Јас се чудам од каде толку светици овде, кога реалноста е многу поинаква Околу мене се завидливи луѓе, битно во темава на никој не му пречи туѓиот успех. Чудно...
И јас баш истото сакав да го прокоментирам. Баш сите ама баш сите сме се наоѓале во ситуација да бидеме завидливи на некој за нечиј успех што е човечки и најнормално. Да ме боли мојот неуспех, но ме боли уште повеќе кога некој друг ќе успее во нешто што јас не сум можела на било кој начин на ваков или онаков битно ќе успее, а јас не и како бе да не ме боли?
Се согласувам со погоре напишаното,апсолутно сите сме биле завидливи на нечиј успех,НО кога во истото тоа не сме успеале самите ние,барем за мене така. Но,најлошиот тип на луѓе,какви што познавам многу, ги боли туѓ успех и кога и тие самите се успешни во истата работа. Е тоа не го разбирам..
Туѓиот успех ми служи за пример, за мотивација повеќе да вложам во себе. Личниот неуспех знае да ми донесе разочарување, особено ако сум вложила многу труд кој не ми се исплател. Но, за брзо време се враќам во нормала и продолжувам понатаму. Не дозволувам да ми биде пречка во понатамошните цели.
Повеке боли нашиот неуспех. Но боли и тугиот успех, и тоа не малку, кога е незаслужен. Баш пред некој ден во СДК имав таков пост, за тоа колку боли кога некој без 2 чисти успева додека други 1000 пати поквалитетни не добиваат ни шанса. Мада не се замарам многу за другите, ама навистина ме откачува кога ке чујам за некој од горенаведениот случај
Мене ме боли туѓиот НЕЗАСЛУЖЕН успех. Многу другари и другарки кои беа и се поуспешни од мене и успеаа да заминат во странство со заслужени стипендии, само им се дивам и викам секоја чест Не ме боли не има ни завдиувам, но им се восхитувам! Но има и обратни случаи, и да се нервирам, неможам да речам не! Многу незaслужени стипендии одитоа за Словенија, само заради бојата на партиската книшка а не заради умешноста или заслугите. И се разочарувам. Несупех свој го сметам само тоа што не успеав на време да се запишам негде надвор на студии, но сепак сум млада и сметам дека има доста време за успеси, па и за неуспеси. Со свои 21 години, незнам и каков успех се очекува, животот е пред нас
Повеќе ме боли мојот неуспех. Зошто? Затоа што е лично мој и затоа ме боли, ме боли кога нема да успеам во нешто, и кај малце ми е мојата болка па уште и туѓиот успех да ме боли, не благодарам. Ме боли туѓиот успех во случаи кога знам колку сум се мачела за да направам нешто и не ми успеало, а на некој друг му успеало, е да, тогаш завидувам и ме болат двете работи. Кога некој мој близок постигнува успех навистина се радувам, се радувам од срце, или кога знам дека некој си го заслужил успехот, го признавам тоа. Ме боли туѓиот успех кога знам дека им е незаслужен, кога знам дека го добиле со малце труд и манипулации. Ме боли успехот на една простачка што се вработи на висока позиција, а во средно незнаеше да чита бре и како да не ме боли тоа? а знам дека се мачам дупло да постигнам барем половина од она што го работи таа
