам да ја ишетам Европа!

    Да ги видам сите убавини, да ги запознаам различните култури, јазици. Имав едно подалечно патување летово, и уште повеќе ми се разгори желбата за тоа. Но парите нормално се проблем. Т.е парите не се проблем, парите ги нема |(

    Затоа неодамна започнав да си кратам некои трошоци и неприметно да си тргам на страна по некоја паричка. До наредна година се надевам ќе соберам доволно за некоја убава дестинација во Европава. Не сакам да барам од мајка ми, сакам сама да се снабдам, ако ништо друго барем одреден дел од сумата.

    Си ја имам, ме чешка :D
    [​IMG]
     
  10. Gocaa

    Gocaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2013
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    90
    Ква,
    ти ја сфаќам многу добро целта на темава, ама колку што гледам, кај нас ова “тенка работа“ :geek: .
    Никој не штеди во тек на годината за едно добро патување, очигледно.
    Наши дестинации остануваат соседствата, а најмногу нашиот јужен сосед.

    Мал е бројот на млади луѓе кои би се откажале од секојдневните задоволства, цигари , кафе,
    џиџи-миџи гардероба и акцесорис во тек на годината за да можат еднаш во годината да си дозволат
    една добра екскурзија во Европска земја, како за почеток.

    Не можеме да се мериме со западот ние сеуште сме далеку.
    Тие ќе облечат едни апостолки, еден ранец, и цела Европа ја минуваат.
    Не бараат многу луксузи, јадат сендвичи и што ке најдат, понекогаш
    бараат манастири или прифатилишта да преспијат.
    Едноставно си прават авантура без аранжмани како што погоре кажа дарси.

    И тоа е многу интересно.
    Јас така сум била во Франција. Многу интересно си поминав.

    Тешко кај нас некој сметка да си направи дека за секој ден по 1 еур за цигари заштедува 365 еур годишно. Плус ако внимава на кафе излегување и шеми, ако се скрати гардероба,
    може на годишно ниво 700 еур да се заштеди, ете ти едно патување (а плус ако ги вклучиме и парите за годишен одмор :) , таман).

    Ќе ни треба време да се извлечеме од балканското помодарство.
     
    На Annath, Hipica, kva и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Читајќи ги мислењата во темава, заклучив дека малку поразлично ја сфаќаме пасијата кон патувањето.

    Пред некоја година во Охрид нé пресретнаа Французи кои ни побараа помош за да ги упатиме бидејќи не можеа да се снајдат. Дечките сакаа да се искачат на Галичица и бараа некој што има таму викендичка, куќичка, бачило на крај краева каде би можеле да преноќат. Значи единствено бараа покрив врз глава, за да можат да преспијат. Не бараа никакви луксузи, ниту основни работи како вода и струја. Беа дојдени со огромни ранци, и така шетаа од место на место низ цел Балкан. Немаа резервации во хотел, туку само мапа на која имаа обележано дестинации кои им се во план да ги посетат. Каков смештај ќе најдат - таков. Не им беше воопшто важно.

    Ете тоа е пасија кон патување.
    Да одвоиш пари на страна, колку можеш, а потоа да ги искористиш за што е можно повеќе дестинации.
    Не е пасија цел буџет да го потрошиш за еден одмор, само за да си дозволиш поголеми луксузи.
    Не е пасија да отидеш само на летен одмор, а потоа цела година да ја поминеш дома.
    И дефинитивно не е пасија кон патувања, ако отидеш некаде и парите ги потрошиш на партали.
    Барем јас тоа така го сфаќам.
     
    На Trendafilka, imelda, Andola и 3 други им се допаѓа ова.
  12. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    И јас :)
    Затоа отворив посебна тема.
     
  13. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Можеби темата би била поактивна ако повеќе дискутираме за конкретни прашања во врска со патувањето како пасија, не знам :)
     
    На kva му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.090
    Допаѓања:
    11.257
    Јас не сум многу шетана, на едно патување сум посетила три града во Франција, еден во Грција, неколку во Србија и тоа е се. Имам желба ептен, само со работни обврски тешко е да украдам време, а и треба пари секако. Не дека до толку немам, ама секогаш е праашњето “Да ги потрошам или да ги заштедам“. Едноставно се нема пари за се. Би сакала да одам во Бугарија, блиску е , па потоа ќе му ја мислам за подалечни дестинации.
     
  15. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    1.822
    Се согласувам со тебе но, едно е да ја имаш пасијата, а друго е да имаш можност. Што се однесува до мене како што спомна некој погоре веднаш би зела ранче со основни предмети и би ја шетала цела Европа. Верувај тоа ми најголема желба баш така како што опиша за французите, токму тоа го прави патувањето дури и повозбудливо и поинтересно, сам да се снајдеш. Луксузот воопшто не ми е битен за такво патување. Но, треба да имаме во предвид дека дури и покрај смештајот, тука се трошоци и пат и за храна, која на други места е многу поскапа. Не може баш да се споредиме ние со французите како нација, нивните плати и живот.

