1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали постои „среќа“ (luck)?

Дискусија во 'Психологија' започната од Briar Rose, 3 декември 2017.

?

Дали верувате во "среќа"?

  1. Да

    100 глас(а)
    79,4%
  2. Не

    26 глас(а)
    20,6%
  1. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Поттикната сум да ја отворам оваа тема поради тоа што јас често не се сложувам со мислењето на другите и лично сметам дека " среќа " (luck) не постои во реалниот свет, или барем не се дефинира и не функционира на таков начин.

    Причината поради која луѓето веруваат во среќа е бидејќи во културата ги сфаќаат одредените нешта како "среќни" или "несреќни" и нештата и околностите кои се случуваат околу нив ( без разлика дали се добри или лоши) ги припишуваат на објаснувањата како верата или суеверието.
    На пример, античките римјани верувале во олицетворие на среќата позната како божицата Фортуна.

    Според мене, "не/среќа" не постои, туку тоа е само статистичка веројатност или шанса (случајност) да се случат одредени работи во зависност од околностите што се случуваат околу нас или надвор од нашето поблиско опкружување каде немаме влијание врз нештата.

    Исто така моето размислување е поткрепено од улогата на шансата или " среќата " во науката ги опфаќа сите начини на кои неочекуваните откритија се направени.

    Многу домени, особено психологијата, се загрижени за начинот на кој не само луѓето, туку и науката особено ја толкуваат случајноста на случувањето на нештата.

    Поради нерационално и нелогичко толкување на среќата, луѓето ги создале и среќните симболи во кои веруваат дека ќе им донесат среќа и денес.
    Некои од овие среќни симболи се потковицата, зајачката нога, четирилисната детелинка, ловецот на соништа, оџачар, бубамара итн.

    Дали вие ги препишувате настаните кои ви се случуваат врз објаснувања како не/среќа, вера и суеверие или врз база на статистичка веројатност?
     
    На Dentina, BoneMachine, Dark artist и 4 други им се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.597
    Допаѓања:
    155.810
    Пол:
    Женски
    Во зборот среќа верувам, ама во смисла да се биди среќен, да се постигни среќа, хармонија, ама не да се случи нешто од среќа, верување, суеверие, на слепо.
     
    На crazylady, Ginger^, AliciaSilver и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам за одговорот @theowndemon :)
    Секако дека зборот среќа постои но интересно е како луѓето го толкуваат овој збор, односно начинот на неговото функционирање.
    Мислам дека ова зависи од психолошкото убедување и сфаќање кое човекот го развива со текот на времето.

    Не можам да речам дека некои луѓе имале среќа а други луѓе немаат среќа во животот. Бидејќи суеверието и верата не можат да ги дефинираат околностите во кои си се родил и како се одвиваат работите околу тебе.

    Да, можеби и самите ние имаме влијание на одредени нешта ама самиот фактор на среќа (статистичката веројатност) едноставно не ги објаснува настаните на рационален начин, барем според мене.
     
    На theowndemon и Asistentkа им се допаѓа ова.
  4. Asistentkа

    Asistentkа Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2017
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    4.540
    Пол:
    Женски
    Не верувам во среќа/несреќа и најмногу ми оди на нерви кога некој сака да ме утеши кога ми е извршена неправда дека таква ми е среќата. Која среќа бре луѓе? Празни изговори само да се лаже и теши рајата со нешто.
     
    На Dashing:) и Briar Rose им се допаѓа ова.
  5. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со тебе главно поради фактот што настаните кои ми се случуваат во животот не ги објаснувам преку некое суеверие туку врз база на статистичка веројатност.

    Кога луѓето се во очекување, тие се фокусирани само на она кое сакаат да им се случи но не и на другите можности.
    Мислам дека кај некои луѓе недостасува размислувањето дека кога се очекува нешто, не е можно да има само едно дејство или последица (она кое го посакуваме) туку и разни други веројатности кои не се во согласност со нашите надежи.
     
