Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали повеќе боли туѓиот успех или нашиот неуспех?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Svetilka, 7 декември 2011.

  1. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.425
    Допаѓања:
    91.515
    Пол:
    Женски
    Ме боли мојот неуспех многу нормално. Посебно кога ќе си удрам два, три шамара за да се свестам колку и што можам. Но, ќе бидам искрена и ќе кажам дека ме боли туѓиот успех, кога знам дека тој/таа не заслужил/а па и капак на се ми зборува цело време лелле ти уште не направи ништо види ме мене.
    Глуп пример но знаете имам дечко од друг град, врска која не е многу успешна и другарка цело време ми труби - Леле види се ти, види ме мене. Па види каква врска имаме ние , шетаме , ова -она, а вие ништо, лелле како издржуваш, леле. Е тоа ме боли.
    Не би да пишувам други примери ако ме читаат би се пронашле луѓето.
    Се радувам кога некој успева, знам дека се трудел, славам заедно со него, но ме боли кога тој некој не мрднал со прст, а цело време кука како ми е мене.
     
  2. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Искрено немам морална дилема дал треба да да ме боли туѓиот успех или мој неуспех. Кристално јасно е, мојот неуспех е мој личен неуспех, сум ги имала сум се трудела енормно многу и не ми успеало, ама потоа сум научила според тие случувања како да го виткам рбетот. Смирено си го прифаќам, ако можам ќе го исправам, ако не одиме кон друга цел.

    Туѓиот успех, никогаш не ми создава завист. Секој го постигнува на секаков начин, дал со клевета, дал со грабање на функција или пак со витиснки труд. Ако е на нечист начин само можам да плукнам и да згазам на нискоста, ако е вистински труд можам да им дадам благ наклон и да го споделам..
     
  3. Justice.Girl

    Justice.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Мене лично, не ми пречи туѓиот успех, но ни мојот неуспех не го сметам за трагедија :) Неуспехот е една лекција плус и не треба да не обесхрабрува! Секако дека нашиот неуспех често боли, но не би требало да се разочаруваме :)
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Јас не сум тип на личност која се сити на туѓа несреќа, ниту пак личност која што би завидувала на туѓ успех! Туѓиот успех, искрено ме радува..иако - знам дека никој не би се израдувал на моја среќа, али шта чеш, нек се угоде. Јас сум таа што прва ќе покрене иницијатива за славење на тој успех. Им посакувам на сите најдобро!!
    А мојот неуспех, секако дека ќе ме боли, но затоа за наредниот пат, веќе имам искуство, и нема време ниту пак простор за неуспеси. : )
     
  5. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    За туѓиот успех многу ме боли к**. :) Освен, да бидам искрена на моменти знам да бидам љубоморна. Зависи од ситуацијата.
    Сопствениеот неуспех...е ова навистина боли :| Колку и да е силен еден човек и колку и да не признава за тоа, падовите и поразите, за жал, сите тешко ги поднесуваме.
     
  6. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Не знам како да кажам, а да не изгледам завидливо, кога мене не ме боли мојот неуспех, туку туѓиот успех.

    Кога нема да успеам, паднам, ќе станам, ќе продолжам, можеби со поголема сила и елан од претходно и самодоверба на својот грб дека ќе успеам.
    Премногу пати ми се случило FAIL во животот, но повторно ги градиме нештата одново, на подобар начин и секако дека е неизбежен успехот.

    Туѓиот успех е поле, каде што јас можеби не сум доживеала ниту неуспех, ниту успех. Нема зошто да љубоморам и да му завидувам на оној што успеал, можеби ќе му пружам рака, воопшто не ми е во карактер да се опседнувам со туѓата среќа, самосожалувајќи се себеси зошто мене не ми е така.
    Но ќе се изедам себеси, онака лично поради себе.
     
  7. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Секако дека повеќе боли нашиот неуспех. А ова за туѓиот успех изгледа мислите на успехот на нашите противници или непријатели. Успехот на мојата најдобра другарка, моите родители, роднини, брат иако е туѓ ме восхитува и се радувам поради тоа. Успехот на моите блиски исто како да е мој успех!
     
  8. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Мене лично, не ми пречи туѓиот успех, секој што се бори да успее го заслужува тоа.Посебно ги ценам борбените жени кои се борат да успеат во животот. Но, ни мојот неуспех не го сметам за трагедија. Ако во нешто не сум успеала значи не сум се посветила доволно на таа работа.
     
  9. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Ме боли мојот неуспех кога трдуд и врме сум вложила во нешто, а тоа ми се вратило со неуспех. Туѓиот успех ме боли само кога е неправедно и не заслужено стекнат, а кога е правилно стекнат знам и тек како да се радувам и да ми е мило како јас да сум го постигнала тој успех.
     
