Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали погрешив или не...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од baba Rada, 15 ноември 2018.

  1. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.106
    Допаѓања:
    163.641
    Пол:
    Женски
    А си ме видела ли некогаш да пробам да дискутирам во тие теми (за доење, бебешки физиолошки потреби, детски болести и сл.)? Секако дека не, не ме ни интересираат и не ги ни отварам. Ниту пак некоја друга што не е мајка, не верувам дека ви се меша таму.
    Ама за основни работи, емпатија, воспитување, сфера на психологија - може и треба да се знае и останато искуство и перспектива од страна на дете (пошто сите тука сме биле во улога на нечии деца), а има и ставови и вредности кои не се менуваат кога ќе станеш родител, и работи за кои можеш да се информираш преку читање/истражување. И да, тука лошо звучи фразава и тоа е тоа.

    Всушност јас и се согласувам со тебе за тоа со тантрумите, само ти реков дека не е гаранција членката ако е родител дека ќе знае. Не знам зошто и ми го правиш овој муабет со нападен став, веќе ти кажав дека е навистина незрело што ме гониш ради лајк на мислење спротивно од твоето, ама твое си е.
     
    На Harper, candy.cane, lovestoneddd и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Без разлика дали е доктор или не, поентата ми беше дека има луѓе кои се разбираат од такви работи а притоа не се родители.
    И од тебе имам прочитано мислења на осетлива тема за која очигледно немаш појма како е да осетиш на своја кожа, ама нема да коментирам што беше пишаното и како јас се осетив да го прочитам тоа.
    Ама не, млада сум јас, што знам од животов освен тинејџерски драми.
     
    На candy.cane и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  3. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.319
    Допаѓања:
    285.623
    Ако јас држам цврсто дете во раце значи дека со сите сили се обидувам да го спречам да штрапне на земја. Посебно во установа како банка.

    Оти не, нема да стои мирно до мене. Ќе се обиде можеби да отиде позади пултот кај што седат вработените, да фати низ врата итн.
    Една беља е да вика, ама се обидувам да спречам сто пати поголема.
    За во конкретната ситуација не знам што да кажам, не сум била таму. Ама јас не би сакала никој ниту да ми се меша нити да ми советува што да правам со сопственото дете, чии реакции и карактер сигурно многу подобро ги познавам од еден странец.

    Како викаат, кога гори не дотурај уље.
    Па на среде драми, ама ич не би сакала помош, колку и да е добронамерна во очите на другиот.
     
    На Emma2, Harper, LoneWolfGuy и 14 други им се допаѓа ова.
  4. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.207
    Допаѓања:
    181.291
    Пол:
    Женски
    Значи Лили нема да клоцне мртов човек, а Спешл се надевам не мисли дека децата се мочани. Е така.
    Даничап, очигледно детето твое е невоспитано, исто како моето, и како на Лили, и останати членови тука. Тантрум е измишљотина на родителите што не се замараат (facepalm)
    #ијаснаучивнештоденес
    #научетеивие
     
    На ane.bella, Someonespecial, Rebecca_R и 3 други им се допаѓа ова.
  5. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.386
    Пол:
    Женски
    Спешл мислам дека е нормално да не се сложуваме во се. Во порака ми го кажа твоето мислење за мојот став за самоубиство. Не земав да те вреѓам зашто сметаш дека е незрело. Го прифатив твоето мислење. Прифатете дека и за мене не е во ред некој да рече мочани деца и не мора вау да се прави од тоа. Јас сум 100% сигурна дека ти тоа не го мислиш. Туку лајк и стави зашто ти е другарка. И нема потреба да се шири понатаму дискусијава.

    Тане токму така. не може да се генерализира.
    едит -тане гледам си го преправила мислењето. не можам да ти пишам лп. Ако можеш пиши ми ти
     
    Последна измена: 17 ноември 2018
    На NarCis@ му/ѝ се допаѓа ова.
  6. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    17.028
    Пол:
    Женски
    Што се човек нема да се изначита.Да да тантруми немало ние кога сме биле мали ама затоа имало уроци и слично па кога сме се трескале не носеле по бајачи.Нормално бајачите не ни помогнале се поминало само од себе ама они пробале.Ете и јас кога сум имала две години мајка ми ми раскажува случка како еден саат без престан сум ја лупала главата во сред парк.Сега син ми кога го прави тоа она неможела да гледа и слуша.Епа неможе тогаш имала 30 сега 60 години.Јас бев избркана од стопанска банка зошто моето дете било бучно,плачело.Епа плаче неможам да го смирам што да правам.А јас морав лично да завршам заедно со маж ми.Убаво пиша некој претходно кај да го носам за дрво да го врзам.Ама ете ние невоспитани дете невоспитано тоа е.
     
