Ме боли мојот неуспех зошто јас утре ќе имам нели последици да речам или ќе се помачам додека успеам во одредена работа. За туѓиот успех не сум љубоморна ниту пак ме боли, тоа што они успеале или не успеале мене не ми прави никаква разлика. Може само да ме заболи ако знам дека јас сум се тудела и не сум успеала, а некој преку мојот труд успеал.
Точно така, најчесто кога имаш конкуренција во нешто, тој да успее-ти не.. Тоа боли, најмногу А инаку повеќе ме боли мојот неуспех, што ми е гајле за другите.. Испаѓа како да им љубоморам.
Дефинитивно мојот неуспех,јас дури се радувам кога некој ќе успее поштено и без никакви неправилности.
Мојот неуспех- и за тоа сум виновна јас и само јас... Доколку некој успее на мојот неуспех- тоа е моја вина- сум можела јас да успеам... И сосема ми е во ред кога некој ќе успее на било кој начин- убаво е кога ќе успееш на поштен начин, ама не осудувам кога некој успева со нечија помош, со "ургенции", или на било кој друг нелегален начин... Поаѓам од тоа: снајди се па живеј, и го пректикувам, се обидувам да го добијам она што го сакам на било кој начин... Свесна сум за можните последици и нема да сум изненадена ако тоа ми се одбие од главата
Најискрено повеќе ме боли мојот неуспех, но за жал живееме во такво општество каде што сите гледаат да им биде лошо на другите, па макар и тие да пропаднат. Навистина не ја сфаќам целта на таквото живеење. Што ако тој има повеќе од тебе, се потрудил и успеал, наместо да вложуваш напори за да му наштетиш, вложи напор да успееш да створиш нешто, па макар и да доживееж неуспех, важен е трудот, како и да е некогаш ќе успееш !
На никој не му завидувсам секој нека се бори, нека си успева и секако дека повеќе би ме болело мој личен неуспех... на своја кожа повеќе боли
Mе боли само мојот неуспех, во случај ако некој друг со труд и пот има успеано, а не со нечија помош и врска.
Мојот неуспех,но сепак не можеме секогаш да успееме,мора и да паднеме. Но боли и туѓиот успех,ако е без труд и пот,односно со голема помош .
Неуспех не сум доживеала. Туѓиот успех ме боли ако е незаслужен и добиен преку врски или некаков нечесен начин.
Не сум доживеала неуспех. Ама повеќе би ме болел мојот неуспех, отколку туѓиот успех. Мило ми е кога ќе слушнам дека некој ги оставрил своите цели.
и двете болат,но лично мене повеќе ме боли мојот неуспех...ако некој успеал јас се чудам како успеал,нормално се радувам на тоа ако некој чесно стигнал до врвот и ако видам успех на некој мој ближен,но кога ќе видам дека некој со врски и такви нешта,подмитувања успеал тогаш многу ме нервира ...