1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали постои „среќа“ (luck)?

Дискусија во 'Психологија' започната од Briar Rose, 3 декември 2017.

?

Дали верувате во "среќа"?

  1. Да

    100 глас(а)
    79,4%
  2. Не

    26 глас(а)
    20,6%
  1. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Секако дека во овие настани луѓето немаат влијание но и покрај тоа тие во текот на својот живот ќе се среќаваат со настани кои се последица на сосема друга статистичка веројатност.
    Последните примери се практично невозможни но овие луѓе настануваат како последицата од одредена статистичка веројатност која се случила во минатото. Бидејќи имало избори луѓето да одлучат да се преселат од РМ или одлуката луѓето со проблеми да не се разможуваат со здрави луѓе...
     
  2. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со тебе дека се се случува со причина, но тие дејства понекогаш зависат и понекогаш не зависат од нашите одлуки кои ги донесуваме иако за дејствата кои зависат од нас, имаме веројатност да бираме различни одлуки.

    Фактот дека ние сме пронашле пари на земјата зависи од нашата одлука да излеземе на улица, времето кога сме излегле, фокусираноста на нашето внимание. Овие одлуки зависат од нас и тие не содејствувале со туѓите одлуки на негативен начин за нас.
    Причината поради која некој друг (зборувам за било кој друг) не ги пронашол парите е поради тоа што се одлучил да не излегува од дома, или да не оди по истата улица со тебе, или времето во кое излегол било подоцна од твоето време на излегување, или од едноставната причина на волја дека не сака да зема туѓи пари на улица.
     
  3. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.837
    Допаѓања:
    21.529
    Токму во тие моменти кога нештата што ни се случуваат, а не зависат од нашите одлуки станува збор за имање или немање среќа.

    Наша е одлуката да излеземе на улица, но не е наша да најдеме пари на земја. Тоа што случајно си налетал на паднати пари значи дека во тој момент си имал среќа.


    Те сфаќам што сакаш да кажеш, секој избор во животот што го правиме не' носи до одредени ситуации (кои се и под влијание на моментално имање среќа за одредени исходи). Во принцип тоа што ти го објаснуваш е некој начин судбина. Со секоја одлука што ја правиме, имаме (најчесто) повеќе опции за бирање. Секоја опција носи различен исход. Зависно од тоа која опција ќе ја избереме, бираме одреден пат на насока кон која нашиот живот ќе продолжи да се движи. Но, во оној момент кога туѓ направен избор влијае врз нас против наша волја, значи дека сме имале или немале среќа. Бидејќи било туѓ избор, не наш.
     
    На Lianna Anna, Someonespecial и Briar Rose им се допаѓа ова.
  4. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @MissChievous интересно е како ти ги дефинираш дејствата кои не зависат од нас, односно туѓите одлуки како среќа, а јас како содејтсвување или несодејствување со одлуките кои зависат од нас :D

    Иако некој нема целосно исто размислување како мене, сепак мило ми е што постојат разлики бидејќи така се разбива монотонијата, се спречува луѓето да станат истомислени роботи и да го изгубат сопственото јас.

    Претпоставувам дека секој има сопствена дефиниција и објаснувања за нештата кои се случуваат околу него.
    Инаку, последниот дел ти е многу убаво напишан ;)
     
    На Someonespecial и MissChievous им се допаѓа ова.
  5. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Не постои ИНДИ-ВУДУ-ЛАНАТА, што е тоа, отров за кучиња нели беше Ланате или така нешто, значи ми пишуваш за индиски отров за кучиња кој го користат во Вуду ритуали?! WOW!
    И сеа коју поруку послати?
    Може дека индивидуалната среќа или несреќа е често дел од масовната...

    Па зависи, овде во неколку генерации се сменија еден куп држави, уредувања, економски системи, војни, срања и секакви мизерии, требало некој предок на рандом особа да се пресели за да се избегнел таков след на околности каде особата која допрва требало да се роди надвор од РМ, но тогаш што ако не се сретнел со другата страна на равенката, другиот родител на челадта и таа не се ни раѓа?!
    :worried:
    Статистички е многу веројатно дека на одредени географски широчини популацијата ќе живее лошо до крајот на светот :)
     
    На theowndemon, Lianna Anna, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Си искористил убави примери овде но мислам дека во овие ситуации доаѓа до израз неценењето на она кое веќе го имаш.

    Среќата луѓето ја сфаќаат како добри случувања во текот на нивниот живот но во овој случај колку и статистичките веројатности да одат во твоја полза, сепак незадоволството е присутно во умот.

    Во право си за овие работи но главната цел на темата е да се дискутира како луѓето ги дефинираат добрите, односно лошите случувања околу нив - дали тоа го нарекуваат не/среќа или статистичка веројатност.

    Инаку и човек на кому работите му одат во негова полза може да почувствува благодарност за тоа.
     
  7. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Да, во главно си во право и го потврдуваш она кое сакав да го објаснам. И се согласувам дека навистина е страшно кога ќе подразмислиме дека се зависи како ќе ни испадне животот базиран врз избирање на една од повеќето статистички веројатности што всушност ги сочинуваат претходните одлуки на нашите предци.
    Сепак, ништо и не е изгубено бидејќи без разлика во каква средина и да се родиш, од тебе зависи кои чекори ќе ги превземаш понатаму во иднината.
     
