1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали постои Дедо Мраз?

Дискусија во 'Дете' започната од Ariel, 9 јануари 2012.

  1. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.788
    Допаѓања:
    131.404
    На која возраст вашите деца почнаа да ве прашуваат дали постои Дедо Мраз? Им ја кажавте ли вистината, или ги оставивте да продолжат да живеат во светот на фантазиите?
    Искуство може да споделат и оние кои се сеќаваат на овие работи од нивното детство.

    Имам ќерка од 7 години, и син од 5 години, кои почнале дома да расправаат околу постоењето на Дедо Мраз.
    Ќерката ме прашува: Мамо, нели постои дедо Мраз?
    А синот: Мамо, нели НЕ постои Дедо Мраз?
    Не знаев што да им одговорам. Од една страна секогаш сум сакала да им ја кажувам вистината, од друга страна, сакам да уживаат во детството колку што можат подолго, а тука спаѓа и легедата за Дедо Мраз. Не сакав ни да им кажам дека постои затоа што имаат бланко доверба во мене како нивна мајка, а некое дете во училиште или градинка може да им го скрши филмот.

    Оваа година им кажав дека постои. Неделата пред нова година беа болни, па немаше потенцијални можности некој да им го скрши филмот. Сепак, се чувствувам неубаво дека ги излажав :D
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Ова нешто како ,,мамо а како настануваат бебињата,, :$ ,, ги носи штрк,, или ,,се купуваат од болница,, .... :)
    Кога почнуваат да осознајуваат тешко и дека ќе ги излажеш нешто. Тука е школото, градинката каде што ќе се најде некој паметњаковиќ и ќе им скрши филм. Али има втора варијанта па се вадиш на приказни и легенди :) .
    Колку и да сакаме да им го продолжиме детството, неможеме, таков ни е системот. Еве сега поаѓаат на училиште од 6 год. кога во наше време од 7 или скоро 8 год и од мали нозе ги оптеретуваат со обемен и глупав материјал.
    Мојот филм за Дедо Мраз беше скршен откако видов дека таа брада и бркови на Дедо Мраз не се вистински. Се сеќавам дека беше во градинка некаде на 5-6год и кога буквално секое дете го теглеше за брадата Дедо Мраз :) (нели те земе во скут и да се сликаш со него). Не беше нешто трагично, туку тоа беше хаусмајсторот (подоцна му го откривме и идентитетот) кој делеше пакетчиња. И тогаш беа пакетчишта со 5-8 чоколади, богати. Едноставно се радувавме на пакетчињата.
    Денеска на малиот му правам филм дека бил Дедо Мраз и му оставил подарок, ама затоа ме тера по 2-3 пати пред заспивање да му читам од оние Новогодишни приказни. Знае дека е приказна, не го видел а му оставил подарок - каша попара во негова фантазија се додека еден ден не свати дека е легенда.
    Како и да е , убави се тие детски филмови а би му ја кажала вистината кога би ме прашал ,,дали навистина постои,, (ако претходно сам не измудрува во градинка со некое другарче :) ).
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tropix4e

    tropix4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2011
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    140
    Лагите од типот „постои Дедо Мраз“ и „штркот те донесе“ се мали и бели лаги кои детето ке ги памти до крајот на животот, но не како нешто лошо, туку како дел од детството. Секое дете живее во некој свој свет и многу е логично да верува во Дедо Мраз, забната вила и сите тие фиктични ликови. Нема потреба ти да им го уништуваш филмот, остави ги сами да сватат дека не постои(верувај ми тоа време ќе дојде), сигурно нема да ти замерат што си пробала да им го продолжиш имагинарниот свет. :)
     
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.788
    Допаѓања:
    131.404
    Помина уште една година, а јас решив повторно да им кажам дека дедо мраз постои.

    Оваа година веќе прават разлика, знаат дека има некои кои се само маскирани во дедо мраз, но сепак веруваат дека постои некој таму кој е вистински и им носи подароци на умните деца.

    Веќе имаат премногу прашања на кои немам одговор - како влегува, немаме отвор за оџак, ако е низ врата кој му отвара, или ни провалува дома и ред други кои секој ден ми ги поставуваат, ама јас не им давам одговор - едноставно им викам дека не знам, иако тука веќе рушам еден друг концепт - дека мама знае се :)

    Денес се чувствувам како да им го продолжив детството. Се собравме кај една пријателка, изрентавме еден дедо мраз, спакувавме подарочиња во кутии со многу убава новогодиша хартија и убави шарени лентички и дојде дедо мраз да им подели подароци :)

    Ќерка ми веќе е голема, па праша дали дедо мраз бил повикан на прославата и е обичен човек, ама јас и кажав дека не знам дека некој го повикал. И не можам да ви опишам колку е среќна! Дојде дома, имавме гости и им раскажа дека дедо мраз бил таму, вистинскиот, и дека има доказ - кутиите од подароците :D Дури се испојави кај бабите да им каже дека го виделе дедо мраз :D Леле, да знаев дека волку ќе биде среќна, немаше ни да помислам да и кажам дека не постои :D