Мојот неуспех ме боли. Затоа што се трудам многу и ако не сум задоволна со тоа што го постигнувам, вријам. Еве сега за испитиве, учам, учам, учам, ама учам со денови и недели, и цел семестар сум се спремала, и замислете да паднам на некој предмет. Па тоа ти е демотивација стотка. Некогаш си викам, што што и што по ѓаволите добиваш ако бидеш најдобра, си ја чукаш главата и се по список, ама џабе, пак се трудам исто. Не знам од каде оваа амбиција во мене, несвојствена за нашето поднебје. Може имам некој германски ген во мене, од кај знаете. Затоа така ми оди германскиот. За жал, откако дојдов на факултет видов што значи да ти љубоморат за успехот. Наместо да земат и да учат од некој подобар, како треба да се направи нешто, не бре бате, јок. Мозокот во целофанче завиткан и неотпакуван. Удри бригу на весеље, паднал паднал, ее, затоа ќе зборува како јас сум поминала и ќе ми ги бере гајлињата дали сум имала живот или не. И после другите им се криви. Тоа кај мене не. Секој што си посеал, тоа ќе си жнее. Што би рекла една моја драга форумџика, не треба да ме боли крофната за нив. Е сега, и успехот е многу релативна работа. За некој е успех да си најде богат маж, за друг е успех да заврши факултет во најбрз можен рок, за трет е успех да стане менаџер на НБРМ. Јебига, секој со своето. Само, јас не ги сметам тие што поминале низ животов и уште минат со врски за успешни. Снаодливи, да, касметлии, да, ама успешни - ни случајно. Верувајте дека ни тие самите не се сметаат за успешни, затоа што не е успех, својот успех, да го добиваш на сметка на некој туѓ успех. п.с. Последната реченица ми испадна како брзозборка...
Не ме боли туѓиот успех, ме мотивира да одам и јас напред. А пак ако се работи за некој мој близок се радувам и јас за неговиот успех пошто знам колку се трудел да го постигне тоа нешто. Ме боли кога јас нема да успеам, ама потоа си велам ако не успеав сега ќе успеам наредниот пат и не се откажувам така лесно. Упорна сум и си ја сакам таа особина.
на тугиот успех(блиски личности) се радувам исто ко јас да сум успеала а се случувало да доживеам и неуспех, пораз ама тоа ме мотивира да не се откажувам и да продолжам да се борам(сум борец и не се откажувам така лесно) се случи неколку пати до сега на исто место да аплицираме јас и една другарка и ако ја добие работата а не јас многу ке ми биде мило исто ко јас да сум ја добила оти е навистина фино девојче и заслужува се најдобро а тоа што марама спомена за другарката што и велела јас со момчето шетаме, одиме ваму-таму, кога јас им кажав дека имам момче дека дека сега за сега е ок со него, приметив завист, љубомора(демек како ти сега имаш момче, а до сега беше несрекна во љубовта) па затоа веке не споделувам детали од врската со нив-решен проблем
Кога туѓиот успех кога боле, значи дека се појавила некоја љубомора. Мене ме болат моите неуспеси, туѓите успеси ако се на некоја блиска личност ги доживејувам како мои и се радувам заедно со нив.
Апсолутно повеќе ме боле мојот неуспех! А туѓиуот успех само ми е мотивација сама себе си да си викам ДА, МОЖЕШ И ТИ ДА ГО НАПРАВИШ ТОА, МОЖЕШ И ПОДОБРО ДА ГО НАПРАВИШ ТОА. и апсолутно стојам зад тоа дека туѓиот успех ме тера да се стремам секој ден да го извлечам подоброто од мене
Прво ме боли туѓиот успех. НО кога ќе размислам всушност ме боли мојот неуспех. И така се мотивирам за повеќе успех... Кога ќе видам дека они можат - јас можам уште подобро
Најмногу боли кога други завидуваат на твојот успех, и мислат дека е случајност, без да те познаваат и без да знаат со колкава мака си го постигнал и од што се си морал да се откажеш, што се си морал да поминеш да го оствариш. Зошто иако од страна работите изгледаат супер лесни, воопшто не се...
Искрено ме боли и туѓиот успех затоа што тешко е да “станеме“ додека некој друг веќе потрчал,а поготово некој поблизок,јас знам дека ова не е во ред и брзо си ги средувам емоциите,секако ова ми е и мотивација и јас да успеам,зборот ми беше првичната реакција е тоа,по малку болна..Ама луѓе сме,тоа е нормално според мене.