    На ane.bella, jacqueline.s, baba Rada и 4 други им се допаѓа ова.
  7. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.236
    Допаѓања:
    125.665
    Пол:
    Женски
    Полека малку. |(
    :!: Темава не е само за родители.Секој може да коментира.
    Тоа што не сме родители,не значи дека не можеме да кажеме нешто за деца.
    Ние сме нечии деца,сме поминале низ тие нешта,ете некој бил бесен,некој мирен,некој од двете по малку...
    И за вас ќе биде добро да чуете нешто од аспект на деца или возрасни кои немаат деца,ама биле деца и споделуваат како нивните фамилии се справувале со сето она што доаѓа со родителството.Не мора човек да е доктор за да процени нечие однесување.Искуството многу кажува,ете некои од нас имаат внуци и внуки и помагаат во нивното одгледување,па можеме да кажеме по нешто.Верувале или не,по нешто сме и прочитале на тие теми,нешто од образование,нешто од Гугл. :smirk: Треба да прифатите и мислења на членови кои немаат деца затоа што така ќе можете да процените како им е на вашите деца.
    Во ред е да не се согласувате,но тоа не треба да биде пренападно.И ако сте пренападни,немојте да очекувате нежен одговор. ]:)

    Тантруми има,но можат и да се спречат или барем намалат.Тантрумите може и да се резултат на недостиг од (емотивно)внимание.
    Нема потреба од баење и тепање.
    Потребни се само разумни зборови.
    Новороденчето е мало и не разбира,но од моментот кога детето почнува да кажува реченици,може да почне да учи малку по малку што е добро,а што е лошо.Е,секако дека не може веднаш многу да сфати,години се потребни за да му станат јасни нештата.Ама,тоа може да оди постепено.
    Тоа за воспитаноста е општо кажано,никој не е директно посочен.
    Ама,помислете што кажуваат вашите груби коментари.Добро воспитана личност ги почитува туѓите мислења дури и ако се спротивни од нејзините.Вие се правите либерали,а не покажувате ниту малку толеранција кон оние кои не се согласуваат со вас.
    Ајде,мала острина е ОК,ама...
    Однесувањето на родителот влијае врз детето.Детето го копира однесувањето на родителот.
    Секоја чест на исклучоци !
    Пак ќе речам. :)
    Баба Рада немала лоша намера.Таткото претерал,можел со смирен тон да му каже на детето да не прифаќа,да не зема работи од непознати и да ја замоли Баба Рада да не се меша.Преостриот тон и викањето се стресни за детето.
     
    На Ygritte, toogood, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.074
    Допаѓања:
    77.014
    Пол:
    Женски
    Баба Рада пишува дека детето имало од прилика 4 или 5 години, тука одма сите почнаа да мешаат тантруми и двегодишни деца. Па одма мајки, немајки, па одма мешање на фамозното "немаш дете, не знаеш како е"
    Во секоја тема докажување и оправдувања за лични работи и препукување и навреди меѓу членки кои во друга тема "си копале очи".
    За темава ќе кажам само едно, ако родителот не може да си го смири детето, сигурно не може непознат човек да го смири магично со флаер, има деца кои се плашат од непознати па може поголема да стане. Сигурно на непознат човек не му е жал за дете што плаче повеќе од родителот. Јас како родител не сакам непознати "да ми помагаат" во смирувањето на вознемирено и расплакано дете. Јас како мајка најдобро си ги познавам децата и знам како да ги смирам. Затоа, најдобро е секој да си ја гледа својата работа и да не го пика носот кај што не му е местото. Ако човек побара помош и сакаш да помогнеш, супер, ако не стој подалеку и игнорирај.
     
    На theowndemon, Nausicaa, violetblue и 3 други им се допаѓа ова.
  9. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Кога би имала камено срце а би немала душа, можеби би игнорирала, но дете кога плаче, ретко кој е имун .....Јас на пр. не би се бунела ако некој се обиде да го смири, да го занимава со нешто додека средам работа по која сум дојдена
     
    На ane.bella, naturallmess, Ицолгудбејбе и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.779
    Пол:
    Машки
    Добро си направила. Ништо грешно...
     
    На Feminka22 и baba Rada им се допаѓа ова.
  11. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Тантрумите може и да се резултат на недостиг од (емотивно)внимание.

