Не знам дали на вистинско место е темава но се надевам ќе има мислења -Вака: Ако нештото се случи еднаш, не мора да се случи и два пати. Но ако се случи втор пат, мора да се случи и трет пат. Што мислите вие, како го сфаќате ова? Дали има некаква логика, дали имате примери што би докажале дека тоа е навистина така или воопшто нема смисла?
Ова тврдење не само што не е научно поддржано, туку е и апсурдно. Функционирањето на универзумот и одвивањето на настаните во нашето опкружување, како и околностите кои доведуваат до одредени случувања едноставно не можат да се повторат повеќе пати освен во случаите кога една првична постапка се повторува повеќе од еднаш, и тоа пожелно е да е редоследно според одреден временски распоред.
Јас сметам дека ако се работи за неверство или коцка баш има врска, не само трет пат, туку тоа ќе стане навика...
Ја сретнав фразава како арапска поговорка,сметам дека е делумно точно.Ако се освртиме логички,не е тешко да се види дека веројатноста да се повтори нешто и по трет пат е голема. Сметам дека е вистина,ама не апсолутна туку делумна.
Според мене мислам дека е вистина во одредени ситоации например неверство,маж кога крева рака на жена..но не секогаш
Зависи за што се зборува. Еве на пример ако станува збор за коцкање/кладилница на пример, колку почесто се повтори, толку повеќе ќе стане навика или пак зборува за вредностите или навиките на личноста. Еднаш може да е несакајќи. Веќе со два-три пати повторено веројатноста дека е „случајно“ се намалува. Статистиките покажуваат дека оние што се развеле еднаш, многу почесто се разведуваат и по втор пат, а уште почесто и по трет пат во споредба со оние што немаат минат развод зад себе. Ова е веројатно така затоа што барем едната страна од партнерите има поинакви вредности или поглед за бракот, не е волен да поправа, туку смета дека со другата страна е целосно виновна и дека со RESTART се ќе се реши. Исто така оние што се развеле еднаш, веќе ги преживеале оние адвокатски администраци, емоционални борби и притисок од роднини/пријатели и затоа им е полесно по втор пат.
Во делот со статистиката за развод воопшто не се согласувам. Тие што се развеле еднаш, не значи дека лесно може да донесат одлука за втора и трета разводна постапка и разделбите да им преминат во навика. Самиот чин не е едноставен ниту од емотивен, ниту од психички, ниту од административен аспект и никаков RESTART не може да помогне за да се врати личноста на почеток како тој дел од животот да не постоел, освен ако се работи за дегенерик. Сеќавањата за личноста и моментите може само да се потиснат, но не и да се избришат. П.С. Ова го споделувам од лично искуство. И колку за информација нашите административци се толку стручни и подготвени за работата што втор месец поминува откако ги поднесов документите за промена на презиме и уште чекам тел.повик за го подигнам документот.Лице огрешено пред правдата побрзо ќе промени презиме отколку обичен граѓанин. Општо кажано, постапката не е до никаде иако постојано одам по шалтери( читај: немам врски) и најмалку може да се коментира дека лесно се преживува административниот лавиринт, особено во нашава државичка.
Ако нештото се случи еднаш, не мора да се случи и два пати. Но ако се случи втор пат, мора да се случи и трет пат. Зависи фразата за што се употребува,кај се употребува... Ако еднаш згрешиш не мора да згрешиш по втор пат. Ако втор пат згрешиш не мора и трет пат. Ако втор пат фатиш кладилница не мора да значи дека ќе фатиш и трет пат. Интересна тема
Лично се имам уверено во оваа изрека. Можеме да наброиме милион примери од општ карактер поентата е дека има голема врска. Се што правите дали добро или лошо секогаш по 100 пати ќе се деси истото. Пораката е јасна, најди ја грешката. Не се работи само за тие карактеристики иако најчесто играат голема улога. Има и други карактеристики кои имаат голема врска, но прво мора да бидеш уверена во тоа.