Да. Но само ако доаѓаат од некој кој што исто така и мене ме почитува,и знам дека ќе ми каже навистина што мисли,како стојат работите,да ми даде совет.. Од друг некој,никако. Секогаш сум спремна да ислушам некој,ако можам да помогнам,ако нема проблем,да се глупираме..Затоа и истото го барам од другите.. Но,некој да се обиде да ми соли памет,или да ми кажува прикаски,а јас не го ни прашала,БАТКА ГИТЛА!
Почитувам туѓи мислења, но не и сечии мислења. Знам да ислушам некој да го каже она што сака да го каже, но потоа сама расудувам дали би го прифатила кажаното и дали би го променила моето дотогашно мислење доколку туѓото е издржано. Не мислам дека човек никогаш не треба да го смени своето мислење и по цена да е погрешно, затоа што тоа би било одраз на тврдоглавост еднакво на удирање со главата во ѕид, што не е ниту за пофалба ниту одраз на силен карактер. Почитувам кога некој на смирен начин ќе се потруди да го искаже своето гледиште, но не почитувам кога туѓото мислење се наметнува, па макар и на суптилен начин. Луѓето што наметнуваат свои мислења, без разлика дали се издржани или не, не се способни да дискутираат затоа што во старт не ја сфатиле поентата на дискусијата, а тоа е размената на мислења со придржување кон одредени непишани бон-тон правила за дискутирање.
Почитувам, и тоа многу. Не сме родени сите исти, и ако има некој поинакво мислење од твоето незначи дека е изрод, или којзнае што. Строго сум против предрасуди и дискриминација! Не ретко ги смирувам другарките со разговор. Ако не може со разговор незнам со што може. И не ретко запаѓам во караници со тие „јаките“. (Малце оффтопик, ама простете ми.)
Од луѓе што ме почитуваат да, но од тие кои не ме почитуваат мислам и дека не заслужиле нивното мислење да биде почитувано од моја страна. Секогаш ги изслушувам луѓето, но таков човек сум да секогаш добро размислувам и самата доаѓам до решение, нема да го послушам туѓото мислење затоа што сметам дека само човекот кој го доживува тоа може да најде соодветно решение.
Секое мислење го почитувам,но тоа не значи дека ќе го прифатам или нема да се потрудам да го предомислам еве грубо да се изразам,наметнам.Јас сум жесток дискутант и сакам да го кажам она што го мислам,но сепак,сите размислувања го земам предвид и размислувам за нив(се разбира во зависност од муабетот,ко на пример кога другарка ми тврдеше дека снежка,а јас и викам меќава е,не припаѓа во категорија паѓа снег ),не ги земам као кој те шиша,или моето или ниедно.Сепак,ако во нешто сум убедена,не се случува да го променам ставот.
во принцип да почитувам секој има право да си каже што мисли ама не мора да значи дека ке го прифатам тоа мислење на крајот јас самата си решавам што ке биде.
Да, почитувам. Колку луѓе - толку вкусови - толку мислења. Нормално дека секој си ги гледа работите низ своја некоја субјективна призма, и не е возможно сите да се согласуваме во се. Затоа, почитувам кога некој ќе ми го произнесе спротивното мислење. У глобала мене не ме нервираат спротивни мислења, ме нервира пристапот, начинот на произнесување. Ако е арогантно, со голема доза на цинизам и гледање „из висине“, шмизл стил нели - ма иди бегај, ти на мене ќе ми кажеш и мавнување со раката, е само тоа знае да ме изнервира. Поточно само тогаш игнорирам и не правам муабет повеќе. Во спротивно многу сакам да дискутирам, конструктивно да разговарам, да аргументирам. Море обожавам да водам дебати на интересни теми со квалитетни соговорници Доколку во нешто сум 100% убедена, тешко некој да ме разубеди. Некогаш одам во крајност, барам и вадам докази, ги изнесувам на маса - поготово ако некој е тврдоглав во нешто што не му е проверено а ради реда ми го тврди спротивното Доколку навистина суштински грешам, немам проблем, откако на логичен начин ми е нешто објаснето да се насмевнам и да кажам - упс, извини, збуните завесу - спустио сам се
Почитувам туѓи мислења, иако признавам, поголем дел од нив неретко ми се гледаат чудни, глупави и смешно идиотски. Ама после си викам - чекај бре, не летај, може и твоите некому изгледаат чудни, глупави и смешно идиотски. И така се вртам во круг, ќе се понервирам некогаш, ќе подвикнам, но факт е дека на крајот од денот секој си останува со своето мислење. Ниту моето некој ќе ми го земе или промени, ниту па јас туѓото. А ако сакаме да глумиме цивилизиран свет, крајно време е да почнеме да ги сослушуваме луѓето, и да им ги вреднуваме мислењата, колку и да ни изгледаат - бесмислени.
