Многу почитувам и најмногу мразам да убедувам. Ме нервираат луѓе кои како демек имаат свое мислење, не се сигурни во него, и сакаат да ги убедувате. Исто не сакам кога некој ме убедува во нешто. За мене е доволно да си го каже своето мислење, а мое е дали јас се согласувам или не. Ич не сакам луѓе досадни и премногу самоуверени што мислат деа знаат се.
Бик смотан Значи многу се воздржувам и се трудам да почитувам сечие мислење, ама пусти инат не ми дава. Таков карактер и готово! Секогаш се извинувам поради ова
и дане се согласувам со сечие размислувње сепак го почитувам макар нека е и најспротивставено на моите и секогаш ислушувам до крај, многу ме интересира туѓото размислување.
Многу ми е поинтересно кога ќе слушнам туѓо мислење на одредена тема, различно од моето, отколку некој постојано да се согласува со мене и да нема определен став за нештата. Со таквите луѓе разговорот ми е монотон и понекогаш и немам желба за дискусија бидејќи знам како ќе заврши истата. Но во секој случај ценам туѓо мислење, ќе го прифатам само ако сметам дека е соодветно.
Секогаш се трудам да го почитувам туѓото мислење! Убаво да сослушам што има да каже другиот и да ги согледам фактите кои ги кажува! Се однесувам онака како што би сакала и другите да се однесуваат со мене! Се знае дека секој си има свое мислење! Па искрено и нема да е интересно да беше спротивниот случај!!! Но понекогаш знам навистина да се изнервирам, кога луѓето со кои зборувам не сакаат да ме сослушаат. Ми влегуваат во збор и одма почнуваат со напаѓање, со контрирање! Е тоа ме вади од контакт!!!! Тогаш знам да упатам неколку бесни погледи и јас да вратам во иста мера. Зашто тој да не може мене да ме сослуша што имам да кажам, па уште и почнува да ми вика со остар тон! Тоа стварнооо не можам да го поднесам! Секој си има ПРАВО на свое мислење, и секогаш треба да си го каже!!!
Почитувам туѓо мислење т. е знам да го ислушам соговорникот што е голем проблем денес. Но, тоа не значи и дека ќе го прифатам или ќе го убедувам да го прифати моето. Зависи од моментот на донесување на одлука-заклучок.
Го слушам за да го споредам со моето ама ако ми одговара го прифакам ако не докажувам дека јас сум во право
Радо ги слушам и читам туѓите мислења и ми се материјал да си го изградам сопственото. За работи, ситуации, настани за кои имам површински познавања и немам баш никакви искуства не се осмелувам да се контрам. Сигурно солењето памет и давање совети за љубовните проблеми на љубовницата на дечкото или сопругот или за неверството на другарката нема да биде мое автентично, ако излегло надвор од личното доживување а го цитирам или парафразирам од книга за психологија или рубрика во дневен весник. Кога ќе се најдам во дебати на спротиставењни мислења, се случува да молчам, не затоа што молчењето е злато или така ме научиле домашните, туку се претворам во уво за другите мислења, ме интересира што имаат прво тие да кажат, па си ја дозволувам слободата на произнесување а во случаи каде се испорасфрлувам со факти знам да бидам жесток соговорник во одбрана на моето мислење. Мислења кои водат во ќорсокак, кои не развиваат конструктивна дебата, а се со тон на урлање, исмејување, грубо наметнување или наметнуваат неповрзани теми кај што не можеш да им го најдеш логичниот почеток и крај или се кажани од некои самопрогласени авторитети, кои освен што ти се закануваат со опасноста од пукање на ушното тапанче, друго паметно не кажуваат, ги занемарувам од простата причина на сочувување на енергијата за убавите работи. Убаво е да се ислуша туѓото мислење, не со гард од старт дека ете не вреди, оти не дошло од тебе, во најмала рака помага во рушењето на аверзиите кон некои работи. И да, мавање чврги на некој со усул, а не затоа што ти се може или затоа што си станал на лева нога па ќе се испоплукаш на некој и победоносно ќе делуваш оти си појак во играта со зборови. Овде на форумот наидувам на мислења кои ми ја поттикнуваат мислата, имагинацијата и досетливоста, уживам да ги читам духовитите постови кои психички ме релаксираат а и преку мислењата се шират толку различни енергии (сталожени, култивирани, откачени, разјарени, лепршави) и знаат сите да се во право.
