Нормално дека почитувам туѓи мислења и настојувам постојано да се придржувам кон тоа. Ама не само што почитувам туку и им се восхитувам на туѓите мислења од причина што луѓето во последно време и многу ретко имаат свое мислење.... Многу лесно ги прифаќаат мислењата од околината и ги применуваат истите... Но не значи дека ако ги почитувам туѓите мислења дека и секогаш се сложувам со нив.
Да. Доколку се издржани и не ја рушат целата концепција на разговорот. Не сакам луѓе кои што немаат сопствено мислење. Кои што се придружуваат кон принципите на своите блиски, до нивните ставови кои што самите дозволуваат да им бидат наметнати. Често велам дека сакам квалитетни дискусии, а спротивставените мислења водат до тоа. Една од главните причини зошто ги почитувам.
Да, почитувам,секој си има право на тоа, форумов е за тоа,за дебата, животов ќе нема смисла ако сите бевме истомисленици. Но многу се нервирам, ако дадеш контра аргумент,едноставно си кажуваш дека ти не сметаш дека е та.....одма почнуваат препукувања,како едвај да се чека некој спротивно нешто да рече,почнуваат клевети,извртување на зборови,провоцирање,.....абе едноставно ако не се сложуваш со моето мислење издемантирај го, а не да се препукуваме со зборови дете,порасни,види се себе си,тебе сигурно животот ти е мед и млеко.Не треба вакви поими да се кажуваат,незнаете кого ќе погодите несакајќи во некоја болна точка. Затоа да не должам многу, почитувам туѓ став и мислење и ако демантирам,демантирам со аргументи или слични случки факти.
Многу ги почитувам туѓите мислења. Секогаш им давам можност на луѓето да се искажат. Не им упаднувам во збор и не се трудам да ги разубедувам. Секој има право на свое мислење. Си го кажувам моето и не настојувам сите околу мене да ми се истомисленици. Тоа е невозможно. Што се однесува до делењето совети, понекогаш прифаќам туѓи мислења, а понекогаш само ги ислушувам и си донесувам своја одлука. На другите секогаш сум расположена да дадам совет, но само кажувам свое мислење и толку. Не очекувам по секоја цена да биде прифатено. Секој има право сам да одлучува за себе. И многу ме нервираат личности кои ги наметнуваат своите мислења и мислат дека се најпаметни од сите. Не ги поднесувам таквите.
Моето почитување некогаш знаеше да прерасне и во слепо верување, одење по ќеф и губење на мојата личност и самодоверба. Во последно време работите на подобро се менуваат, секако секогаш има место да ги сослушам сите мислења, но не и да придадам енормно значење на истите (освен ако се работи за моите родители).
Да, ги почитувам и ги прифаќам туѓите мислења, ако јас сакам нешто, а некој друг нешто сосема друго - тоа си е негова работа, нема јас да го убедувам да го сака тоа што јас го сакам, негово право, негов избор!
Да. Секој има право на мислење и баш ми е драго кога некој ќе го потенцира тоа, дека има свој став за одредени нешта. Нормално дека ќе го почитувам неговото мислење, ако сакам тој да го почитува моето. Но, сепак има граница меѓу почитување и прифаќање.
Да, почитувам. Можеби не секое мислење, ама почитувам. Многу зависи од особата, начинот на кој е кажано... Многу пати во животот ни треба и друго мислење, неможе се да знаеме.
По правило треба да се почитува секое мислење, на другиот, па макар и да е сосема спротивно. Ќе додадам само почитувам силни ставови и издржани мислења, поткрепени со аргументи, а не само пазарски, чаршиски муабети.
Се разбира, да. Тоа што ретко моето а почитувано наместо изпревртувано во најнегтивното можнп си е друга приказна. Не би му го направила некому то што мене константно ми го прават... Се да се злоупотребувало, џабе чоек искреност си троши.
Ако тој човек го почитува моето,не гледам причина зошто да не го почитувам неговото. Но ако се противи,јас силно останувам до моето мислење и не го менам само заради тоа што тој не го почитувал.
Моето мислење ми е најважно, но голема поткрепа ми е туѓото макар да е лошо настроено Го почитувам секое мислење, какво и да е. Па секој различно размислува зар не?!
Само мислењата на луѓето што ги сакам и ме сакаат, бидејќи знам дека дури и да не се во право, не ми мислат ништо лошо со тоа што го имаат на ум.
Па го почитувам мислењето на другиот, но тоа не значи дека го прифаќам. Го прифаќам само кога мене ми се свиѓа и сметам дека е точно, односно дека е добро за мене. Секогаш ги почитувам мислењата на најблиските (кај другите луѓе можно е и да има исклучоци), но не секогаш го прифаќам иако доаѓа од најблискиот, затоа што ни они не се светци и не знаат се.