Дали повеќе боли туѓиот успех или нашиот неуспех? Научена сум да се радувам и на успехот на останатите. Некогаш ќе се запрашам зашто не стигнам и јас до таму, и зашто да не се обидам, но тоа никогаш не боли. А сопствениот неуспех не ме боли или обесхрабрува. Тоа ми дава уште повеќе сила и желба за борба за да ги постигнам поставените цели.
Нема потреба од болка, ни за нашиот неуспех ни за туѓиот успех. Од нашиот неуспех, ни преостанува само да се сконцентрираме максимално и да вложиме повеќе труд во работата, а за туѓиот успех само да се радуваме и да споделуваме позитивна енергија.
Ни тоа ни тоа.Нема неуспех има само лекција.Ама доколку се случи пример личност што ја мразам да добие предност пред мене, работа или било што нема да сум љубоморна и да ме боли ама ќе сум гневна.
Никогаш не треба да се занимаваме со туѓ живот, па така и со туѓ успех, тоа си е индивидуално достигнување, на кое не треба да се завидува, зашто секој си знае за себе каков пат поминал дури стигнал до одреден успех.
Ме боли својот неуспех додека го гледам туѓиот успех Од секогаш е било така и сакам да сум над другите тоа е една моја лоша особина. Но не се одкажувам толку лесно
Не и никогаш нема да бидам, бидејки секогаш се радувам кога некој ке успее, и сакам секој да може да успее во све дај боже. А јас ако не успеам на било кое поле секако дека ме боли превише и тоа..Али давам све од себе да можам да успеам се трудам
Кога човек има свои планови и се бори за да стигне до целта не може да го боли туѓиот успех, без разлика колку си далеку од врвот знаеш дека еден ден ќе ги исполниш своите соништа, но кога некој нема желби и амбиции секој туѓ успех го боли.
Лично мојот неуспех ме боли, а на туѓ успех се радувам, многу ми е мило кога ќе слушнам дека некој успеал во нешто или нешто убаво му се случило. Ама генерално повеќето завидуваат на туѓите успеси, а не си гледаат во својот живот.
Повеќе мојот неуспех ме боли, ама многу се радувам на туѓиот успех и сум среќна кога некој мој близок или било кој што го познавам, постигнал нешто во неговиот живот. Ама во денешно време луѓето многу завидуваат и се љубоморни.
Сопствениот неуспех ме боли,а на туѓиот успех се радувам само кога е чесно постигнат. Ме фаќа гнев кога некој постигнува успех преку газење на други.
Зависи КОЈ мој неуспех, зависи КОЈ туѓ успех...И што е МОЈ успех, а што ТУЃ неуспех?... И што е УСПЕХ, а што е НЕУСПЕХ воопшто?
Пари... 'висок' општествен статус, со колку луѓе 'си го имаш' и колку се 'битни' истите. Такви работи
Читам низ темава и гледам дека повеќето пишале дека се радуваат на туѓиот успех. Една членка пишала "кога е постигнат праведно" и потполно се сложувам со неа. Но ајде вака да размислиме. Се радувате пред нив или и во себе? За жал, денес не знаеме што е радост. Само завист и љубомора владее. Бидете барем тука искрени. Сигурна сум дека повеќето од тие што пишале така се "радуваат" само пред пријателот, а потоа дома зборуваат "види го ти оној". #nohate