Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали повеќе боли туѓиот успех или нашиот неуспех?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Svetilka, 7 декември 2011.

  1. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.970
    Допаѓања:
    21.159
    Мојот неуспех секако дека ме боли најмногу на свет. Иако денеска како што вели поговорката "подобро на комшијата да му умре крава отколку мене да ми се роди теле", повеќето се радуваат кога ке видат дека на некој му оди се како што треба. Мене ме болат само успесите на оние кои да речам ги мразам
    Не мразам, ама не ги сакам
     
    На AL.MA.EL и Tanjamm им се допаѓа ова.
  2. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Moјот, секако, што ме интересира за другите.
     
    На viktorija94 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.444
    Пол:
    Женски
    Ќе бидам сурово искрена како и секогаш. Да, повеќе ме боли тугиот успех отколку мојот неуспех, незнам зошто е така но така е, и секогаш наогам утеха во тоа дека тие дошле до таму не поради своите квалитети туку поради нешто друго, а и сама сум свесна дека не е така. Едноставно неможам да го поднесам тугиот успех.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Boleyn.7

    Boleyn.7 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    425
    Отсекогаш, од кога знам за себе (бидејќи не паметам некогаш да сум завидувала на некого,билокого :!: ) ме болело личниот неуспех.Секако, не сите исто размислуваме но не можам да ги сфатам оние кои не можат да го поднесат успехот на другиот.Ако видиш дека некој успеал,а ти е познаник,роднина,сосед итн. па честитај му искрено, од сесрце, нека биде реално тоа...Но, не...Едноставно не...

    Очигледно, мора да има и такви кои ќе бидат болно љубоморни, и ќе завидуваат некому, макар јас била потполно различна од нив...И многумина како мене, знам дека сепак сеуште има луѓе во правата смисла на зборот.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  5. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    9.315
    Пол:
    Женски
    Мојот неуспех.
     
  6. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.105
    Допаѓања:
    163.625
    Пол:
    Женски
    Сопствениот неуспех, се разбира.
    Туѓиот успех може да ми послужи само како мотивација, па и причина за искрена среќа ако се работи за драга личност. Дури и ако двете се поклопуваат, секој се труди за себе и не гледам разбирлива причина да боли тоа што некој друг успеал во нешто (тука потенцирам, ако се работи за заслужен туѓ успех). :)
     
  7. Butterfly-Girl

    Butterfly-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Мојот неуспех најнормално, но понекогаш боли и туѓиот успех, кога знаеш дека ти цел труд си го вложила во тоа нешто а сепак не си успеала, а некои личности ни малку не се потрудиле, а сепак успеале со измама, незаслужен успех. Ако е некоја блиска личност, со заслужен успех би се радувала иако јас не сум успеала :)
     
    На AL.MA.EL му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    6.242
    Искрено мојот личен неуспех не ме боли. Затоа што знам дека сум направила се што било во моите можности за да го избегнам. Но ме боли ако последиците од мојот неуспех имаат влијание врз моите најблиски, најдраги личности. Тоа ме боли.
    А во однос на туѓиот успех, зависи. Постојат луѓе на кои им посакувам и повеќе од тоа што го постигнале , но постојат и луѓе за чии успех би ми било подраго доколку не сум ја добила таа информација. Во глобала тоа се луѓе кои иако постојат се однесувам како да не постојат.
     
    На okcenzi и AL.MA.EL им се допаѓа ова.
  9. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    2.631
    Пол:
    Женски
    Тоа е индивидуално. Мене ме боли мојот неуспех, а за туѓиот успех или неуспех, многу и не ме интересира.
     
  10. H.O.P.E.

    H.O.P.E. Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2015
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Повеќе ме боли мојот неуспех.
    Никогаш не сум гледала, не гледам и нема да гледам дали некој друг успеал или неуспеал во нешто.
     
  11. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    кога ќе размислам ни мојот неуспех не ме боли а уште помалку туѓиот успех, на личниот неуспех гледам како на искуство и како пример како да не продолжам понатаму и како да се подобрам, а на туѓиот успех му се восхитувам, зашто би ме болело мене туѓ успех можам само да научам нешто од туѓиот успех.
     
  12. ton4ica

    ton4ica Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    172
    Пол:
    Женски
    Читам дека на повеќето ги боли сопствениот неуспех, кај мене е обратно многу повеќе ме боли успехот на другите. И кога бев мала неможев да поднесам некој да е подобар од мене се трудев постојано да сум ако не подобра приближно како другите и денес сум истата секогаш се стремам кон најдоброто. И мислам во позитивна смисла успехот на другите ми служи како мотивација без разлика на кој начин стигнале до таа положба јас секогаш се трудам со работа да стигнам до таму :)
     
    Последна измена: 19 февруари 2015
  13. Oneo

    Oneo Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    2.773
    Допаѓања:
    17.579
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно својот неусппех.
    Ако некој го заслужил тој успех нема причина тоа да ме боли.
     
  14. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.772
    Допаѓања:
    324.717
    Пол:
    Женски
    Не ме боли ни едно ни друго.
    Не сум завидна на туги успеси,секој сам се бори за себе и добива онолку колку се трудел.Секој сам знае колку може да вложи во себе си.
    Своите неуспеси или падови не ги оплакувам,не ги сметам За пораз.Не се депримирам.Учам на грешеното и тоа е тоа,терам понатаму на друг начин.
    Единствено нешто што може да ме докрајчи од болка е не дај боже смрт или тешка болест на моите мили.
    Но тоа не е мој неуспех туку божја раб.
    За се останато има втора шанса.
     
  15. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Општеството во кое живееме е динамично и непредвидливо, па таквата ситуација сама по себе наметнува многу грижи и проблеми. Во целата турболенција, ако размислуваме за туѓиот успех, го занемаруваме личниот и ќе изгубиме драгоцено време кое можеме да го посветиме на нашите планови за да се насочиме кон сопствената цел. Туѓиот живот е друга приказна која не би сакала да ја живеам.
    Потрагата по мојот дел е причина да не размислувам за неуспех. Трпението,трудот и волјата се основа за да стигнам до она што некаде ме чека. И кога ќе се зачини со доза на среќа,тоа е моментот што ја сочинува мојата сторија.
     
  16. AL.MA.EL

    AL.MA.EL Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2015
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    13
    Мене ме боли тугиот незаслужен успех.Секако дека и мојот неуспех ме прави разочарана.Поготово ако се потрефат и двете работи заедно.:(
     
    На okcenzi, Tanjamm и mime87 им се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.952
    Допаѓања:
    12.627
    Ме боли мојот неуспех. За другите толку не ми е важно, не се споредувам во последно време затоа што секој си е приказна за себе.
     
  18. TaMaRa80

    TaMaRa80 Активен член

    Се зачлени на:
    25 август 2014
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Ниту мојот мојот неуспех, а уште помалку туѓиот успех
     
  19. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.191
    Ме боли нормалнот мојот неуспех,али и ме боли и неуспехот на луѓето кој ми значат и се дел од мојот живот и свет.
     
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.199
    Пол:
    Женски
    Мене ми е важен мојот живот, а не некој нечиј, така да си се грижам за моите проблеми и успеси, а не за туѓите. Така да, повеќе боли мојот неуспех.