    Ova e tocno I mozete da go najdete vo knigite za vospituvanje koi se koristat vo Montessori gradinkite.
    Zvuci navredlivo I se prakticira da ne se kazuva nego im se dava buklet na roditelite, na site roditeli vo grupata na deca za da ne se oseti izdvoena taa majka, ama sekoja si znae za koja e nameneto.

    Pa ke naglasam. ne se prakticira javno da se kaze ama indirektno Da.
    Za ovaa rabota moze da se odi I do socialni sluzbi, pa nadgleduvanje na odnesuvanjeto roditel/dete, pa nekoj nezgodni situacii,... nedaj boze vakvo odnesuvanje na dete da potrae poveke od edna nedela :|.
    Moze da otide na mnogu golemo nivo ama vo Mk ne e strasno kako I se drugo |-)
     
    На nextredstyle и baba Rada им се допаѓа ова.
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.654
    Допаѓања:
    167.837
    Пол:
    Женски
    Или строго гледате од аспект на родител, или од аспект на не-родител.

    Во дадената ситуација, ако детето ми е моментално нервозно, а јас би требало да одам и да свршам работа во банка, заедно со него - и јас веројатно би била нервозна, ама не мислам дека би се развикала на бабата, сем ако продолжи да инсистира на тоа шо прај веќе. Мислам сфаќам дека таткото иди како невоспитан и се тоа, ама факт е дека е таму со раздразнето дете и најверојатно и самиот е раздразнет од целиот тој притисок. Како и да е, сепак неговото однесување не е за оправдување.

    Од друга страна, често се случува да сакам да се замешам кога дете е во лошо расположение, зошто секакви ситуации има. Ама, големото ама, не знајме родителите, не знајме како ќе изреагираат, па сем насмевка кога се разминваш со дете нема шо поќе. Тој добро вели „треба да знај дека не треба да зема работи од непознати“, и можеби тоа пробва да го учи сега, и ради то го сфаќам. Читав коментар кај шо викаше дека детето треба да знај шо смеј, а шо не смеј да зема од непознати. Мислам, се надевам знајте дека се збора за дете, така? Ако му велат „смејш ова, ама--“ и детето се буни. Не ги бунете децата, прво нека научат шо не смеат, и кога добро ќе знат шо не смеат, се учат исклучоците.

    Дека има невоспитани деца - има. Ама секое дете шо плачи не значи дека е невоспитано. Можеби е тажно, можеби нешто му треба, можеби само бара внимание шо е сосем во ред. Да, не секогаш можиш да смириш дете, и некогаш е океј само така да го остајш ако веќе си надвор од опции. Еве, како неродител, зошто веќе е поделена темата, то го сфаќам, и кога некое дете плачи во моја близина, колку и да ме иритира плачот, и да ми смета, јас сфаќам дека то е само дете, и дека немаше да биди на ова јавно место и да плачи ако родителот немаше некоја супер итна работа која мора да ја исполни и дека и него, најверојатно, му е непријатно и дека ако можеше да направи нешто, веројатно ќе направеше до сега.
     
    На WildMk, Emma2, Lolipop23 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    26.448
    Пол:
    Женски
    Јас сум на пат да стснам мајка, и од се што прочитав искрено се исплашив:(.... Како деца бевме мирни, и јас и брат ми за што беше заслужен остриот поглед на татко ми :)сега чекам бебе и знам дека со него идат 10-кратно лоши ситуации ..... Добро си постапила што си пробала да го смириш детето, од друга страна пак таткото не можеби толку лош татко само заради тоа што изреагирал така во моментот.....не му биле сите овци на број ... Јас се имам најдено во друга ситуација каде детенцето имаше аутизам и врескаше во маркет, беше со таткото кој се препотуваше за да го смири, а притоа и пазареше... Јас и мајка ми останавме смирени а продавачките беа во фазон : леле какво дете не морно, не воспитано, какви се тие родители..... Јас им одговорив дека детето можеби има проблем а татко се гледа дека сака да го смири... И дека не е добро да даваат избрзани заклучоци... И двете ме погледнаа како јас да сум падната од Марс.... Во случај кога моето дете би било раздразливо би се тргнала на страна да го смирам.... Одев на пракса во лабораторија дојде татко Американец со детенце 3-4г. на кое требаше да му вадиме крв, на почетокот плачеше, врескаше, два пати се враќаа, кога третиот пат се вратија детето само седна смирено и завршивме работа за 1мин. Разговорот меѓу нив беше смирен и таткото му објасни на детето дека тоа е за негово добро и дека ако биде мирно побрзо ќе оздрави за да може да оди на плажа,но тоа не беше случај со наша мајка и нејзината 10 годишна ќерка, кај детето плачеше и таа дополнително викаше:^)
     
