Денес ми се случи нешто т.с.се најдов во ситуација да останам без зборови, да се стаписам и зачудам...аууууууу....епа еве вака, да објаснам.. Стојам во банка на шалтер, плаќав сметки и имав некои трансакции да средам а до мене на другиот шалтер стои дечко, па околу 40 тина година а во прегратка го држи своето синче, мислам дека имаше детето околу 4-5 годинки..и сега детево плаче, се тегне, сака да се симне доле ама татково не го испушта, цврсто го стега...чувствувам дека им пречи на вработените, сепак работат со бројки и јас зимам едно флаерче, нели тие рекламните што се изнаредени на пултот и му го подавам на дететото фино лепо, јас насмеана, само за да го смирам оти ми падна жал што плаче душиче, му велам ајде да нацртаме нешто со пенкалото закачено на едно јаженце....детето престана да плаче, прво мене ме загледа, па го зеде флаерчето...и кога оддеднаш му згрме таткото да го врати ливчето, да го кара зошто го земал..и сето тоа без мене да ме удостои со ниеден поглед. Детево почна да вришти повеќе и јас се налутив... Аман господине, па остајте му го листот, таман престана да плаче! - му велам јас... Он треба да се научи да не зима ништо од непознати! - љуто ми скреса таткото на детето.. Сите што беа во банката се вџашија во нас и чекаа наредна моја реакција...а јас корпосана како со мокра чорапа некој да ме мавнал Арно го учиш, но вие мене ме гледате, зарем јас можам нешто овде да му наштетам, јас сакам само да го смирам за да можете побрзо да ја завршите работата, да не им сметате на вработените и да не плаче малиот, греотка е душичка-----реков и така останав.. Одговорот што следеше беше дека дете од мало се учи а јас да си ја гледам работата пред себе Кој нокаут Тие на шалтер ми рекоа дека не сум требала да се мешам, да го оставам детето да плаче, таа работа е на татко му да ја смири...други клиенти што беа присутни се крстеа и велеа дека разни чудаци од родители постојат...а јас си останав попарена... Дали погрешив што се обидов да смирам едно детенце што плаче или требаше да си гледам пред себе и да се правам дека сум глува???
Нема никој да ми пресуди а и се мислам што ќе беше тек ако извадев бонбонче да му дадам на детето...ауууу..писканици гарант
Мислам дека кај секој родител е различно.Јас не би се лутела некој така да потапи, имам кажано обожавам деца.Ако плаче дете некое му се смешкам, му правам гримаси или нешто за да го расположам.Мене лично не би ми сметало.Пример братучедка моја втора бебето не сака да го дава, шубе ѝ било, мало било.И не се мешам лично во такви работи.Секој си знае најдобро за своето дете, ама секогаш кога плаче дете ,,реагирам”.Според мене не си направила ништо лошо ама сепак секој различно гледа на тоа.
Во ред е децата да се учат да не земаат ништо од непознати, нарочито храна, но сепак треба да се направи проценка, да се гледа каде си...што би можел било кој да му направи на некој на јавно место, ете ко ја во банка? Детето не ми се ни верува дека од таков татко нешто ке научи!
Бабе а не ти текна дека 5годишно дете цело човече татко му намерно го држи и не го заигрува да го замолчи за да сите се смилувате и го пуштите преку ред? Го имам ова многу пати видено. Убаво ти рекле благајниците на шалтер си требало да си молчиш и бркаш работа. Тие знааат кај работат навикнати се на тоа. А во нечие родителство немаме право да се мешаме. Но ако детето пишти вришти до тој степен да нарушува јавен ред и мир сметам дека најодговорно е лицето за безбедност што го има скоро во секоја банка да посочи на родителот дека детето е пребучно и да се погрижи за тоа.
