Pocituvam tugjo mislenje no sekako deka sakam i moeto mislenje da bide pocituvano od strana na drugite )
Iskreno, ne. Znam da procenam koga nekoj znae shto zboruva, koga nekoj se folira deka znae, a povekjeto se foliraat. Sfakjam deka sekoj ima potreba da se chue i negoviot glas, bez razlika kolkav kapacitet poseduva, ali denes koga ima kup ogranicheni faci sho mislat deka go popile siot pamet sho mozhe da postoi, ne bi da im otvaram teren da napinjaat. Teram po svoe, nitu prashuvam nekogo, nitu se drznuvam da solam pamet bez da me prashaat. Iskluchok se soveti od lugje koi navistina gi pochituvam i koi se nadminale sebe vo zhivotot, ali takvite se retki. Na drugo nishto ne udiram pechat.
Почитувам сечие мислење во смисла сакам секој да има можност да си го каже својот став но да прифатам некој друг да ми кажува како да се однесувам малку потешко. Јас пред се себеси се сметам за доволно паметна и возрасна да знам што е најдобро за мене а не некој друг да ми кажува што да правам. Ова ко кажувам не од причина што сум суетна, туку затоа што знам со каква леснотија даваме совети кога се работи за некој друг ама кога ние сме во таква ситуација е многу поинаку и затоа не прифаќам туѓо мислење.
Се случува нечие мислење да е толку добро што ќе ме замисли. Е тогаш навистина морам да го прифатам иако почесто моето мислење ми е поважно и поприфатливо. Всушност, зависи и за што и за каква област станува збор.
Го почитувам мислењето на секого, но тоа не значи дека го прифаќам или одобрувам по афтоматизам.. го почитувам како такво и како дел од секој човек, и затоа никогаш не би се дрзнала да осудувам и критикувам луѓе кои размислуваат и перципираат поинаку бидејки ниту сум и во кожа нити дел од нив ниту никоја за да им судам и да ги критикувам. Доволно сум совесна за да разберам дека ниту еден човек не се наоѓа на иста брановита должина и дека неговите гледишта и планови си се лично негови, баш затоа мразам да критикувам и оговарам луѓе.. некако и неможам да се справам со таква малограѓанштина, не ме додираат луѓето што прават околу мене. Во однос доколку сватам дека ми се наметнува и ме напнува нечие мислење и со тоа пробува да се вмеша во мојот личен живот тогаш реагирам мошне директно и искрено и се оддалечувам од такви луѓе кои се пред се самобендисани и веруваат дека се најмоќни за да "средат" нечиј живот.
Почитувам туѓо мислење, без разлика колку се коси тоа со моето мислење. Разликата на тоа како јас ќе изреагирам на тоа мислење е чистата поставеност на соговорникот. Не гледам причина нечие мислење да го сметам за неисправно само зошто е поразлично од моето, патем кој ми гарантира дека моето е точно? Ако се работи за факт, на пример, и имам цврсти докази дека моето е точно, веројатно ќе се обидам да објаснам, ама на крајот на денот секој ќе размислува онака како што му одговара. Се друго што вклучува лично мислење - дури и најидентичните мислења можеби ќе имаат само една различна точка и тоа е сосема во ред. Не е во ред да имаме исти мислења за се, сепак луѓе сме, и треба да ги почитуваме нашите различни мислења.
Зависи...Во повеќето случаии не..мразам кога некој ќе каже нешто а нема аргументи /тресе глупости..е како да почитувам такво мислење ?..не не не ..А на крај краева прашање е дали некој како прво го почитува и моето мислење,па за да јас му го почитувам неговото..
Почитувам. Не само што почитувам, туку ми се случувало и да дозволам нечие размислување да ми ја смени концепцијата за одредени работи за кои сум сметала дека никогаш нема да ја сменам. Но, само доколку објаснувањето зад тој став е логично и мудро. Почитувањето, барем за мене е еден вид на обврска, зашто сакала или не јас морам да ги почитувам туѓите ставови без разлика колку се тие погрешни или точни, но не значи дека по дифолт дека треба истите да ги прифатам. Тоа е своеволна одлука.
Под ова подразбирам другата страна да има силни аргументи. Доколку е така да. Не мислам дека едната страна секогаш е сосема во право. Најчесто и во двете има вистина. Прав ќе излези тој што ќе има повеќе да кажи.
Понаивната и претолерантна јас од пред неколку години би рекла категорично да во 100% од случаите, но сега... не баш. Почитувам туѓо мислење сè додека во истото нема дискриминација и омаловажување на друг и додека не се коси со фактите и логиката, особено ако е искажано од некој што нема доволно познавања и додатно со арогантен тон. Кога тие граници се преминати - не би рекла ни дека ги почитувам таквите мислења, не само што не ги прифаќам. Посебно за првиот тип, оние сериозно агресивните кон трети (групи) луѓе... со „почитување“ би била на некој начин соучесник во тоа, па не, фала
Многу е важно за која област се дискутира и секако моето познавање во поглед на проблематиката. Во повеќето случаи го почитувам туѓото мислење, но не мора тоа да значи дека се сложувам односно согласувам со нивниот став или мислење. Најмногу мразам кога некој по илјада пати ми го повторува неговото мислење, со цел да ме убеди дека тој е во право. Не сакам никого да убедувам да го смени мислењето и ставот и да го прифати моето мислење или став, ниту пак сакам некој да ми го наметнува неговото мислење со изговор дека тоа ми го кажува за мое добро.
Се мислам од прееска каде да го ставам, а многу е потребно на форумов Нареден пат кога некој со свои навредливи/агресивни/дискриминирачки ставови ќе ви се брани со „секој има право на свое мислење“, покажете му го ова. Philosophy got it right