    Денес имавме симболични подароци, за сите слични, а дедо мраз и рече дека нарачаните подароци ќе им ги остави под елка, и на првиот ден од новата година кога ќе станат од спиење ќе си ги најдат :D

    Оваа година мислам дека подароците ќе бидат полн погодок! Во транс ќе паднат кога ќе ги видат :D
    Малата многу ги сака оние Мај литл пони, па и ја купив принцезата Селестија со крилца што светкаат... а бе можам да замислам колку ќе се израдува :D
    А малиот сакаше пластелин, и му купив сет за правење сладолед од пластелин! Инаку многу сака да готви, послебно слатки работи, секогаш се вртка со мене во кујна, па мислам дека подобра опција да сакав немаше да најдам :D

    И мојата луда сакана пријателка не изненади и нас, мајките, со обетки во новогодишни мотиви :D Моите се како лижавчиња во форма на бастунче, црвено и бело, мнооогу слатки!

    Мнооогу убав ден!
     
    На teddi, Annath, Hipica и 3 други им се допаѓа ова.
  5. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Јас уште полани и` кажав дека не постои :$
    Причината беше едноставно, ќерка ми од секогаш се плашела и од Дедо Мраз и од се` што има на себе маска, како на пример кловнови.
    Ако сите деца трчале и го гушкале Дедо Мраз и на плоштад и во градинка ќерка ми плачеше и бегаше од него. :tmi:

    Кога тргна во градинка имаше 4 год. и на сликата групна со Дедо Мраз е видно исплашена, а на посебната каде е сама со Дедо Мраз веќе е крпа бледа :lol: .

    Пред да биде Новогодишното сликање во градинка со Дедо Мраз јас морав по 1000 пати да и` објаснувам и прераскажувам дека Дедо Мраз е обичен човек облечен во црвено само со долга брада од памук направена и дека нема зошто да се плаши од него. Дури и на плоштад бевме, а таму нели има еден куп Дедо Мразовци, и јас и` и објаснував дека сите се тоа обични чичковци.

    Наредната година веќе имаше 5 год. и веќе не се плашеше затоа што знаеше дека Дедо Мраз е обичен човек и сликањето помина без проблеми.

    Ама мм кој е поголемо дете од неа сака и таа да верува во дедо Мраз и и` раскажуваше приказна дека постои вистински Дедо Мраз кој живее во Лапонија и дека тој вистинскиот (а не овие лажниве чичковци) чита писма на деца од целиот свет и им носи подароци низ оџакот.
    Лани дури и писмо напиша и утредента си го најде ќерка ми посакваниот подарок под елката, мм и` кажа дека тој го донел Дедо Мраз бидејќи била умна цела година.
    Инаку ние имаме оџак дома, ама заѕидан, па мм употреби бујна фантазија и со ентузијазам и сликовито со рацете и` раскажуваше како Дедо Мраз направил магија додека сме спиеле и го срушил оџакот, па после пак го заѕидал и тивко без да не разбуди си заминал. :D Ќерка ми слушаше со отворена уста и му поверува.

    Оваа година пак напиша писмо и пак очекува подарок.
    Мислам дека навистина верува дека Дедо Мраз, ама оној вистинскиот од Лапонија, постои бидејќи јас кога и` реков-мама, јас и тато сме Дедо Мразовци и бабите и дедовците, тие ти ги прават пакетчињата, ме погледна косо :^) и ми рече -ти ништо не знаеш, лоша си и тебе Дедо Мраз нема да ти даде пакетче оваа година. ]:) :D
    Лошо е тоа што мм неа ја поддржа, а не мене и рече-така е татичко, за неа нема поклон од Дедо Мраз.....и кога го прашав (нормално без нејзино присуство) зошто ја лаже ми рече дека е дете и дека секое дете треба да верува во Дедо Мраз.
    Тука полемиката заврши.

    Јас само не сакам да ја лажам, не знам зошто ама сакам да си знае дека дедо Мраз не постои, едноставно да не гаи илузии...
    Дали вака и` го скартувам детството или уништувам една детска фантазија не знам навистина, едноставно така сметам.... не сакам да живее во бајки и фантазии, сакам да биде свесна за реалноста и за она што навистина постои, а што не.
    Дали грешам :?: ...Не знам. :|
     
    На Annath, Anna-Banana, Ariel и 5 други им се допаѓа ова.
  6. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Кога го прочитав ова се изнасмеав ама убаво и ја замислив керка ти како ти вели нема пакетче за тебе :D Со време ќе свати , но кога татко и веќе ја убедил не ја разубедувај , не и скратуваш од детството барем јас така мислам , сеуште памтам како ми рекоа моите дека дедо мраз не постоои но дека се тие мој дедо мраз :D Нели ќерките се татини миленици па за оваа година остави ја да верува во него , мислам дека другата година ќе знае веќе :)
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.788
    Допаѓања:
    131.404
    Лолитке, и јас лани се чувствував како тебе, не сакав да ја лажам, и во суштина за ништо друго не сум ја излажала :) На пример самовили, духови, такви нешта никогаш не сум и кажала дека постојат, баш заради тоа што сакам да биде свесна за реалноста.