Па да бараше да го пуштиме преку ред, сигурна сум дека тоа сите би го сториле, но он си имаше земено бројче, исто како сите и си беше точно како треба. Мене не би ми сметало ако некој посака да го занимава моето дете да не плаче додека јас ги средам рачуните во банка, не гледам никаква опасност,
Бабо мори цела тема ли за ова отвори Ако го пуштел детето долу верувам немало да остане во редот. Туку ќе се бркале низ банка. За жал некогаш сме приморани со деца и на такви места. среќа не ми дошло и мене таква ситуација зашто плаќам се што треба за време пауза НО сум била во ситуација во маркет да рика дур прибирам производи.на каса . Имаше девојчиња со штанд на Чкљ сок некој што никад не би му го дала онака. Ама тие видоа дека сум гз преку глава и му понудија чашка со сок. Климнав со глава за да ме спасат. Од култура зедов и шише од сокот купив кое уше е негде на балкон. Точно е дека не треба од непознати да зима. Така добро знаеме што се случува. Може да беше поголем и јас не би се сложила да земе. Ама да се свртам и така да се испонашам е моја некултура. Така да бабе друг пат глеј си пред себе за да не те јаде туѓа простоќа
@baba Rada Не си постапила лошо. А,и не требало да го носи детето со него.Малите деца се бучни и им треба поголемо внимание. Таткото бил груб. Па,на јавно место сте било,не требало да ти пререкува.
Не погреши ич. Секој пат кога ќе видам дете како е нервозно.. Се обидувам да најдам нешто што би му било интерсно.. Ако ништо друго, некој муабет да му сврзам. Не ми успева секогаш да ги смирам, ама и не ми се случило родител да ми свреска до сега. Требало на татково да му дадеш да црта, очигледно тој понервозен бил од детето, само што е возрасен и знае дека не треба да вреска...
Морав да престанам со убедување оти само на детето ќе му наштетев, уште повеќе ке го расплачевме..затоа кренав рачна.
Е кај да го остави детето? Само дома? Еве мм е на пат често, и детето го носам и во банки, продавници, значи секаде. Нема сигурно да го оставам дома само. Сешто.
морам да додадам нешто.. учење да не зима од странци т.е. непознати.. пред се, само никаде не го пушташ дур не порасне и не стане свесно што треба да прави а што не. Како да помине улица, како да се движи кога тротоарот има лента за велосипеди. .. тогаш ќе е свесно и да не зима без да го учиш од 2 год. чуму проблем околу тоа !? мојов се нешо некој му дава. Во продавница крем банана во месара кулен му сецка за во раче на пазар банана.. и да изигравам дива лига ли!? луѓето се љубезни и сакаат да му пружат нешто... а јас допрва демек ќе го учам за кога ќе порасне и ќе го пуштам сам да знае. глупости. .. не знам може грешам. Може сеуште не сум во таа фаза и факт е дека не сум. 2 год ми е детето. Ама мислам претеризам е.
Ако така во ред. И јас размислувам како тебе дека нема опасност ама очигледно не размислуваат сите исто
Не била твојата постапка лоша, ами неговата реакција. Јас да бев, ќе те одбиев ако беше нешто за јадење. Иначе и нам ни се случувале сцени во јавност. Ми се замешале други и не сум се налутила, ниту би дозволила да имам несоодветна реакција на истото. Не гледам ништо лошо тука. Некогаш дури и очајнички ми требало помош, па мешањето ме спасило. Кога туѓо дете плаче, јас многу ретко реагирам. Бидејќи моето мислење е дека не секој родител го прифаќа истото. И јас ги учам моите деца да не земаат ништо од непознати. Разни причини ради. Ниту нешто нудам на други деца. Ако на игралиште имаме нешто за јадење, а некое дете сака да земе, може, слободно, но јас прво инсистирам да го праша родителот дали смее. Бидејќи не одлучувам јас за него. Неколку пати им било забрането, не знам од кои причини и не ме интересира. Но ми било драго што детето или некогаш јас, сме го прашале тој што треба. Ќерка ми на пример има интолеранција на глутен и не сакам ниту да помислам што може да се случи, ако земе нешто за јадење кое го вклучува истиот. Затоа не смее од никого ништо да зема. Ова е причина плус поради која прашувам секогаш, пред да понудам нешто на туѓо дете.
И јас и' дозволував на мојата да зборува и да зема од други работи.. ако и' понудат. После, кога потпорасна и почна да оди до овде- до онде сама, и' кажував да не зборува со непознати.. Исто мислам дека е претеризам ова на типов.. Сум ја носела со мене по шалтери, откако е родена. Ќе ја пуштев да се мотка наоколу, ќе разгледува, ќе си шетка низ просторијата. Јас одвај додржвам да чекам во ред, пола саат-саат, дете ќе ти стои мирно... кај?
@LiliBoz, @NarCis@ , @Black girl Ако ептен нема кој да му го чува,во ред е да го носи со него.Ама,штом го носи,треба и да го учи како да се однесува надвор.Некаде правење врева не е дозволено.Основи на добро однесување се учат од мали нозе.