    На Asistentkа му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    30.999
    Пол:
    Женски
    Сметам дека среќата всушност го означува тој склоп на околности благодарение на кои ни е убаво. Понекогаш таа среќа си зависи и од самите нас и од патот по кој самостојно одлучуваме да тргнеме. Баш една колешка од факултет знаеше да рече дека не учела воопшто ама ќе одела на среќа на испит. Нема тука среќа, седни, научи и голема е веројатноста да го постигнеш саканиот резултат.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.584
    Пол:
    Женски
    Нема среќа, има заслуга. Тоа што го нарекуваме среќа или несреќа е само резултат на нашето однесување, нашите дела, нашиот труд.
     
    На Natural91, gjoker4e и Briar Rose им се допаѓа ова.
  8. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @Zaljubena26
    настаните кои ни се случуваат можат или да зависат или да не зависат од нас.
    Случајот кој ти го наведе со твојата колешка е типичен пример дека во тие моменти можеме да ја земеме среќата во свои раце, односно ако сакаме да добиеме добра оценка ќе треба да научиме. Но доколку не сме заинтересирани за нашата оценка, но сепак сакаме да добиеме позитивен резултат, тогаш се потпираме на среќата која не е ништо друго освен потврдување на веројатноста дека ќе ги заокружиме точните одговори.
    Овде секако влијае и крајниот резултат што јас лично го сметам за многу дволичен.
    Доколку некој ваков студент кој не се подготвил за испитот а добил добра оценка, ќе почне да вели дека имал среќа, додека ако добие лоша оценка која реално и ја заслужува, ќе почне да зборува дека немал среќа на испитот што е навистина апсурдно да се каже бидејќи резултатот на испитот целосно не зависи од прашањата, туку од нашата подготвеност.
     
    На kikkki и Zaljubena26 им се допаѓа ова.
  9. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Ми се допаѓа оваа дефиниција! Точна и прецизна, целосно опфаќајќи го она што сакам да го доловам. :D
     
    На kikkki, hermosa и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  10. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.685
    Допаѓања:
    19.061
    Пол:
    Женски
    Јас не верувам во срека , јас верувам само во упорност 8)
     
    На Briar Rose и EraBon им се допаѓа ова.
  11. EraBon

    EraBon Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    595
    Исто.
     
    На Briar Rose и Justicija им се допаѓа ова.
  12. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Како тоа "дали постои", секако дека постои, но проблемот е што човекот е битие чудно, сака сите ствари да ги претстави како свој успех, свој труд, никогаш никој нема да каже "имав среќа" после некаков позитивен исход (освен менаџерот на Арсенал ама тој и онака е вонземјанин ваљда) сите сакаат другите да не доживеат како мешавина на Павле Корчагин од Како се калеше челикот и Жан Валжан од Клетници, или нивните современи филмски пандани, дека сме ги совладале пречките без факторот среќа, колку сме јаки, тоа делува феноменално на самодоверба и билда его

    И без факторот помош, секако.
    И тоа не смее да се помисли да се признае, прво себеси па скраја на другите.

    Нормално, за да факторот среќа биде присутен, треба и да се направи нешто, за да се добие на лото мора да се купи ливче, за да се постигне гол, макар во последна минута, макар со одбиена од газот на противнички играч - мора да се излезе на терен, да се игра, да се шутира.:party:
     
    На Carissa, crazylady, Lianna Anna и 2 други им се допаѓа ова.
  13. I I

    I I Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2016
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    625
    Пол:
    Машки
    За разлика од вие кои не верувате во среќа, таа несомнено постои. Некои е среќен и кога има покрив над глава и има што да јаде, некои луѓе возат на пример BMW, сакаат да имаат порше, имаат трособен стан а завидуваат на соседот кој има двоспратна куќа. Ваквите луѓе не можат да ја искусат среќата колку и таа да работи за нив.
     
    На kikkki, ♡BuBaLe♡ и Briar Rose им се допаѓа ова.
  14. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Особено децата кои ги согорувале во конц-логори, се` тоа било нивна заслуга, каква несреќа, погрешно место, погрешно време, фрка на историјата, ма какви.
    Или денешните во Конго кои умираат за да некој може да куца тешки глупости и општи фразички и да кликне "испрати" после.

    Веројатно многу луѓе избрале да се родат во Руанда. Затоа и се родиле таму.
    Или во РМ, кога сме веќе кај тоа.
    Други пак имаат големи заслуги што се родиле со наследни проблеми. Тие ги бирале претците кои се пареле со такви гени.
     
