Мојот неуспех, затоа што јас си знам колку сум се трудела и вложувала... А нема зашто да ме боли туѓиот успех.
Дефинитивно мојот неуспех .... Се радувам на туѓиот успех, но криво ми е што и јас не сум успеала во тоа
И двете болат подеднакво.. Но сепак не треба да го трошиме времето и енергијата на неуспехот\успехот (без разлика наш или нечиј) прашувајќи се ЗОШТО? Туку, не треба да се предадеме, одново треба да почнеме.. Зошто да не боли успехот на другиот.. тој постигнал успех и треба да се радуваме заедно со него, да не му го расипуваме расположението со нашето смуртено лице..
А која е дефиницјата за успех? Тоа што можеби за мене е успех, за некој е нешто сосема нормално или нешто незначајно и обратно. За некој е успех богато да се омажи, за некој да ја најде љубовта на својот живот, за некој да најде добра работа и да изгради кариера, за некој да има полна куќа дечиња, за некој да заврши факултет... Се е релативно. Никогаш не ги мерам своите достигнувања со достигнувања на другите затоа што сите имаме различни цели во животот и затоа што сечив живот е приказна за себе. Затоа и не ме боли ничив успех, а она што го имам поставено за цел во животот, се трудам да го остварам..
имало случаи кога другите биле успешни за некоја работа и не се труделе воопшто за тоа ко демек на стара слава и ме боли кога е во ваков случај а што се однесува до другото повеќе односно најмногу ме боли мојот неуспех бидејќи не сум успеала односно не сум ја постигнала целта.
Нашиот неуспех - бидејќи кога во нешто нема да успееме, најмногу ни е мака за трудот и времето кое сме го вложиле во нештото. Никогаш не ме болел туѓиот успех. Секој се труди за себе, да успее во животот и да биде почитуван и ценет од страна на другите. Јас не жалам за туѓите успеси, мене ми е мило кога некој е успешен. Да, сите сме посакале да бидиме како некои успешни луѓе, но наместо времето да го губиме во жал и мака што не сме на местото на тие луѓе, треба да се потрудиме и ние да станеме како нив. Aко некогаш сте доживеале неуспех, не бидете неправедни кон себе и не се обвинувајте, туку дајте си на себе втора шанса. Доколку доволно се потрудите, ќе успеете во она што го сакате само верувајте во себе и никогаш не губете надеж.
Мене ме боли многу мојот неуспех.Особено ако сум имала многу надеж дека ќе успеам и ако сум вложила многу труд.А,во врска со туѓите успеси сеедно ми е.Не ми е кој знае тоа колку битно.
Мојот неуспех! Посебно ме кине ако се работи за нешто во кое сум вложила премногу труд, љубов, време, а накрај да резултира со неуспех... Кога се работи за туѓ успех се радувам, а посебно доколку е моја драга личност се радувам повеќе и од свој успех, додека за останати ми е мило, не сум била љубоморна до сега, едноставно сакам околина и свет на успешни и задоволни луѓе.
ако истовремено ние не успееме во нешто а наша блиска пријателка/роднина(или што да било) успее тогаш боли повеќе отколку тогаш кога двете нема да успееме. Тоа не е љубомора туку тогаш си го поставуваме прашањето зошто таа може а јас не? И толку
Мојот неуспех. Затоа што отсекогаш ме радувал успехот на блиските, дали другарка, дали некој од семејството.. не е битно. Ама многу ме разлутува кога тие истите за кои што се радувам дека постигнале нешто и кои ги бодрам за понатаму, ми завидуваат. Зошто? Зошто не можеш да се радуваш за мене како јас што се радувам за тебе? Ах.. пуста компетитивност.
ЗАВИСИ.Значи ако истовремено јас и други на пр.јас имам неуспех а тој/таа успер а јас повеќе сум учела нормално дека туѓиот успер ќе боли повеќе ама ако јас не сум успеала затоа што не сум учела епа тогаш на мојот неуспех
Општо земено болат и двете, но повеќе боли сопствениот неуспех. Туѓиот успех е туѓ, а не наш и штом постигнал друг можеме и ние.
Moјот неуспех, мада некогаш кога нема да успееш се тешиш што и некој друг не успеал.. според мене Искрено се радувам на оние што достигаат успеси! Само така сите да си редиме