Зависи дали вреди, а степенот на вредноста од темата, што се тиче ценење да, но применување ретко, затоа што најчесто сум своеглава
Да секој си има право на свое мислење,ама јас секогаш си стојам на своето и сакам сите да мислат како мене Се на се своеглава сум
Не станува збор за своеглава или не. Да почитуваш туѓо мислење не значи да го смениш своето ! И да не бидам офф Да, почитувам туѓи мислења и очекувам и другите да го почитуваат моето
Почитувам дефинитивно. Секогаш и за се барам да чујам поише мислења иако најчесто се држам до она шо јас го мислам. Кога кажувам мое мислење, секогаш сум воздржана од убедување на другиот во истото само од причина шо највише мрзам коа некој тоа мене ми го праи :/
Ги почитувам, секако, иако знам некогаш да забегам.. Заштоо.. како би било кога некој моето мислење не го почутува!?
Да секогаш велам во ред е ако ти така мислиш (ама не се согласувам) .. Јас си имам свое мислење и другите не се согласуват со моите мислења секогаш. Зависи..
Секако дека почитувам, секој има право на свое мислење. Како би го почитувале моето ако јас не почитувам туѓо? Никогаш не сум пробувала да го наметнам моето мислење на некој и мразам кога некој ми го наметнува своето. Сепак, зависи од личноста.
Да секогаш почитувам други мислења особено кога постојат аргументи за тоа мислење( не почитувам само милсње од типот па сите така мислт а и јас) и барам моето да се почитува серазбира
Го почитувам туѓото мислење понекогаш и да не се во право ќе прифатам дека е така само за да не дојде до расправија кој е во право кој не. Пример од пред некој ден јас со завршени 4год хотелско -туристички техничар а и факултетов ми е поврзан со тоа. Бев кај дедо ми и убаво ме праша како може да резервира карти до германија преку интернет и јас убаво му објаснив а стрина ми која завршила економски ме убедуваше дека не е така каде и е логиката незнам ама ај нека биде како што кажа она.
Јас 95 % од времето ги почитувам туѓите мислења.А за тие 5% што недостигаат,тоа е делот кога сум тврдоглава и мислам дека знам се!Се разбира ги почитувам тие мислења кои што стварно вредат да бидат почитувани.
Секако дека ги почитувам, но тоа не значи и дека секогаш се сложувам со туѓите мислења. Секој си има право на свое мислење и мислам дека доколку некој цврсто си стои на своето колку и да се труди другиот да го разубеди, неможе. Тргнувам по мене, ако имам некој цврст став никој и никако не може да ме разубеди, затоа не ни се обидувам да се објаснувам со некој доколку има различно мислење од мене.