ислушувам туѓо мислење, почитувам тоа што е кажано, меѓутоа не го прифаќам, односно секој има право да си каже што сака,а ако нешто не ме бендиса или мислам дека не е така не го прифаќам
Ислушувам и почитувам туѓо мислење, но ретко ги прифаќам. Речиси секогаш имам различни мислења со другите. Но никогаш не сум одбила да ислушам некого.
Почитувам,знам да исслушам,ама ретко т.е. никогаш не прифаќам.Си терам по мое,па и грешка да направам знам дека сама сум крива за тоа.
слушам туѓи мислења,а ги прифаќам само од одредени личности и најчесто си терам по мое и ако згрешнам,моја е грешката
Ги почитувам туѓите мислења,секој си има различни погледи и размислувања.Со другарките мошне често дебатираме за тоа кој какво мислење има за одреден работа,ок е тоа си е нечие мислење и не можеме некој да натераме поинаку да ги сваќа некои работи,незначи дека ако го почитувам некое мислење и дека ќе го прифатам.Можеби и јас имам погрешни мислења но сметам дека сум во право и никој неможе да ме разубеди поинаку да расмислувам.
Искрено кажано , не баш!....Можеби затоа што 90% од нив по некоја навика, се изкажани со доза на иронија, или нешто слично...
Почитувам и понекогаш ги применувам, се зависи од личноста од која сум го добила мислењето, начинот на нејзиното кажување и реалноста на мислењето
За себе сметам дека сум добар соговорник, секогаш го дослушувам мислењето на другиот. Ги почитувам мислењата , како што го почитувам и своето. Тоа не значи дека ќе го прифатам, дека ќе се сложам, а може и воопшто да не го негирам. Поубав е светот кога сите си имаме различни мислења и сфаќања- шаренило
Почитувам туѓи мислења, но не секогаш! Зошто? затоа што знам кога некој кажува нешто што тој самиот го мисли и затоа што си има аргументи за тоа, но ме нервира страшно кога некој само го прераскажува мислењето на некој што еднаш го имал, па сега овој цврсто е убеден дека тоа е точно! ако веќе имаш свое мислење кажи го тоа, а не некој друг што му текнало! секогаш го слушам другите, размислувам, прифаќам, но не би прифатила нешто за што знам дека не е така!
Секој си има право на свое мислење, па затоа најчесто туѓите мислења ги почитувам. Значи едно е дали ги почитувам, а друго е дали ги прифаќам. Ако мислењето е од некоја личност што ми е блиска или јас ја почитувам тогаш мислењето го земам во предвид. Ако пак мислењето е од личност што веќе неколку пати ме разочарала тогаш го следам принципот „ од едно уво во друго„.
Да,почитувам туѓи мислења.И не ги отфрлам рефлексно ако случајно не се поклопуваат со моето,како што многумина прават,туку напротив сакам да го разберам бидејќи ако не вреди да го прифатам може да ми открие нешто што сум превидела,некој пропуст да си согледам или пак во краен случај да ми помогне да си го поткрепам моето.Одамна ги надминав его триповите дека сум јас најпаметна,а другите појма немаат.И најголемата будала може да знае нешто кое ете јас не го знам,а можеби некој мисли пак дека јас сум најголемата будала.Затоа,многу глупо ми е да потценувам нечие мислење и премногу ми се одбивни луќе кои се со строго зациментирани ставови и нивните ограничени мозоци не се спопсобни да примат никаква информација,тоа го сметам за елементарен простотилук.Никој не се родил паметен,туку се станува паметен благодарение на туѓите мислења.Нормално дека не се прифаќа секаков совет или сугестија,но вреди да се слушне,а токму и вештината за селекција на туѓите мислења според вредноста се учи само преку слушање.
Почитувам туѓи мислења и некои и ги прифаќам,оние од ној руг на луѓе кои знам дека ми кажуваат за мое добро и за ои воопшто знам дека ми мислат добро.
Исто,прифаќам само ако е добро аргументирано и издржано. И тоа не веднаш туку си размислувам, се распрашувам, па дури тогаш постепено го модифицирам моето мислење.
секогаш почитувам туѓи мислења и често потпАЃАМ ПОД туѓи мислења,си ја мразам таа особина.....ама имам почит кон другите и можам веднаш да се сменам за тие на кои им сметам зошто ги сакам таквите мислења....
Да ги почитувам ипак неможам да бидам своеглава секогаш..Но секогаш го претпочитувам моето.. Ако оставиш секого да го слушаш со своите стории и факти тогаш каде си ти?? често пати ми се има дешено да речам Заврши ?-да-Ок фала
Ne sekogas,no ima periodi od zivotot koga imas potreba da slusnes poveke mislena...kako rekle DVE GLAVI PODOBRO RAZMISLUVAAT OD EDNA..go prifakam mislenjeto na drugite i gi prifakam bez lutina..dali stanuva sbor za kritika ili pofalba..no najdobro e koga covek sam donesuva odluki,taka ke nauci dlii zgresil ili ne..ovde mislenjeto na drugite mozam da go ispocituvam no ne i da go prifatam..