    На the.vampire.girl, ♡BuBaLe♡, Asparagus и 2 други им се допаѓа ова.
  15. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.837
    Допаѓања:
    21.529
    Ова ти е буквално дефиниција за среќа. [​IMG]

    Едно е среќа, а сосема друго се вера и суеверие. Три различни работи.

    А каква врска имаат трудот,заслугата и упорноста ако утре излезеш од дома, чекориш по тротоар низ маало и некој извади пиштол и те убие?
    Или пак, рендом запознаваш некој и испаѓа личноста со која ќе останеш до крајот на животот? Да, ти си го направил изборот, но си имал среќа да ја запознаеш токму таа личност.
    Или пак, рендом наоѓаш пари на земја. Туѓото невнимание е твоја среќа, во тој случај.
     
    На Briar Rose и Someonespecial им се допаѓа ова.
  16. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Така само се вели при случајна околност од која имаш корист.
     
    На Bender Rodriguez и Briar Rose им се допаѓа ова.
  17. Asistentkа

    Asistentkа Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2017
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    4.540
    Пол:
    Женски
    Ахам и сето ова што го наброја е заслуга на индивудуланата среќа или технички несреќа?Мхм...да.:^):lol:
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Можеби среќа/баксуз се прилично површни поими и како такви се тригер за отфрлање како вистина кај целосни скептици... Еве да речеме случајност, или пак сплет на околности.
    И јас се сметам по филозофските сфаќања и ставови за доста рационална личност и скептик во многу погледи, не верувам во астрологии, магии, суеверија и слични објаснувања и оправдувања на животните ситуации, но не се согласувам дека буквално сѐ зависи од нас, уште помалку дека сѐ се случува по заслуга, се враќа, се плаќа и сл.
    На секој чекор во секојдневието има ситуации со луѓе што добиле моментално или добиваат повеќе или помалку од тоа што ,,заслужуваат“ од животот поради сплет на околности, кои ете во разговорен јазик може да се наречат ,,среќа“. Така што да, според мене постои :)
     
    На mynameislove, Ketchup, crazylady и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Знам дека среќата, верата и суеверието се различни работи но сакам да кажам дека луѓето ги поврзуваат при појавата на одреден настан или последица иако тоа не функционира на таков начин.

    За да се случи одредено дејство, не сме доволни само ние како фактори, туку и другите луѓе кои не секогаш носат одлуки во наша полза.
    Не секогаш трудот, заслугата и упорноста влијаат на случувањата околу нас.

    Кога ние излегуваме на улица, нормално е да одминуваме луѓе кои имаат различен карактер и намери. Така, не зависи само до нашата одлука и ризик да излеземе на улица, туку и мотивираноста на убиецот да ги убива жртвите кои му се достапни во тој момент.

    Реалноста е дека во текот на нашите животи ќе имаме можност да се среќаваме со различни луѓе но наша одлука е дали ќе остваруваме контакт со нив понатаму, секако зависно од нашиот карактер.
    Голема веројатност е кога се запознаваш со одредено лице, да се случи да имаш хемиска реакција на хормоните која се случува во умот, а тоа всушност останатите луѓе го нарекуваат " љубов ". Тоа јас не го нарекувам среќа туку обид на мајката природа да пронајдеш партнер со кој ќе се размножуваш за да продолжи векот на човековиот вид и да се забави процесот на еволуцијата.

    Ние не можеме да знаеме што прават луѓето кои се движеле на улица пред нас, но кога една личност со себе носи пари, постојат повеќе веројатности за тоа што може да се случи со нив. Така, ако на некој човек му паднале парите а тој не видел поради нефокусираност, расеаност, брзање итн. тогаш тоа дејство содејствува со статистичката веројатност ние да ги видиме парите и да ги земеме.
     
  20. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.837
    Допаѓања:
    21.529
    Без разлика како ќе се решиш да изгреагираш откако ќе ти се посреќи, останува на тоа дека баш ти си ја имал среќата да ти се случи одредена работа која ти самиот не си ја предизвикал. Ете на пример, зошто баш ти си налетал на купче пари на земја, а не некој друг? Зошто ти си имал среќа. И обратно кога се случуваат негативни работи кои ти самиот не си ги предизвикал. Но на крајот, се' се случува со причина.