Почитувам, но ако премногу се косат со моите ставови или ако се искажани на навредлив начин, може да влезам во жестока дискусија.
Почитувам туѓо мислење и кога не се согласувам со истото. Не толерирам доколку некој се обидува да ми го наметне своето мислење и тогаш може да дојде до конфликтна ситуација .
Па да, дури сум и во потрага на туѓи мислења, сакам да ги чујам. Никогаш не знаеш што можеш да научиш од друг.
Секој има право на мислење, ама тоа не значи дека треба сите мислења да ги почитувам. Имам почит кон сите луѓе и мислења, но само доколку не се со злобна намера. За мене секакво мислење почитувам. Но, доколку некој кажува навредливи зборови за мојата татковина, религија или моето семејство, таквите мислења и луѓе, нема што да ги почитувам.
Го почитувам туѓото мислење од едноставна причина што сакам и моето да биде сослушано и испочитувано.
За сите околу мене отприлика знам како размислуваат. Не барам мислење од оние што не размислуваат како мене. Најчесто кога барам мислење барам од некој што размислува приближно како мене и очекувам да слушнам нешто слично од она што сум замислила. Кога некој има различно мислење од моето го завршувам муабетот на таа тема,мислам дека нема потреба да се разговара за нешто за кое сме лето и зима. Ќе ислушам, ама ако не се согласувам , завршувам, бидејќи доколку се продолжи тоа преоѓа во убедување.
Сум добивала мислење како сум била глупача што работам требало да си седам дома да работел dм,од особа т.е комшивка ми беше која не фатила работа во животот, дојдена и таа у странство ако не и се купи тоа шо сака одма се жали на нејзините како не и купувал нејзиниот ништо за да го стави на стори.А сите шо сме у странство знаеме дека со една плата тука не бива плус имам добра професија нема причина да легачам дома. Последно коа се гледавме веќе пренапорна беше и еден ден ми пукна филмо и мене. Ја прашав како се осеќа додека таа легачи дома,се слика по цел ден на инста извинете на зборо да слика уште кога добила, а при тоа знае дека нејзиниот работи две работи и плус за викенди...Е тука малце ја заболе. Ова најмногу го мразам кога добивам мислење од особи што ги мрзи да дишат а не па друго. Нејзино мислење е дека таа била доста мудра си лежела дома а јас сум била глупача требало и јас така да си го средам животот. Кога ја залепив и јас на мој начин веќе прекина едноставно мое мислење е дека од моја страна е себично јас како крава да легачам а некој да работи две работи за мене. Одтогаш веќе не ми дала мислење за мојот живот т.е секако не сме веќе во тој град. Често пати и ќе преќутам но кога гледам дека особата намерно и без прекин дава мислења за мојот живот,тогаш и јас го давам моето. Почитувам други мислења да,но се во граници на нормала. Кога преминува во провокација тогаш реагирам.
Се додека е во границата на нормалното ќе го почитувам. Не сакам мислења од типот вака да прајш онака, вака требало така не требало. Такви труења и упикувања во туѓиот живот и корегирање за тоа како некој си живее и размислува, шо е и навредливо во некоја смисла а исто и давање мислења без некој да ги праша, а тие уште мелат, бог да чува од такви.
Ги почитувам туѓите мислења и ставови , но не кога ми ги наметнуваат . Лошо знам да се скарам со личноста која се обидува да ми ги наметне своите ставови .