  10. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Туѓиот успех може да ги боли само оние, кои сопствениот неуспех толку многу ги иритира, до граница да ги фрустрира, што причината за истиот ја наоѓаат секаде наоколу само не кај самите себеси.
    Алибистички пристап кон работите е најлесната можна опција. Па зошто да поработам на себеси ако можам да го обвинам целото општество и да ми биде полесно на душата?!

    Само, не секогаш туѓиот успех заслужува ругање од типот на - „ете, ништо не знае, а ја протнале таму затоа што вујко и е владика“. Па и да е така, big deal! Не ми се допаѓа но што можам јас со тоа?

    Всушност, никогаш не ја разбирам онаа опседнатост на луѓето со другите. Туѓиот успех, ако се работи за успех на моите блиски, може само да ме радува небаре е мој. Нема разлика, а јас а тие! Подеднакво ме грее срцето.
    Ако е успех на некој кого не го познавам, може да го игнорирам евентуално да речам - машала.

    Може да ме боли, само ако е постигнат со забодување на нож во мојот грб.

    Во сите останати случаи, енергијата ја пренасочувам кон себеси и постигнување на сопствен успех. Помалку време за глупости, повеќе време за себеси. И животот, е полесен. Повеќе ќе се запоти човек, но полесно е кога знае дека лее пот за свое добро.
    Запците нема да мрднат ако ги оставам да р’ѓосуваат и отидам да гледам како функционираат оние на комшијата.
     
  11. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Се радувам на туѓиот успех...

    Повеќе боли нашиот неуспех ;(
     
  12. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Дефинитивно повеќе боли нашиот неуспех.
    Мене воопшто не ми смета кога гледам дека другите постигнале некој успех. Напротив, баш ми е мило. Но мојот неуспех многу ме боли, бидејќи знам дека сум можела подобро.
     
  13. flower-92

    flower-92 Активен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Мене повеќе ме боли мојот неуспех, посебно ако сум мислела дека можам подобро, а тоа не било доволно. Меѓутоа, во последно време ме боли и туѓиот успех, за кој знам дека е постигнат нечесно. Немам ништо против за оние кои постигнуваат многу, но чесно и баш таквите луѓе ме мотивираат и јас да се стремам кон тоа. Секогаш е тешко да го постигнеш тоа што го сакаш на чесен начин, може затоа луѓето се служат со најразлични средства за да стигнат до тоа што го сакаат.
    Па, според тоа ќе поставам и едно прашање: Дали ги опрадувате луѓето кои на нечесен начин ги остваруваат своите цели, оправдувајќи ги дека се снашне подобро од останатите?
     
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Се разбира дека повеќе ме боли личниот неуспех. Зошто не ме интересираат тушите животи,а и тој некој сигурно се радува на тој успех,исто како јас кога би се радувала на личниот.
    Од друга страна пак, единствено нешто што сум го осетила и дебело ме заболело ;( кога на мој труд друг гради успех.Е тогаш навистина ме болело.
     
  15. minne-mouse

    minne-mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    536
    Мојот неуспех дефинитивно ....
    не сум личност која се занимава за туѓите успеси и неуспеси дака да мојот неуспех повеќе ме боли.
     
  16. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Мојот неуспех повеќе ќе ме боли отколку туѓиот не не можам да речам дека некогаш не ме болело срцето за туѓ успех но секогаш сум гледала да бидам задоволна со тоа што јас го имам.
     
  17. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Секако дека мојот неуспех. Но секогаш гледам да извлечам нешто корисно од тоа, нели најдобро се учи од грешките. Така што, неуспехот боли но не се разочарувам и не дозволувам да ме спречи да ги остварам моите цели, дури и да не е од првпат.
    А на туѓите успеси се радувам, посебно ако се работи за некој близок. :)
     
  18. russia7

    russia7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    504
    Боли туѓиот успех кога е незаслужен, и до него се дошло по пат на неправда.
    Боли и мојот неуспех кога знам дека е исто резултат на неправда, но повеќе боли кога знам дека сум постигнала само неуспех затоа што не сум се потрудила доволно. :)
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  19. patika19

    patika19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    54
    Искрено мислам дека нашиот неуспех боли повеќе. Туѓиот успех никогаш не ми сметал, дури и ми е мило кога ке слушнам дека на некој му тргнало, без разлика во која состојба се наоѓам јас :)
     
  20. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Таман работаа туѓиот успех да ме боли. Каков човек би била јас...
    Иако имало многу случаеви кога сум слушнала за нечиј туѓ успех,и во мене се јавува она:''е што би било убаво да го имав неговиот/нејзиниот успех''.
    Иако мислам дека информацијата за туѓиот успех ја прифатиме со негодување и негативни чувства, оставаме простор во нашиот живот за привлекување на повеќе такви информации. Повеќе, повеќе и повеќе...... И не оставаме простор за друго.

    Така да, би рекла дека што се однесува до мене, повеќе ме боли мојот неуспех, ме боли тоа што не сум успеала да постигнам нешто што некој друг постигнал, и почнувам автоатски да се сомневам во моите квалитети..