Сакав да прашам и дознаам, дали ова е вистина, дека сите постари сакаат помлади, и дали имал/а некој/а вакво искуство ?
Тоа си е индивидуално.Одредена разлика во години може да се толерира.Мажот може да биде помлад од жената година,две или преку сила највеќе до пет,шест години.Ако е помлад 10,15 години или повеќе да може таа на него мајка да му биде тоа е многу,иако некогаш дури и во такви екстремни случаи може да има вистинска љубов којашто не трае секогаш долго поради големата разлика во години.Во такви случаи обично се работи само за обична страст,а не и за вистинска љубов бидејќи младите мажи се атрактивни и убави,а старите не водат сметка за својот изглед и го губат интересот за жените и за сексот воопшто.Исто така може да се работи и за материјален интерес,па затоа млади мажи имааат врски со постари жени поради нивните пари и имот или обратно.На крајот,младите мажи можат да бидат во врски со постари жени поради трофеј и билдање на нивното машко его за да се фалат пред другарите.
A koi zeni gi tretirame za mladi a koi za stari.... Prasuvam za da znam dali treba da odgovoram ovde...neznam vo koja grupa da se stavam
@kolovoz ваљда се мисли на тоа секоја индивидуално да си одговори врз основа на возраста. Јас на пример би била со некој до две години помал од мене.Се друго е премногу зелено за мој вкус, со тинејџери не можам да се расправам. А, тие што се повозрасните дами на форумот и на поголема старосна разлика може да одат.
Се мисли на 40 годишни жени дали сакаат 15-20 годишни момци ... Мое мислење е само дека ги има многу такви жени кој сакаат барем еднаш да пробаат или веќе пробале со некој што е 20-30 год помлад од нив , само што на тоа не се посветува внимание бидејќи од едноставни причини Кое машко е доволно глупо да каже не на такво нешто .... мислам тоа е тоа .... Тоа само се крева прашина и се пријавува во полиција ако некој 40-50 год маж иде со 15-20 год девојка , обратно е "е бе среќо една"
Мајка ми што има педесет години колку пати кога ќе загледа некој помлад симпатичен дечко на телевизија, а татко ми не е во присуство ќе рече ''ах, да бев помлада'' а не пак некоја млада жена која има бар триесет години.
Што знам ,никогаш не сум се нашла во животов да бидам ставена пред вакво искушение. Ама на пример,кога би била немажена,без обврски...одговорот е да.Во моменталнава ситуација на памет не би ми паднало. А и онака таква врска би била доста напорна,да се согласат енергиите,да се остане имун на околината.Таква врска би годела извесно време не верувам дека би можела да опстане на подолги стази.Тука не мислам на разлика од 5-10 години,туку на 15-20 годишна разлика...
Демек маж ако не сака секс со постара, глуп е? Ах беее, до кога ќе делиме мажи - жени. Мажов ако има можност со постара, глуп е ако не оди. Жена ако оди со постар човек- курва е, сигурно тој има пари, а таа е спонзоруша.
Jас, не сакам младо а ни старо, нека средина где нечу да га учим али чу да га мучим Него шта!Нек кожа пуца, нек му прија бол Жешка е таа која тврдо ќе ти ги свари мислите Па, све светици ја реко бичу неваљала на речи Јер један веч мучим
Врска на жена со момче помладо од неа деценија и повеќе, воопшто не ми е прифатлива дури ми е и неприродна. Наречете ме старомодна или не знам каква ама некако ми е дури и настрано... За таквите жени би рекла или дека се емоционално незрели, вечни Лолити кои не си ги прифаќаат годините, или доминантни кариеристки кои не сакаат компетитивен партнер,а им треба само забава после напорниот ден... Веднаш ми текнува на оној филмон со Ума Турман. И да се створи моментална хемија, на долги стази ретко се успешни овие врски (и кај холивидските парови, па камо ли кај обичен свет). Мене лично млади момчиња ми будат мајчински нагони, веднаш се поставувам грижливо и негувателски. Опасно е и нехумано да им се испраќаат сигнали кои можат поинаку да ги протолкуваат.
Дали тука зборуваме за сексуална врска или љубовна( брак)? Не има нас различни, со различни апетити, но генерално луѓето не ги привлекува возраста, туку убавината на лицето, структурата на телото, однесувањето, начинот на избор на гардероба и слично. Убав и згоден човек е убав и со 20 години и со 55 години. Не верувам дека некој дечко би се напалил на постара жена ако таа има +15 кг и е несредена. Некои жени со годините стануваат поубави додека кај некои опаѓа генетиката( кај повеќето) Сексуалното возбудување е сосема различно од љубовта. Вие најголем дел зборувате за сексуално возбудување, а не љубов. Ако е во прашање љубовта на дечко од 25 години и жена од 40 години за рок од 15-20 години тие разлики во години ќе излезат многу на површина. Тој кога ќе биде сексуално најактивен таа ќе остаре, телото ќе и изгуби еластичност, цврстина, ќе накачи килограми, ќе се изгуби привлечноста. Или, љубов помеѓу девојка од 25 години и некој од 45 години. Кога таа ќе има 40-45 години тој ќе биде дедо во врска се околу неа. Сексот е сосема друго. Имаш, одиш, се облекуваш, двајцата задоволни, но кога е во прашање заеднички живот, создавање потомство тогаш тоа е сосема друга работа. Инаку, сум видел секс бомби постари од 50 години, но тука игра голема улога генетиката и желбата за одржување како и социјалните услови со коишто располага таа личност.
Се вреѓаме сега? Што им фали на помладите? Јас мислам дека има вистина во она, дека мажите сакаат постари дами а жените помлади мажи. Да не се разбереме погрешно јас преферирам помлади, но тоа не значи дека и некоја повозрасна дама неможе да ми го привлече вниманието.
Искреноо јас не сакам па дури ни за секс. Без навреда има квалитетни мажи сеуште и во поодминати години.