    Ама за дедо мраз многу се кршев :) И оваа година се мислев, повеќето деца од нејзино одделение знаат дека не постои, ама ги подзамисливме и нив :) Имаше некој натпис во некој весник за вистинскиот дедо мраз, дури и неговата адреса во Финска, па им го покажавме, и уште тогаш се замислија :)

    Ама кога видов вчера колку е среќна кога поверува дека постои, ми падна жал што воопшто сум помислила да и кажам дека не постои :D
     
    На teddi и lolyta777 им се допаѓа ова.
  8. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    За мене Дедо Мраз постои. :lol:

    Иако знам дека сето денеска е лага и комерцијала со Дедо Мраз, мене ми е убаво кога ставам чорапче крај елката, кажувам што сакам да ми донесе (па се надевам некој од домашните ќе ме изненади со тоа).

    Го сакам самиот лик на Дедо Мраз, неговата појава, неговото значење и секако Нова Година без него не ја бидува. :)

    Знам дека не влегува низ оџакот и сето тоа..., ама убава ми е целата таа атмосфера околу него.

    И мислам дека е жално да им се крши филмот на дечињата. Сепак, нека се радуваат на Дедо Мраз и на детството. :) Како и ние што сме се радувале.
     
    На Annath и Hipica им се допаѓа ова.
  9. Gorddana

    Gorddana Активен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    23
    Уште од мнооогу мала знаев дека Дедо Мраз не постои,ама си се правев дека верувам и така е и денес.Уште пред еден месец мајка ми не прашува мене и брат ми што сакаме од Дедо Мраз и ние си кажавме и знаеме дека за нг под елката ке стои тој поклон.Демек Дедо Мраз ке го донесе.Така било кај нас сите изминати години,а и секогаш ке биде така.
    Искрено,сакам да постои Дедо Мраз,а и постои,ама само во фантазијата,не и во реалноста. :)
     
  10. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Не знам дали постои дете порамнодушно на Дедо Мраз од моето...За неа Дедо Мраз е уште еден лик од приказните како пример Пепелашка и Мики Маус само што тие се многу поинтересни, а тој не е... :D
    Мала е уште, а во иднина ако појави интерес за приказни за него и почне да верува дека е вистински лик не планирам јас да и кршам филм, ќе си сфати сама кога тогаш, се надевам не прекасно :D
     
  11. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    Мене мама и тато секогаш ми кажувале дека постоел Дедо Мраз,и тоа тој вистински Дедо Мраз не биле тие чичковци што се низ град облечени,туку тој живеел во Лапонија.Јас за новагодина секогаш сум била скромна и сум барала само пакетче и ништо повеќе.Е сега бидејќи живеам во зграда и немаме оџак,Дедо Мраз моето пакетче го носеше кај тато наработа :rock: :rofl: :rofl: :rofl:
    Е јас во таа приказна верував до 4 години и после не.За мене Дедо Мраз беше измислен и никогаш не постоел. :rofl: :rofl: :rofl:
     
  12. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.939
    Постои...
    Ама не ми купува пакетчиња. Годинава пак не ми донесе :(

    Инаку јас до 5то постојано си добивав поклони од Дедо Мраз, се додека дедо не ми кажа дека ме лажеле :( Ја толкава девојка си го чекав да дојде.. :tmi:
     
    На teddi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. feferona

    feferona Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    94
    Колку што имам слушнато, ама и недоразбрано, Дедо Мраз тоа бил некогаш Никола им помагал на сиромасите, а денеска познат Светецот Никола, дали е вистина, незнам?

    Да се надополнам, кога бев мала, баба ми ни оставаше пари и чоколади во кондурчињата и ни велеше: Мислам дека Дедо Мраз дојде ноќеска, проверете по чевлите, да не оставил нешто, тој нема да влезе внатре сигурно, да не ве разбуди.
     
  14. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Дедо Мраз не постои, ама пред моите внуки морам да кажувам дека постои. |( :D
     
  15. hearted

    hearted Нов член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2013
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    4
    ко бев помала верував. хах . Еден човек од нашево мало се маскираше и ние ко помали деца мн се радувавме и се сликавме со него ахахха . ама сеа коа кје ми текне колку сум била п*** хД :)

    *Не верувам :)