    На Asistentkа му/ѝ се допаѓа ова.
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Ме замисли.
    Јас не го дефинирам зборот среќа како верување или неверување.
    Туку како дејствие кое се случува во моментот а трае со денови.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Па од дејствието зависи дали неговиот ефект е краткорочен или долгорочен ... :)
     
  10. Asistentkа

    Asistentkа Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2017
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    4.540
    Пол:
    Женски
    Се фати за една буква(facepalm).Буквалистичност и тенчење-цепидлачење го вбројувам во тешка несреќа. Ама среќа другиве сите што разбраа дека не пишувам за отрови или што год ти да опиша дека сум пишала:D.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Среќата дефинитивно постои, ако под „среќа“ ја подразбираме статистичката (не)веројатност одреден настан да се случи во одредено време. Статистички гледано, неминовно е дека на одредени луѓе ќе им се случуваат убави ствари почесто во однос на другите; и за овие луѓе обично се вели дека „имаат среќа“. Обратното важи за оние кои немаат среќа.

    Поимот за „среќа“ сам по себе не е воопшто проблематичен; проблематично е човечкото толкување на истата. Лошо е кога човек ќе интерпретира низа на среќни околности и случајности кои биле во негова полза како сопствена заслуга, уште полошо е кога низа на несреќни околности ќе ја користи како изговор за сите свои неуспеси, правдајќи се дека нема среќа у животот.

    Проблематични се и обидите на човекот да ги рационализира случајните и произволни настани кои на некој начин влијаат врз него, а се целосно надвор од негова контрола. Пример за ова е фамозната Фортуна, божица која ја измислиле римјаните со цел да ѝ се молат за среќа во некој потфат.

    Самата молитва за некоја ствар која на ниеден начин не зависи од нас на човекот му дава лажно чувство на контрола врз исходот на ситуацијата – ако работата се случи во негова корист, значи молитвата била успешна. Ако не – па, изговори секогаш има на претек – можеби не се молел доволно силно, можеби не го заслужил тоа што го барал, а можеби сегашниот исход е всушност во негова полза, иако не бил посакуваниот.

    У секој случај, очигледно е дека дури и чувство на лажна контрола е подобро од чувство на немоќ и беспомошност.

    Сепак, у животот се побројни работите кои зависат од нас од оние кои не зависат, па така, човекот е креатор на сопствената среќа. Ама таа среќа се базира на дејствување и работа – од посакување желби, молитви, позитивни мисли, афирмации и вибрации, сами по себе, многу аир нема. :)
     
    На BoneMachine, theowndemon, Ketchup и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @Asistentkа што е ова што прочитав сега? :lol:
    Од каде се појавија вуду отрови на мојава тема ... Да не пропуштив нешто :wasntme:
     
    На BoneMachine и Asistentkа им се допаѓа ова.
  13. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @Bender Rodriguez ти благодарам многу за твојот одговор :)
    Навистина се сложувам со се што си напишал.

    Причината поради која ја поврзувам среќата со верата и суеверието е бидејќи таа настанала во времето кога луѓето почнале да веруваат во божества.

    Имено, човекот им се обраќал на духовите и ги молел да исполнат некоја негова желба, како на пример: да заврне дожд, да огрее сонце, да биде родна годината.
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Asistentkа

    Asistentkа Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2017
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    4.540
    Пол:
    Женски
    Што да ти пишам да не се расплачам од смеење?:rofl:
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Па да не бидам off topic во сопствената тема ама навистина ми дојде чудно ова ... Отров нема никаква поврзаност со постоењето и дефиницијата за среќа
     
  16. Asistentkа

    Asistentkа Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2017
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    4.540
    Пол:
    Женски
    Печатна грешка ништо намерно.:wasntme:;)
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Е ајде така нека биде ... Ќе ви прогледам низ прсти овојпат (бидејќи не сум лектор) :P
     
    На Asistentkа му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.581
    Пол:
    Женски
    Има објаснување и за ова ама за тебе не ми се троши време. Ќе научиш еден ден.
     
  19. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    @Briar Rose Роузи, имањето среќа е баш едноставен поим за она што ти го објаснуваш попрагматично и математички, како што ти рече @MissChievous :D
    За сѐ треба некаква акција, точно, за да најдеш рандом пари на улица треба прво ти да излезеш и второ некој да ги заборави, ама вклопувањето на тие два настани е тој елемент, и така добиваш без влијание на никаков сопствен вложен труд, без разлика на тоа колку заслужуваш како личност и сл. :) Исто е и со игрите на среќа, со разни трагични незгоди или пак среќно избегнување на истите.

    Сум приметила кај луѓето што се децидни во тврдењето оти не постојат воопшто случајности во долгорочна смисла, (не)среќни околности и такви појави како погрешно место/време, дека многу од нив делат една од следниве две дополнителни карактеристики.
    Или се големи верници што веруваат во натприродна сила која непогрешливо го контролира универзумот и донесува неприкосновена правда во цел свет, па светот во целина веруваат дека функционира во апсолутна правда, сѐ е заслуга, казна и лекција и сѐ има свое објаснување и оправдување.
    Или пак, се личности со (малку отповеќе) изразена амбициозност кои самите успеале да постигнат поголеми цели кои ги зацртале, па сега се убедени дека нема оправдување за ничиј туѓ неуспех и недостаток на напредок, дека секој што не успева да достигнува високи цели како нив е мрзлив и сам си е виновен, не постојат никакви пречки, системот никогаш не може да биде виновен итн итн.
    (малце забегав со филозофирање, и ти се надоврзав бидејќи не можам повеќе да се согласам со тебе по овие прашања и во други слични поенти и дискусии :D)
     
    На theowndemon, Bridget, Црна Ружа и 2 други им се допаѓа ова.
  20. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Среќата постои за тој што постојано ја бара и сака да ја види. А оној кој не сака и пред нос да му биде сепак е џабе, повторно ќе каже дека немал среќа. Во глобала.
     
    На Mumoftwo30 и Briar Rose им се допаѓа ова.