Дали во својот живот ги почитувате и прифаќате тиѓите мислења, и мислењата на своите најблиски, или си мислите дека се знаете и дека вашиот збор е закон...
Го почитувам туѓото мислење, впрочем секој има право на свое мислење, без разлика дали е точно или не. Почитувам ама не значи и дека секогаш го прифаќам.
се согласувам со погоре наведениот пост, го почитувам туѓото мислење, но не секогаш го прифаќам. значи се потпирам и го земам во предвид она мислење кое мислам дека е во ред, и има реална содржина, и е клучот на решението.
Секој си има свој начин на мислење и своја теорија за истото, не можеме ние на некој да му наметнеме свое мислење и не смееме да се лутиме зошто секој човек си е посебен и не може да размислува исто како останатите. И да го почитувам туѓото мислење но не секогаш го прифаќам ( горенаведеното во постот на маца.81). Секако ако е совет кој што ќе ми се допадне и ќе ми биде погоден прифаќам
Почитувам туѓи мислења,доколку сметам дека е правилно мислењето и искрено, знам да прифатам,но не секогаш,мислењето на своите најблиски исто го почитувам и го прифаќам,бидејки тие ми мислат најдобро отколку другите.Па на прашањето дали мислам дека се знам,искрено мислам дека незнам
Се сложувам дека секој си има право на мислење, наше е дали ќе го прифатиме или не. Ама нема зошто да не го почитуваме.
Јас ги почитувам мислењата на најблиските, особено кога се поврзани со некоја моја постапка или однесување, и многу често ги прифаќам. Имам доверба во нив, а често знам да бидам субјективна, и да не видам нешто што ми е пред очи. Затоа многу ценам искрени и добронамерни мислења. Почитувам и мислења на колеги, соработници и слично. Никогаш не настапувам со став дека сум апсолутно во право, секогаш се трудам да испитам да е сум занемарила некој аспект, макар и да сум сигурна дека сум во право.
Почитувам мислење, без разлика дали ќе ми се допаѓа тоа што го слушам, јас ќе го ислушам човекот до крај, па после ќе му кажам дали се согласувам со него или не. Значи битно е дека со тоа што сум го ислушала, јас сум го испочитувала, а дали ќе прифатам или не, тоа си е мое. Битно ми е мислењето на моите блиски, семејството и поблиските другарки, а за другите мислења баш и не ме интересира многу. Ако се работи за одлука што ми влијае само на мене, тогаш се водам од моето мислење.
Се согласувам со Вери. И јас така постапувам.Го почитувам туѓото мислење и секогаш ислушувам до крај, а не значи дека секогаш го усвојувам како мое. Секој си има право на свое мислење, почитувам кога ќе ми префрлат за нешто или кога ќе ми дадат совет, меѓутоа мое си е дали ќе го прифатам истото или не. До душа не можеме сите да бидеме истомисленици, и да гледаме исто на работите. Важно е да знаеме да се почитуваме и ислушаме
Една од најголемите човечки доблести е да умееш да го сослушаш соговорникот,и да не ти биде тешко да го прифатиш фактот дека некој има поинакво мислење од твоето. Сакам изнесувања на ставови,дискутирање,а не убедувања дека некој е совршен и неговото мислење мора да се прифати Да почитувам туѓи мислења но не ги прифаќам секогаш.Секој си има право на свое мислење ...
ako znam deka e covek so iskustvo i plus mi e blizok,i ako jas mu pobaram mislenje i toa kako go pocituvam,no cestopati mnogu mi se dopagjaat i pocituvam mislenja na lugje koi edvaj gi poznavam. imam drugarka koja em bara mislenje,em ako ne i se svigja i ako e razlicno od nejzinoto e luta,pa posle ne ti ni kazuva na pr kakva odluka donela.e toa ne go podnesuvam i tesko deka takvite ke uspeat nesto vo zivotot
Јас почитувам туѓи мислења, но ретко (да не кажам НИКОГАШ) ги прифаќам . Ќе ги исслушам ако се понудат сами и имаат нешто да ми кажат, но на крајот секогаш пресекувам како што сум намислила. Дури и да згрешам, си знам дека грешката е само МОЈА, и нема да барам вина во некој друг. Секој треба да си одлучува за себе. Да се слушнат мислења ДА, да се прифаќаат е нешто сосема друго.
Сечие мислење ислушувам и мислам дека сечиј предлог за што било треба да се обмисли, бидејќи многу пати некој од страна што не гледа субјективно на работите ќе ти даде корисен совет. Знам секого да ислушам, никогаш не тврдам дека јас сум 100% за се во право, го размислувам тоа што ќе ми биде кажано (посебно ако е од мои блиски што ми мислат добро), а на крајот си формирам мој конечен став за "проблемот".
Секако дека го почитувам туѓото мислење,посебно ако е од некој кој има многу поголемо животно искуство од моето.Не сум само јас на овој свет,секако дека има луѓе кои се многу помудри од мене.Морам да го ислушам секое мислење пред да го донесам главното решение,но сепак на крајот сама одлучувам што ќе направам,а доколку згрешам (често знае да се случи и тоа,признавам),памтам дека сум згрешила и гледам да не паднам повторно на истата грешка.
Почитувам мислења и на постари, и на помлади од мене. Ислушувам до крај макар што имало и исклучоци ама оправдани. Сепак секој има различна гледна точка, не може сите да мислиме исто. е сега кога станува збор за прифаќање на истото, зависи. Не секогаш! Ама и не барам сите и секогаш да го прифатат она што јас ќе го кажам. Така ни јас не прифаќам од сите!
Почитувам да, и тоа ми е една од поголемите маани, премногу почитувам. Пре би го послушала другиот одколку самата себе
Почитувам се разбира, секој има право да мисли што му душа сака. И го прифаќам како такво, без разлика дали ќе се согласам или не.