Сега ми текна една случка мм што ми ја раскажа пред месец дена. Се враќал од градинка со малата и малата плакала , се трескала на земја , а мм и велел да стане па ја залажувал некако се препотувал, а таа не сакала да стане и само плакала и пискала.Тогаш поминал еден постар човек и нешто и рекол на малата.А малата се уплашила и се стрчала веднаш во татко и и се смирила за секунда.А мм пресреќен што ја уплашил човекот 10 пати фала му рекол. Деца немаат некогаш страв од родителите , а од странци имаат респект.
@baba Rada Не си направила ништо лошо и нема потреба да си ги преиспитуваш ставовите и да се замараш. Реакцијата ти е сосема нормална, но овде сите сме истренирани да немаме осет и кога ќе се најде некој поинаков, тој е санкциониран, пошто се разликува. Тоа дете утре ќе го прави истото што го има гледано од родителот и нема ни да има шанса да биде поарно. Којзнае низ што се друго не поминува... Некои луѓе не заслужуваат да бидат родители, но светот не разликува добро од зло а дел од нас сме учени на, за себе - непрактични морални вредности. Конкретно, како прво, не смеел да го малтретира детето на тој начин. Како второ, требал да може да направи проценка на опасност, не секој човек што го среќаваме во текот на секојдневието е закана. Ама, толку му делиле.
@baba Rada Јас мислам дека е во ред да сакаш да го занимаваш детето, смешкај му се и слично, ама на непознат човек да му речеш да го земеш детето за да цртате нешто, јас не би дозволила.
Лили мислам дека доста беше. 1 месец збориш за фамозниот лајк што го ставила Специ. Она стави лајк, а ти напиша дека би клоцнала мртов човек. Ај стави на вага и престани да глумиш навреденост во име на сите мајки на светот.
Проблемот кај тебе е што многу читаш малку доживуваш, а сепак мислиш дека знаеш се'. Читајќи за тантруми не можеш да знаеш која ситуација е тантрум а која проблем во воспитување.
А ако некој е родител на едно дете, може со сигурност да знае што е тантрум а што проблем во воспитување кај останатите деца?
Со едно си на почетен левел, со две веќе си на добар пат, со три или повеќе може предавања да држиш, исто ко диплома да си земала.
Дали за тебе подобар родител е оној со едно дете кое ќе го воспита правилно и ќе му обезбеди иднина, или оние што раѓаат по 5-6 а притоа се свесни дека немаат услови?
Типот може осетил напад на неговата способност како родител па изреагирал. Дополнително што си продолжила да објаснуваш укажувајќи на околината, дека детето им смета на вработените, дека тој не може да го смири и дека не е во право ти не си била потполн странец. Не си имала лоша намера, ама човек треба да знае кога да се повлече. Кога друг навлегува во нечиј личен проблем истиот може да наиде на отпор и не може да очекува извинување. Напротив, кога се ставаш во туѓа ситуација и добиваш таков одговор, подобро би било да се извиниш и повлечеш. Тоа што дополнително се правиш жртва, дополнително и ќе те испратат кај што не треба, или у случајот да си ја гледаш работата. Може на човекот едноставно не му бил денот. Сите имаме такви. Не си ставај на срце и не се откажувај. Следен пат можеби во таква ситуација некој навистина ќе ти биде благодарен. Има луѓе и луѓе
Мислењето не ми беше озбилно, но ако веќе прашуваш, луѓе со дипломи и луѓе "прочитав на нет за тантруми па сега знам зошто сите деца се акаат од земја по продавници", не се исто.
Не дека си далеку од вистината, искуството го прави своето, ама ако си родител на твоето дете/ твоите деца, како можеш да знаеш за тантрумите на останатите деца? Муабетот 'кога ке бидеш мајка ке знаеш' е излишен. И еве, ако мајчинството е репер за знаење и искуство, што мислиш за личностите со диплома кои не се родители?
@Bridget, има студенти што учат на пример психологија или конкретно за педагог, или пак веќе педагози, а сè уште без свои деца - е, и ним ли ти, Лили и сличните на вас ќе им речете дека многу читаат, ама се некомпетентни бидејќи не искусиле? Мене не ми е тоа ни струка, ама за возраста и приликите ми е доволно што сум читала и се сметам за информирана и со толерантен став. Не ми треба ништо да распознавам, важно не осудувам никогаш родители конкретно за ова, не нарекувам деца невоспитани. А сум читала игнорантни РОДИТЕЛИ овде, можда и со 2 и 3 деца, кои велеле дека тантруми се нова измислица, дека ќотекот е излезен од рајот и слични простотилуци. Затоа пишав дека не е до родителството. „Не си мајка па не знаеш“ не е аргумент, безобразно и омаловажувачко однесување е. Никој нема да ме разубеди во тоа.