    На Milobebence, Feminka22 и theowndemon им се допаѓа ова.
  14. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.074
    Допаѓања:
    77.014
    Пол:
    Женски
    Не значи дека ако игнорирам дете што плаче, дека сум без срце и душа, туку при присутни родители не сакам да се правам паметна, демек ти не можеш да си го смириш детето, чекај да видиш како се смирува.
    Мене неколку пати жени во години сакаа да ми го "смират" детето, и тоа најчесто во лифт. А, во тие моменти или со температура сум го носела на лекар, па нормално е да плаче нели, или после градинка гладно го носам накај дома, освен храна друго не може да го смири, или па било изморено и од премор плачело. Ама нели, жените од што беа загрижени почнаа да му зборат, да го пипкаат по образи и раце, да му нудат бомбона (а детето не смее бомбони да јаде). И моето дете пример се срами од непознати и се бута во мене, жените упорно му дишат во лице, му зборат и го чепкаат и детето почнува да плаче и да се трга. И, јас како родител покрај фрката што си ја имам со детето, треба да се објаснувам со жена што првпат ја гледам дека не треба да го допира детето, дека има темпмература и слично. Едноставно јас лично не сакам такво пикање и наметнување, знам што му е и знам точно кога и како ќе го смирам, и не сакам да објаснувам на непознати луѓе едноставно што го мачи моето дете и зошто во моментот плаче.
     
    На fina erika, ane.bella, Lianna Anna и 10 други им се допаѓа ова.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.543
    Допаѓања:
    201.664
    Пол:
    Женски
    Јас искрено не би сакала некој да пробува да го смири моето дете, оти би имало контраефект, си ги познавам децата. Па и јас да сум, онака од нигде никаде да ми пријде некој да почне да ми збори нешто, па ќе ме фати страв, не па дете. Ми се случило, и тоа во банка, па малку сум скептична. А од друга страна, би ми помогнало некој ако се ангажира околу детето, ама пак ќе си кажам, моја работа е тоа, па ако не успеам да го смирам детето, ќе си одам со незавршена работа.

    А за сите што си кажавте дека воспитани родители ќе одгледаат воспитани деца, да си гризнат од газот. И јас така мислев, ама од глава ми се удри. Тантруми? Мислете си дека сме ги немале... море ги имавме, само не ги паметите. Оти причината што ги предизвикува не се појавила кај денешниве деца, постои со векови наназад, кај генерации наназад. Сега доаѓаат до израз, оти повеќе се пишува за нив и се проучуваат, а порано се сфаќале како разгаленост, невоспитаност и тврдоглавост, па играл каишот или казната. Казната пали кај деца над три години, а каишот никаде не пали, само создава насилни и агресивни единки.
     
    На LiliBoz, Emma2, ivi1987 и 14 други им се допаѓа ова.
  16. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.904
    Допаѓања:
    15.811
    Пол:
    Женски
    Шо вика дедо ми- разни људи,разни чуди.

    Добро,баш добро си постапила.
    Но,тој ете најдобор си знае или не знае за детето свое.
    Див народ сме,див.
    Неубаво постапил тој,не се обвинувај себеси.
    Дур работев со луѓе, што не видов,богами што не. Ако почнам нема да прекинам.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.002
    Допаѓања:
    133.885
    10 мислења у бебе и 28 у дете.
     
    На LiliBoz, TutiFuti и baba Rada им се допаѓа ова.
  18. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    А зошто е толку лошо некој да не знае да си го смири детето ВО МОМЕНТОТ? На секој може да му се случи да не знае како да постапи во некоја ситуација, тоа не го прави неспособен родител.
    Не треба да е навреда ако некој се обиде да ви помогне, поготово ако тој некој знае како во моментот. Преголемо его не е на арно.
    Се разбира, се зависи од начинот на којшто некој нуди помош. На пример, @baba Rada постапила разумно. Не му го земала детето од раце да го смирува па да рече некој дека му се меша во воспитување.
     
    На LiliBoz, baba Rada, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.658
    Допаѓања:
    79.557
    Пол:
    Женски
    Некои деца искрено ги жалам, какви родители имаат. Да се учи дете да не зема нешто од непознати е во ред, родителите сакаат да ги заштитат децата, но во некои случаи кога нема ништо опасно, како тој во описот на темава, глупаво е да се хистеризира. Кога нешто е добронамерно, зошто да се забранува и да се бега од истото.
     
    На LiliBoz и baba Rada им се допаѓа ова.