Нормално дека почитувам туѓи мислења но не значи дека секогаш ги практикувам... Доколку не ми одговараат фала на трудот, а доколку ми одговараат пак фала
Се трудам секогаш да го почитувам туѓото мислење и да го сослушам оној кој зборува со мене. Ако не се согласувам со мислењето не го премолчувам тоа но на никој не се обидувам со сила да му го наметнам моето мислење.
Доколку не почитував туѓи мислења немаше да бидам на форумов Почитувањето на туѓите мислења е едно од нештата според кое се водам во животот... многу често знам да завршам дискусија со зборовите ,,ти си знаеш најдобро/прави како што тебе ти одговара/не ме слушај мене, прави го тоа што ти го сакаш/тоа е мое мислење, не мора да е точно,, Ме нервираат луѓе кои не го почитуваат моето мислење, со тоа добивам впечаток дека не ме почитуваат ни мене... за жал, многу често наидувам на такви... според мене, тие луѓе се многу плитки во размислувањето и воопшто не се open-minded каков што треба да биде еден цивилизиран човек во денешницата едит : има голема разлика меѓу почитување и прифаќање на туѓо мислење
Бидејќи сум од луѓето кои умеат да слушаат, пред да почнат да говорат, а и како што вели Дози, не ќе бев на форумов, ако не слушав туѓи мислења, тогаш да, можам да кажам дека ги слушам туѓите мислења. Но, тоа што ги слушам, е различно од ГИ СЛУШАМ = дејствувам според нив. Дека ги ислушувам туѓите размисли е вистина, но не строго се придржувам до нив. Секое туѓо мислење го гледам како една од можните варијанти решенија за проблемот, за кој јас во моментот очигледно и немам решени, па токму затоа и чекам нечие туѓо мислење, што можеби и ќе ми даде некаква идеа, насока во најмала рака - ќе видам нешто во ситуацијата, а што не сум видела до тој момент. Но, јас лично, секогаш го правам она што го чувствувам, она што јас сметам дека треба да го направам. А, сум од луѓето кои се водат од моменталните чувства (претчувства всушност за работите), па ако до пред 5 минути сум мислела дека јас треба да работам нешто за што сите ми велеле дека треба да го работам, па дури и на мене тоа нешто ми се чинело како добра идеа, а во истата секунда, кога од мене се чекал одговор низ глава ми прелетала некоја друга мисла е тогаш, не бегам од неа, тоа и го правам. Moжеби и не треба така, кој знае всушност како треба да се живее, што треба да се прави, што е правилно, а што не и како едно нешто ќе излезе на крајот ако не ризикуваш и не пробаш да направиш нешто, а секогаш е подобро да направиш нешто отколку да ги оставиш работите така (макар што и оние работи што понекогаш сами од себе се развиваат, без вие да правите нешто многу често се и позитивни и убави, ама тоа ќе да е некоја ваша фина и убава судбина, некој од горе се грижел за вас ) . А, верувам дека дури и на форумов, макар што е анонимен, сепак, не секоја од вас кога раскажува за некој свој проблем го раскажува во целост (се што видела со своите очи, се што почувствувала (претчуствата), бидејќи пак ќе речам верувам дека, речиси секогаш останува нешто кое што си го чувате за самите себе си поради Х причини. А, можеби токму тоа нешто е пресудно за да некој ви даде и подобар одошто ви дал совет, или во најмала рака токму на него треба да обрнете внимание самите вие пред да одлучите. Во крајна сметка, вие сте директно инволвирани во проблемот, најдобро знаете да процените што е доброто за вас, а што не. Понекогаш (ма секогаш) и вреди да се ризикува, но треба да се биде подготвен и за последиците.