Не реков дека знам за тантрумите на сите деца и не реков дека мајчинството е репер за знаење и искуство, иако поштувам добар обид за спинување. Ама, сувопарно читање без искуство не значи многу. Како што и искуство без читање, она на што ти пробуваш да ме "фатиш“, дека има родители што поима немаат од многу работи затоа што се водат само по емоции а не се информираат. И нормално дека има. Читање и искуство е добитна комбинација, нема дисусија и ова ти е одговор на второто прашање. Ко да ме прашаш што мислам за психијатар кој пишува блог или предава на факултет а никогаш не лечел психички болна личност? Ќе ги има правите информации што ги прочитал во книга ама без искуство никогаш нема да е на исто ниво со оној кој секојдневно работи со нив. Под услов нели и двајцата да имаат исти дипломи и ист просек, пример. Едит -Мислам дека ќе продолжи муабетот со -мајки и немајки, па да разјаснам дека под искуство не мислам само на оние што родиле туку за секој кој е опкружен со деца редовно, се грижи за нив и ги образува.
Во секој случај ја почитувам @Someonespecial што се информирала, за разлика од другите членови кои и на тацна да им дадеш, игнорираат и упорно го тераат нивното. Инаку да, некои работи можеш да ги разбереш само како родител. Еден куп прочитани информации пред да станам родител, и сите претрпеа нивна трансформација. И едните и другите сте во право и криво.
Дит доста идеш по теми и ме цитираш апсолутно без врска. Спешл ме цитираше и и одговорив. адвокат и морална подршка нема потреба мислам. За глумење не ми збори те молам цело време глумиш штитник и тоа безпотребно. Доста ми е од тинејџерски драми. Кажав што имам да кажам на темава и нема потреба да барате внимание и да правите драма од ништо. и пробај сеа да не ми пишеш лична порака.
Дали лицето кое 4 години читало за одредена проблематика, сепак не е доволно компетентно додека не почувствува тантрум како родител? Има секакви личности, па не можеме со сигурност да кажеме дека некоја личност е помалку или повеќе компетентна само поради фамозното 'искуство'. На некои личности емоцијата им го поматува расудувањето и не се доволно објективни, на некои личности неискуството и незнаењето, кај некои причината е сосема поинаква. Како и да погледнеш, не можеш да кажеш дека сувопарното читање не вреди ништо а се чини дека премногу често се обидуваш нечиј став да порамниш со нула, баш поради искуството. Ако збориме генерално, се согласувам дека потребно е образование и искуство за да учинковитоста биде на повисоко ниво, ама не можеме да заклучиме дека искуството е клучно. Но, што правиме ако личноста не читала доволно, има низок просек а секојдневно лечи пациенти? Од една страна имаме личност со висок просек и без ниту еден ден искуство, ама па од друга страна личност која читала а не дочитала, и сепак секојдневно донесува одлуки за нечие здравје.
Не си мајка и не знаеш-не е навреда. Само кој да го сфати тоа!? еве тие што не се мајки да ги прашам-знаат ли колку мл ад се дава на дете од 36 дена и колку пати во денот? каква е каката кога дете се дои а каква е кога јаде цврста храна? што се дава кога дете има пролив а не повраќа? Како ќе приметиш дека има стрептокока ноќен терор или заби вади? НЕ ЗНААТ. И знаете што? Нема потреба да знаат. Зашто кога ќе станат мајки ќе научат. Тоа во школо не се учи. Мајка не е диплома. Може со едно дете косата да ти побели а со три да не е така и обратно. И нема потреба никој да се навредува зашто му е речено не си мајка за да знаеш зашто е вистина - не знаеш. Јас на нарцис кога ќе и пишам малиот не е добар одма елаборираме што може да е. Додека со некој што нема дете може да сочуствува само со мене и пак ќе речам-ок е. Не се вреѓајте и не драмете безпотребно. Се у свое време.
Toчно дека вакви работи се учат кога ќе станеш мајка ама, замисли може да има некој да речеме медицинско лице кое ги знае работиве а не е родител. Ако не грешам и ти си медицинско лице, ама ако да речеме доктор ти каже како да го храниш детето, дали прво прашање ќе ти биде дали тој има деца за да ти кажува на тебе? А патем, има работи кои не се учат дури и родител ако станеш, а за кои сум читала осудувања од мајки, јер они знаат за секоја тема најдобро, дури и да не е поврзана со мајчинство.
хмм.. не те сфатив баш. Ако е доктор т.е. педијатар нормално да знае повеќе од мене без разлика дали има деца или не. За тоа учел. ок има и некои доктори што везе немаат. една што налетав не знаеше дека постои козјо адаптирано млеко и дека тоа е поблизу до мајчино неголи адаптирано на кравја подлога. А жена во години и верувам имаше деца. знаењето е релативна ствар. горе членката што тресна како ќе го воспитува и дека ние не сме воспитани и затоа ни вриштат децата беше смешно. зошто? Зошто очигледно нема прочитано ништо. За разлика од спешл која вели има прочитано. Ова ако ме цитираше за доктор. А ако ја утнав поентата кажи ми.