Ги почитувам и сваќам туѓите мислења.Секој од нас има право да мисли и прави она што сака и смета дека е правилно.Ако го почитувам човекот ќе почитувам и се што е поврзано со него.Но тоа НЕ секогаш значи дека дејствувам и размислувам исто како и тие.Обично гледам прво мене да ми изгледа на место па потоа другите што и како рекле..
Почитувај за да бидеш почитуван! Се трудам да ги почитувам секое мислење..но доколку не е точно секако дека ги игнорирам.. секој си има право на свое мислење..
Да ги почитувам. Секој има право за свое мислење, сеа дали ние ќе ги прифатиме или не сепак треба да го сослушаме и да го почитуваме.
Да. Ги почитувам туѓите мислења, иако не секогаш се согласувам со нив. Не сакам никој да ми наметнува свое мислење, ниту пак јас го наметнувам моето на другите. Секој има право на свое мислење.
Да,почитувам,кога ке слушнам добро ислење а и ке размислам дека се во право....го применувам,а ако не ми се бендиса,.....пак по мое,ама важно ке го ислушам сечие мислење.
Баш и не.. Секогаш гледам моето мислење да е правото и секогаш тоа да се почитува..Понекогаш си сметам самата на себе поради тоа,ама таква сум што да правам?
Почитувам туѓи мислења, но не секогаш ги прифаќам и применувам. Секој има право на свое мислење. Ако ми се допаднало кажаното мислење, веднаш го применувам. А ако не ми се допаднало мислењето едноставно го игнорирам.
И да и не. Некогаш почитувам, некогаш не. Меѓутоа настојувам да го почитувам, сметам дека секој си има право на свое мислење и мислењето на секој човек треба да биде почитувано. Не мора да биде прифатено и применувано, но почитувано секако. Ретко кога прифаќам нечиво мислење, освен ако стварно сметам дека е во право човекот и дека треба да постапам така како што он рекол. А уствари јас сум во право и кога грешам Хаха, шала на страна, си терам по свое секогаш бе.
Да, почитувам... Но, ако почитуваш туѓо мислење, не значи дека и се согласуваш со него. Доколку некој има различно мислење, ќе му дадам шанса да се изјасни, ама не значи дека ќе се согласам со него, јас ќе си терам по мое, тој по свое, нема да се збунам што не мисли како мене, туку ќе го почитувам... А, и не прифаќам често некои мислења, не дека мојот збор е закон, ама јас си терам по мое, едноставно секој си има право на свое мислење, па така и јас!