    Со самото тоа што се работи за девојче што е израснато од самохран родител кој се грижи за две деца. На моиве 18 години, нема шанси да добијам дозвола од мајка ми (која е премногу грижлива жена) за слободно шетање низ Европа на моја глава и без резервации. Нема ниту доволно пари да соберам, не ги печалам јас тие. За сега доволно ми е барем еднаш во годината да излезам од Македонија и да посетам место што не сум го посетила. Со оглед на тоа што годинава за прв пат отпатував подалеку и тоа со парите што ги добив од матурата, дури прв пат што се вика во море влегов. Затоа реков дека ќе си кратам некои задоволства. За моиве години доволно е и тоа, понатаму кога и сама би се снабдувала финансиски дај боже да одам на такви патувања, сон ми се!
     
  16. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Е да, менталитетот тука е поинаков од северна и западна Европа, каде после 18 години младите целосно одлучуваат сами за себе. Кај нас (и секаде на Медитеранот) од една страна финансиите, од друга и заштитничкиот став на родителите (не велам дека ова е лошо, едноставно такви сме) не дозволуваат да се земе ранец и да се шета по светот.

    Јас главнината од моите патувања ја направив преку студентски организации, без сигурноста која во очите на моите родители тие ја нудеа (а и цените на чинење беа многу помали во однос на сопствена режија!), немаше шанса да видам добар дел од местата кои ги посетив. Кога се запослив и можев да си дозволам се организирав со пријатели да одиме некаде (или пак одев во посета на луѓе кои надвор ги запознав), па така и видов повеќе од Европа. Сама сум била само на делови од патувања - на пример во Белград на гостти, а во Загреб сама, во Шпанија на гости, а Мадрид и Барселона сама, во Англија кај другарка, но потоа во Лондон сама...

    Секако сега кога се омажив организацијата е сосема поинаква, за среќа и сопругот сака да патува, но засега се сведува на околните држави и една прослава на годишнината во Венеција :)
     
    На Ann.94 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Мнооооооогу сакам да патувам! Да имам многу пари, одма би дала отказ и 365 дена би го шетале светот. Сега размислуваме да одиме во Дубаи, гледаме дека има добри понуди за во октомври, со летови од Скопје, па ме интересира дали некој/а од вас била во Дубаи, дали е подобро да се оди во хотел во градот или во хотел на плажа...уствари за секоја инфо за Дубаи би ви била МНОГУ благодарна!!! :*
     
  18. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Taka e без пари никаде не можеш да одиш :) .
    Мислам дека Гоца даде убав пример како може да се штеди.

    Имам патувано доста , но не од пари. Едноставно си штедиш во тек на цела година, и плус ке ги додадеш парите кои и онака ке ти требаат за годишен одмор.
    Мислам дека со добра математика , може да се заштеди за едно скромно патување.

    Може на и-нет да се букира смештај во хостели, и тоа по поволна цена.Јас так имам букирано и се било безбедно. Значи ако некој се плаши за безбедност, да ви кажам во Европските земји тоа не е воопшто проблем. Додека за транспортните трошоци, има попусти со воз за студенти. Таму кога ке те видат на шалтер , одма те прашуваат дали си сутдент. Сега незнам како е, но во мое време си вадиш интеранационална студентска книшка и со истата имаш попусти.

    А за храна, таму е поефтино, ке си купуваш по супер маркети, сендвичи, пици на парче, ке се снаогаш некако :D .
    Е сега ако ние си замислуваме да одиме по пицерии, по кафики,...
    Битно е додека си млад да се прошеташ, да видиш свет, а тоа што си јадел и пиел таму ке се заборави уште следниот ден.

    Ако некој има конкретно прашање нека постави.

    Некои како проблем ги спомнаа родителите. Е тука немам што да кажам.
    Сум имала подршка од моите за патување, не било проблем.
     
    На FridaKahlo му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.788
    Допаѓања:
    131.404
    Зависи каков тип на патување сакаш и дали имаш друштво за тоа.
    Јас познавам луѓе кои имаат пасија за патување, но сакаат да одат во луксузни хотели. Според мене, едното не го исклучува другото.

    Од друга страна, јас сакам авантуристички патувања, без планови, ама не можам да ги остварам. Кога бев помлада немав пари, а сега немам друштво. Лепо друштво сака строго по хотели да иде :D
    И најголемата болка, никој не сака да шета по природа. Поубаво им е да седат во хотел и да пијат пиво или шодае.
     
    На RedWine му/ѝ се допаѓа ова.
  20. RedWine

    RedWine Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    61
    Да! Сакам да ја посетам Азија, ама знам дека треба малку подлабок паричник за таму.Не дека храната и сместувањето се многу скапи,туку авио билетот до таму. И јас како @Ariel ,се обидувам на друштвото да докажам дека не е се до пиење пиво по цел ден и бањање во базен во Турција,Тунис,Шпанија или на некое друго место,ама никој не ме слуша ;(. За нешто повеќе пари од тие што ги трошиме на All -Inclusive одморите може да се отиде во Тајланд на пример.И да се ужива во природата. Ама они ми викаат да си одам сама и да јадам бамбуси ако толку сакам (facepalm).
     
    На ana-milo и Ariel им се допаѓа ова.