Ги почитувам туѓите размислувања па колку и да се по различни од моите. Имало ситуации кога толку добри аргументи ми се посочени што веднаш знам да прифатам и да го променам своето размислување. НО има ситуации кога сум убедена дека моите размислувања се точни и кога ќе забележам дека спротивната страна настојува да го сменам моето размислување децизна сум и веднаш си кажувам дека немам таква намера и дека си стојам на своето. Е понекогаш тука се соочувам со тортури. Тортури во буквална смисла на зборот, светот да можат да го поместат ќе го поместат само да размислувам како нив. Тоа воопшто не ми се допаѓа, многу сум толерантна додека разговарам и истото го очекувам и од другите. Го почитувам секој кажан збор, очекувам иста доза на почит и од спротивната страна. Ова најчесто ми се случува кога разговарам со луѓе кои ми се уфрлаат во муабет и не ме ни дослушуваат. И луѓе кои додека јас разговарам тие не ме слушаат туку мислат што да ми кажат за да ме убедат во спротивното.
Добро рекол Волтер:-Господина јас воопшто не се согласувам со вашиот ства,но од се срце ќе се борам за вие да можете слободно да го прозинесете. Оваа мисла ме води во животот.Сакам кога има повеќе мислења.Само така се води интересна дискусија..Инаку,замислете си разговор кога вие само зборувате,а некој кимнува со главата,и нон-стоп повторува и јас така мислам. Тогаш и нема некој разговор.Нема некое дејство..Само монотон монолог!
Почитувам, но не секое го прифаќам. Секој има право на свое мислење, но и секој има право да го прифати она што сака и да го отфрли она што не му се допаѓа!
иииии срам да ми е изгледа само јас не секогаш ги почитувам туѓите мислења е тоа е да ми е жив инаетот, не џабе сум дупли јарец, ако влезам во дискусија(иако претежно ги одбегнувам-за мое добро ) не попуштам и не ги оставам да се доискажат луѓето, ама мразам кога мене ми го прават тоа (додуша само со една искомплексирана професока е така )
Умеам да почитувам туѓо мислење само за работи и области кои мене лично ми се непознати, и за кои во моментот не знам ништо. Но доколку сум убедена дека нешто е така, за да ме разубеди некој му требаат живци како на слон и секако да ми произнесе доста факти зошто тоа не е така. За дискутирање добро се снаоѓам затоа што скоро секогаш вешто умеам да го наметнам својот став иако понекогаш несвесно го правам тоа.
Почитувам туѓи мислења, секој си има право на свое мислење секако Но не ги прифаќам сите, сепак и јас си имам сопствено мислење.
почитувам туго мислење.колку и да мислиме дека сме во право,не секогаш сме во право.секој си има свој поглед,своја перспектива на гледање на работите,која ја формирал врз основа на своето животно искуство.да сме биле родени во некоја друга средина и растени на некој друг начин,сигурно ке сме имале поинакво гледање на некои работи.своето мислење,својот став треба да го браниме секако,и со претпоставки и со аргументи,мегутоа не и да го наметнуваме по секоја цена.човекот низ годините и ги менува своите мислења.ако пред неколку години нешто ни изгледало невозможно и несфатливо денес не е така.човек и вкусовите ги менува.еден глуп пример ке ви кажам кога излегоа сникерс чоколадите,пред повеке години,неможев да ги смислам,а денес ги обожавам јас сум од тие луге што лесно можат да се стават во туга кожа,и можам да го сватам соговорникот и неговите причини зошто размислува така,или зошто постапил така,иако неговото мислење е спротивно од моето.затоа не ги осудувам лугето. многу ме нервираат луге што не почитуваат туго мислење,што мислат дека се секогаш во право,и што ако нечие мислење не се совпага со нивното веднаш го дисквалификуваат како глупаво,како производ на болен ум.па не има разни на светов,ако сите размислувавме исто и на ист начин светов навистина би бил досаден нели.
Кога првиот пат некој ќе ми каже направи вака или онака, тоа не е добро или било што, прво што помислувам е "е како не .. што знае тој?" . Но потоа го прифаќам тоа мислење, критика или што и да е, бидејќи критиките ни ги даваат луѓето кои сакаат да ни помогнат и се грижат за нас. Сакам да кажам дека се со добра намера. Затоа сигурно можам да кажам дека пригаќам туѓи мислења.
Почитувам туѓи мислења но ретко кој го почитува моето па во негова одбрана се имам испокарано засекогаш со многу луѓе
Туѓото мислење го почитувам бидејќи знам дека секој различно мисли и секој со свои очи гледа на работите. Но тоа што туѓото мислење го почитувам не значи дека секогаш го прифаќам!