Почитувам туѓо мислење зошто сакам и моето мислење да биде почитувано а и секој има право на свое мислење
Го почитувам и знам да го прифатам мислењето на луѓето кои ги почитува и ценам и оние кои знам дека ме почитуваат мене и моето мислење...
Почитувам..но и прифаќам, ако личноста е во право прифаќам, а ако мислам дека јас сум во право НЕ прифаќам па што сака нека е !!
секој си има право на мислење меѓутоа мој избор е дали тоа мислење ќе го прифатам. јас обично за се имам мои ставови ама ги почитувам и другите и никогаш не дозволувам некој да ми го наметне неговото мислење.
Секој има право на свое мислење и тоа е факт.Секако дека почитувам туѓи мислења но некогаш ако некој навистина не е во право се трудам да го разубедам
Секој ќе го ислушам што ќе каже но ако сметам дека сум во право нема да го прифатам неговото мислење.На пр. кога некоја сака демек да ми укаже штое добро за мене.Џабе зборува кога јас знам што е добро за мене и да не е пак ќе сум си во право
Само на мајка ми мислењето го почитувам. Се покажало секогаш кога почитувам туѓо, што не е мајка ми сум згрешила.
Го почитувам да , но тоа не значи дека секогаш го прифаќам.Се трудам секого да ислушам , а најмногу го ценам мислењето на луѓето кои ми значат Многу повеќе ги ценам оние кои ќе си го кажат своетo мислење за ситуацијата , за разлика од некој што ке ти каже ''ти си знаеш голема си''
Исто и јас. Почитувам мислење на најблиските, почитувам и мислење на некој не толку близок .. Но колку сметаш дека е искрено мислењето и колку ќе си го прифатиш тоа си е твое
Почитувам туѓо мислење посебно доколку тоа мислење ми е од некој близок(пријател, роднина, мајка...)доколку ми одговара...го прифаќам....а знам дека најблиски секогаш ти мислат најдобро...освен пријателите кој можат во секој момент да ти забодат нож во грбот....така да се зависи од мислењето и од неговото тежење колку е значајно тоа мислење за мене....
Секогаш ќе го ислушам што има да ми каже соговорникот, понекогаш и во она што мислиш дека нема врска со твојата ситуација може да испадне дека најмногу ќе ти помогне. Не знаеш каде и во чии зборови ќе ја најдеш утехата. Е сега ќе го слушнам мислењето на секој но дали ќе ми помогне и дали јас ќе го применам секако дека јас ќе си одлучам. И да некој рече дека само на мајката го почитува.. тоа е така.. знам дека секогаш кога не ја послушам зграшам, затоа и се двоумам во една работа што сега не знам како да излегнам на крај со неа. Но како и да е почитувам и туѓи мислења затоа што секој има право да се искаже а сега друго е дали на нас ке ни помогне со мислењето и дали ќе го примениме.. секако на крајот зависи од самите нас