Ама зашто да боли туѓ успех ??? Туѓ успех си е туѓ успех, тој некој за истиот си се потрудил, па мајката никој не ми е крив шо ја не сум се потрудила истото да го постигнам а тој некој 24/7 работел на усовршувањето. И не , не може да ме боли туѓ успех, напротив среќна сум за нечиј успех. Мојот успех јас самата ке си го добијам, знам како . Но и мојот неуспех ке си го сакам , зашто е мој и ке ми биде плус поттик за истото да го преточам во успех. А и некад најголемиот неуспех е всушност најголемиот успех.
мојот неуспех...како и да е тоа сто се слуцува со мене е за мене а тоа сто се слуцува со некој друг тоа не е моја работа,дали е добро или лосо со мене е за мене а од некој друг за него.јас нисто од тоа нема да имам од дригите.си гледам за себе
Туѓиот успех не боли, но само ако е заслужен, стекнат со труд, со вложување и напор. Тогаш симнувам капа НО, ако е "добиен на поклон или на лото" тогаш не можам да кажам дека боли туку фрустрира и иритира. Во последно време гледам сите стануваат "успешни". На почеток страшно се живцирав и ми беше криво. Ама сега веќе ги жалам и уште повеќе се ценам себеси. Горда сум на она што сама сум го постигнала, на сите свои успеси, па и на неуспесите, зошто знам дека сум се трудела, може можело и подобро, ама па затоа ќе знам за другиот пат, а и не секогаш зависело од мене. Шта чеш, живот.
Мене лично тугиот успех не ме боли, нема за што напротив ми дава волја за да станам се поуспешна и јас. Секако дека постојат и неуспеси, постојат различни, но какви и да се сепак, не боли на некој начин кога нема да успееме. Значи тугиот успех не ме боли, мојот секако.
Мојот неуспех повеќе ме боли дефинитивно. Уствари туѓиот успех ич не ме боли,убаво би било сите да се успешни и да не си завидуваме.
повеке ме боли мојот неуспех бидејки и јас кога ке имам успех сакам некој да се радува со мене а не да ме влече во неговата провалија
Би сакал да сум подобар од другите со тоа што ќе бидам поуспешен од нив,а не со тоа што тие ќе бидат понеуспешни од мојот неуспех Така да,поише боли мојот неуспех
Всушност мислам дека болат подеднакво, во зависност од ситуацијата. Не сум човек што се радува на туѓ неуспех или пак се разочарува на туѓ успех, да се разбереме. Но доколку учествувам на некој натпревар и знам дека јас сум била подобра од другиот, а на крајот испадне дека тој другиот успеал, што бил далеку понеуспешен од мене, а јас не сум успеала, е тогаш ме боли ! Но доколку некој што навистина вреди успеал, е тогаш се радувам и јас за него. Па дури и јас да не сум успеала, иако се разбира ќе имам некакво чувство на вина што не сум се потрудила доволно.
мене подеднакво ме болат но ако би требало да се бира јас би ги избрала и двете бидејќи секогаш ме боли туѓиот успех бидејќи не сум била доволно успешна а што се однесува до мојот неуспех и тоа ме боли јас малку различно од вас бидејќи вас повеќе ве боли вашиот неуспех секако дека и тоа боли но и туѓиот успех не е красна сцена за гледање
Не ме боли туѓиот успех,не гледам во другите,мојот неуспех е поважен .Јас си го барам само моето место во општествово.
Па би рекла дека не постои болка поради туѓиот успех. Во суштина не не боли успехот кој го постигнал некој друг туку помислата дека некој друг успеал во нешто што ние не сме успеале да го постигнеме. Така да логично е дека патиме само од нашиот неуспех.
Јас ги имам доживеано двете, истовремено...Верувајте двете подеднакво болат, но сепак за мојот неуспех повеќе боли...
Дефинитивно, повеќе боли нашиот неуспех. Нема причина зошто да ме боли туѓиот успех, бидејќи штом е некој успешен сигурно направил нешто со што тоа го достигнал, вложувал труд и сл. Затоа, сметам дека повеќе боли својот неуспех и тој не` мотивира да работиме и да го достигнеме тоа што го сакаме.
Секако дека мојот неуспех. Зошто да ме боли за туѓиот успех, затоа што тој е подобаар од мене?... НЕ, ние треба да се радуваме што има некој подобар од нас.
Ако постои љубомора и завист кај некоја личност спрема другата, боли туѓиот успех, а својот неуспех може и да не боли толку со помош на себеоправдување, т.е. психолошкиот одбрамбен механизам рационализација: Кисело грозје (ах, па целта и не беше толку вредна, па не е проблем што не успеав) и сладок лимон (ах, целта беше претерано тешка, па не сум јас семожна)... поздрав Феминки!!
Па нормално нашиот неуспех.Ако не боли туѓиот успех,значи има некој проблем во главата. Секој треба да си го гледа својот живот.
Најмногу боли,кога некого го боли твојот успех. „Близок пријател’’ кој се моли да немате успеси во животот.